- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Здраво на сите. Се надевам се уште тука налетуваат луѓе шо се разбираат од овие работи и дека некој ќе ми одговори на прашањево.
Еден пријател потпишал договор на една година за изнајмување на стан. Договорот е заверен на нотар. Пријателот однапред си ги плаќа кириите, значи веќе му има платено и за месец јануар.
Пријателов сака да го раскине договорот, затоа што мора во март да патува во странство и не сака непотребно да плаќа уште половина година во стан во кој што нема да седи.
Арно ама договорот е незгодно направен затоа што во него има ставка која вели дека договорот се раскинува еднострано и тоа само од страна на газдата. Пријателов му рекол на газдава дека мора да напушти, а овој му се заканува дека ќе го тужи.
Уште една битна работа е што пријателов му ги плаќа парите на рака, без никаква сметка или доказ дека му платил. Можеби требал да му плаќа преку трансакциона сметка за да има доказ дека е плаќано?
Прашањата ми се:
1. Дали у пракса овие само заплашуваат, или стварно ќе го тужи?
2. Дали постои некој начин пријателов да го прекине договорот? Еден пријател го советуваше да му напише препорачано писмо на газдата и да го извести 2 месеци унапред дека ќе напушта и дека тоа ќе биде во негов прилог ако дојде до судење.
3. Дали е можно, бидејќи нема никакви докази (освен платени сметки) дека пријателов му плаќал кирија на газдава (пошо на рака му ги давал), овој сега да земе да го тужи дека му нема платено ниту една кирија? Како судот ќе знае дека пријателов му давал пари на рака?
Однапред фала на одговорите.