Кирија (правни проблеми)

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Здраво на сите. Се надевам се уште тука налетуваат луѓе шо се разбираат од овие работи и дека некој ќе ми одговори на прашањево.
Еден пријател потпишал договор на една година за изнајмување на стан. Договорот е заверен на нотар. Пријателот однапред си ги плаќа кириите, значи веќе му има платено и за месец јануар.
Пријателов сака да го раскине договорот, затоа што мора во март да патува во странство и не сака непотребно да плаќа уште половина година во стан во кој што нема да седи.
Арно ама договорот е незгодно направен затоа што во него има ставка која вели дека договорот се раскинува еднострано и тоа само од страна на газдата. Пријателов му рекол на газдава дека мора да напушти, а овој му се заканува дека ќе го тужи.
Уште една битна работа е што пријателов му ги плаќа парите на рака, без никаква сметка или доказ дека му платил. Можеби требал да му плаќа преку трансакциона сметка за да има доказ дека е плаќано?
Прашањата ми се:
1. Дали у пракса овие само заплашуваат, или стварно ќе го тужи?
2. Дали постои некој начин пријателов да го прекине договорот? Еден пријател го советуваше да му напише препорачано писмо на газдата и да го извести 2 месеци унапред дека ќе напушта и дека тоа ќе биде во негов прилог ако дојде до судење.
3. Дали е можно, бидејќи нема никакви докази (освен платени сметки) дека пријателов му плаќал кирија на газдава (пошо на рака му ги давал), овој сега да земе да го тужи дека му нема платено ниту една кирија? Како судот ќе знае дека пријателов му давал пари на рака?
Однапред фала на одговорите.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Најголема грешка на твојот пријател му е што му плаќал кирија на рака, требало преку трансакциона да му плаќа и ете ти докази ако случајно те тужи.
Можеби само го заплашува дека ќе го тужи, но не верувам. А за договорот штом може да се раскине од едната страна (од газдата) тој не може да го прекине договорот па и по судски пат (како што јас знам).
А да, он си ги плаќа сметките од струја и ги чува така? ова би му помогнало.
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Нека го уредно извести преку препорачано писмо и нема криза :) Не верувам дека газдата ќе има живци за судска расправа.. :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Фала на одговорот Litajko :)

Најголема грешка на твојот пријател му е што му плаќал кирија на рака, требало преку трансакциона да му плаќа и ете ти докази ако случајно те тужи.
Можеби само го заплашува дека ќе го тужи, но не верувам. А за договорот штом може да се раскине од едната страна (од газдата) тој не може да го прекине договорот па и по судски пат (како што јас знам).
А да, он си ги плаќа сметките од струја и ги чува така? ова би му помогнало.
Фала на одговорот. Ја не се разбирам у овие правни работи, али по некоја логика си размислувам па мора да има некаков закон за закуп на стан кој што ги одредува рамките на договорите. Има многу луѓе што потпишуваат договори и без да ги прочитаат и закоподавецот ваљда не е слободен да си постави какви што сака и милува услови. Ваљда не може да си пише во договорот нешто од типот: Ако закупецот задоцни 5 дена со киријата, тогаш е должен да плати казна од 5000 евра. :D Гарантирам дека од 20 луѓе еден би потпишал и вакво нешто од едноставна причина што многу луѓе пристапуваат со доверба и не ги читаат договорите туку само потпишуваат. Судсвото ваљда претпоставило вакви проблеми и би требало да има некакви рамки. У случајов, што ако другаров изгубил работа, па зар се очекува бубрег да продаде за да плати кирија? Или роб да му биде одреден период? :)
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Според член 22 од Законот за домување секој од договарачите може да го раскине договорот за закуп со
препорачано писмо со отказен рок не помал од 15 дена.
--- надополнето: 14 јануари 2013 во 22:05 ---
Според член 25 од Законот за домување
Закупецот може договорот за закуп да го откаже секогаш не наведувајќи ја
причината за отказот на договорот.
Закупецот го откажува договорот со препорачано писмо со отказен рок не
помал од 15 дена.
 
F

FARANG

Гостин
Nema da tuzi. Dogovorot treba da ima data koga e napreven, plus smetkite se dovolen dokaz da se utvrdi od koga prestojuval prijatelot vo stanot. Ako se ide na sud toa sto parite se dadeni na raka i pretpostavuvam ne prijaveni gazdata ima dobri sansi da go krka za zatajuvanje danok.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
884
Јас ќе ти кажам како правам за закуп на дуќан , а веројатно истото важи и за стамбен простор . Скоро 20 години издавам дуќан , и за тоа време се имаат сменето неколку кираџии . Со секој од нив сум правел договор за закуп во кој пишува дека кираџијата може предвремено да го раскине договорот со тоа што би ме известил за таа работа 1 месец предходно ( нормално дека треба да ги има предходно подмирено сите трошоци и сметки кои ги направил како кираџија ) , а јас како газда можам предвремено да му го раскинам договорот само ако кираџијата не плаќа сметки за вода , струја итн , или ако закасни со киријата повеќе од 1 месец . Не верувам дека во случајов што го кажа погоре газдата ќе го тужи другар ти , бидејќи никој неможе насилно да држи кираџија во дуќан или стан , нормално ако предходно на кираџијата му се подмирени сметките и киријата .
--- надополнето: 14 јануари 2013 во 22:24 ---

Се сложувам со ова што го пиша , само ќе ти кажам дека ретко кој газда на дуќан или стан прима кирија на сметка . Најголем дел од нив примаат кирија на рака ( еден од нив сум и јас ) .
 
Jasno mi e deka e taka, ama utre ako ti se zakanam deka ke te prijavam ako ne mi dozvolis da si odam a ti ne si go prijavil prihodot dali bi me tuzel? Sigurno porado bi izgubil nekoj mesec kirija nego na glava da ti visat inspekcii i da plakas kazni. Ko sto e trgnato sega ako nemas jaki vrski (baska sto neznaes jas dali imam vrski) nisto cudno i primer da napravat od tebe. Realno nikoj ne bi se zamaral.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
884
Изгледа не си ме разбрал . И јас пишав дека нема шанси газдата да го тужи пријателот на Чорбаџија ( типот што ја отвори темава ) . И исто така пишав погоре дека кираџијата на мојот дуќан може да си замине и пред истекот на договорот ( нема логика да го држам ако на човекот не му оди бизнисот или слично ) .
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Според член 22 од Законот за домување секој од договарачите може да го раскине договорот за закуп со
препорачано писмо со отказен рок не помал од 15 дена.
--- надополнето: 14 јануари 2013 во 22:05 ---
Според член 25 од Законот за домување
Закупецот може договорот за закуп да го откаже секогаш не наведувајќи ја
причината за отказот на договорот.
Закупецот го откажува договорот со препорачано писмо со отказен рок не
помал од 15 дена.
Од каде ги прочита овие закони? Сега го симнав законот за домување од следниов линк:
http://www.aerodrom.gov.mk/zakoni.html

Тука членовите 22 и 25 се однесуваат на сосема друго. Не знам дали збориме за истиот закон.

И таму во член 80 се вели: „Закупот престанува со раскинување на договорот за закуп.“ Само толку. За закуподавецот има еден куп причини заради кои може да го прекине договорот, но за закупецот само оваа - кога ќе престане договорот. Чудно.
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
До Ptolomej

Клаузулата во твојот договор дека кираџијата доколку сака да го откаже договорот треба да те обавести 1 месец порано не предизвикува правно дејство т.е може и со 15 дена да ти откаже.
--- надополнето: 14 јануари 2013 во 23:06 ---

Закон за домување Сл Весник 99/2009

Датум на објавување: 05.08.2009

Датум на стапување во сила: 13.08.2009
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Според мене не му се исплаќа да го тужи другар ти зошто закуподавачот врши кривично дело евазија на данок доколку излезе на суд со тужба. Меч со две оштрици бидејќи другар ти би имал аргументи да се брани на суд дека треба поради околности да го напушти станот, плус совесно се грижел и плаќал сметки, а закуподавачот би немал воопшто аргументи бидејќи има данок на доход како физичко лице кој не го пријавил данокот(примал пари на рака), така да не знам колку би му се исплатело :D

А за законските одредби треба да барате во Законот за сопственост и Законот за облигациони односи.

Тоа е моето (не)стручно мислење :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
До Ptolomej

Клаузулата во твојот договор дека кираџијата доколку сака да го откаже договорот треба да те обавести 1 месец порано не предизвикува правно дејство т.е може и со 15 дена да ти откаже.
--- надополнето: 14 јануари 2013 во 23:06 ---

Закон за домување Сл Весник 99/2009

Датум на објавување: 05.08.2009

Датум на стапување во сила: 13.08.2009
Еве го тој закон директно од министерството за транспорт и врски: http://www.mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/115/ZAKON_ZA_DOMUVAWE.pdf

Член 22 и 25 се однесуваат на договор за вршење управувачки услуги и полномоштво од управителот за трето лице, а членот 80 гласи: Раскинување на договор за закуп од страна на закупецот.
Таму не се наведени никакви начини со кои што закупецот (киријашот) би можел предвремено да го раскине договорот.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Здраво на сите. Се надевам се уште тука налетуваат луѓе шо се разбираат од овие работи и дека некој ќе ми одговори на прашањево.
Еден пријател потпишал договор на една година за изнајмување на стан. Договорот е заверен на нотар. Пријателот однапред си ги плаќа кириите, значи веќе му има платено и за месец јануар.
Пријателов сака да го раскине договорот, затоа што мора во март да патува во странство и не сака непотребно да плаќа уште половина година во стан во кој што нема да седи.
Арно ама договорот е незгодно направен затоа што во него има ставка која вели дека договорот се раскинува еднострано и тоа само од страна на газдата. Пријателов му рекол на газдава дека мора да напушти, а овој му се заканува дека ќе го тужи.
Уште една битна работа е што пријателов му ги плаќа парите на рака, без никаква сметка или доказ дека му платил. Можеби требал да му плаќа преку трансакциона сметка за да има доказ дека е плаќано?
Прашањата ми се:
1. Дали у пракса овие само заплашуваат, или стварно ќе го тужи?
2. Дали постои некој начин пријателов да го прекине договорот? Еден пријател го советуваше да му напише препорачано писмо на газдата и да го извести 2 месеци унапред дека ќе напушта и дека тоа ќе биде во негов прилог ако дојде до судење.
3. Дали е можно, бидејќи нема никакви докази (освен платени сметки) дека пријателов му плаќал кирија на газдава (пошо на рака му ги давал), овој сега да земе да го тужи дека му нема платено ниту една кирија? Како судот ќе знае дека пријателов му давал пари на рака?
Однапред фала на одговорите.
Другарот да го подбере газдата и да му каже дека сака да го напушти станот во месец март, а газдата да не се занесува зашто инаку ќе го пријави во УЈП. Со оглед на тоа што му плаќа на рака, многу веројатно е дека не плаќа данок, со што и не може да го тужи.
Договорот може да се раскине предвремено, како што веќе ти кажаа, нека прати препорачано писмо, само нека се потроши некој денар адвокат да му го срочи и да биде со печат од адвокатска канцеларија за газдата да сфати дека си има работа со сериозен човек, а не со некој неинформиран кој може да го матка како сака, и проблемот ќе биде решен.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
А зашто едноставно не пушти оглас да најде некој кој ќе го земе станот одма? Ем газдата ќе смири живци ем другар ти ќе си брка работа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom