Кирилицо испеана

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Манифетацијава и ќе се заборави, али песните се тие што ќе продолжат да се пеат и слушаат
А вчера и те како имаше извонредни песни, според мене и одлично преработени, па денес и младите ги пуштаат по радија така да супер за оваа идеја и секако за одличната реализација на истите
Дани, Некст Тајм, Елвир, Јован, Влатко, Гаџа, Ламбе, Тамара, Митевски - сите звучат одлично
Единствено не ми се допадна и мене преработката на Пилева, а мислам дека таа песна ниеднаш ни на радио не сум ја чула, што значи само вчера и беше моментот на слушање и толку
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Манифетацијава и ќе се заборави, али песните се тие што ќе продолжат да се пеат и слушаат
А вчера и те како имаше извонредни песни, според мене и одлично преработени, па денес и младите ги пуштаат по радија така да супер за оваа идеја и секако за одличната реализација на истите
Дани, Некст Тајм, Елвир, Јован, Влатко, Гаџа, Ламбе, Тамара, Митевски - сите звучат одлично
Единствено не ми се допадна и мене преработката на Пилева, а мислам дека таа песна ниеднаш ни на радио не сум ја чула, што значи само вчера и беше моментот на слушање и толку
Посебно Елвир како пее, копуциве Некс Тајм и оваа Искра, абе милина, со двоцевка во фаца е решение за нив, и за тебе. :pipi:
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Манифетацијава и ќе се заборави, али песните се тие што ќе продолжат да се пеат и слушаат
А вчера и те како имаше извонредни песни, според мене и одлично преработени, па денес и младите ги пуштаат по радија така да супер за оваа идеја и секако за одличната реализација на истите
Дани, Некст Тајм, Елвир, Јован, Влатко, Гаџа, Ламбе, Тамара, Митевски - сите звучат одлично
Единствено не ми се допадна и мене преработката на Пилева, а мислам дека таа песна ниеднаш ни на радио не сум ја чула, што значи само вчера и беше моментот на слушање и толку
Незнам колку те плаќаат за да ги рекламираш ама стварно за нигде беа:tapp:
 
П

Паган-др

Гостин
Некои само НЕКОИ песни беа добро обработени. За испеани неможам да кажам пошто се одеше во плејбек. Овој Гаџа се облекол ко да рекетира некој не да пее стари македонски песни. Елвир и Геј Геј едноставно ги уништија песните со самото нивно име што стои пред песните.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Dajte be nekoj link, nekoj rip, nekoj da go uploadiral na youtube shouto i pesnite?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Превземено од денешен ВЕСТ

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ГАФ НА ПРИРЕДБАТА "КИРИЛИЦО ИСПЕАНА"[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Водителката ја повика покојната Сашка Петковска на сцена[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Млада сум, ова ми е прво водење на програма во живо. Жал ми е за грешката што ја направив", се извини атрактивната водителка и манекенка Маријана Станојковска откако прексиноќа на сцената ја повика македонската поп легенда која трагично загина[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Ја повикувам на сцената Сашка Петковска да го прими признанието", рече водителката Маријана Станојковска на завчерашната промоција на цедето "Кирилицо испеана" во МОБ. Младата водителка и манекенка се збуни, па на сцената ја повика легендарната македонската пејачка која трагично загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе во 1983 година. Нејзиниот партнер на сцената Александар Блажевски набрзина ја извади ситуацијата, и рече дека признанието за испеаните хитови ќе го прими нејзината ќерка Сандра Липша. Станојковска веднаш се извини за грешката, па на сцената го повика и авторот на евергринот "Бакни ме" Тодор Бојаџиев да прими награда.
Маријана Станојковска која, заедно со Влатко Илиевски, секој ден на "Сител" го води естрадниот магазин "Бекстејџ", вчера ни рече дека многу и е жал за грешката. Таа се надева дека семејството на Сашка Петковска ќе и прогледа низ прсти.
"Во сценариото, кое беше пред мене, за сите наградени го пишуваше истото: 'Плакетата оди за'. Затоа настана мала забуна и наместо да речам ја повикувам ќерката на Сашка Петковска Сандра Липша, јас го изговорив името на покојната пејачка. Јас сум млада и, ова ми беше прво искуство да водам програма во живо. Родена сум во 1984 година, па не знам многу за кариерата на Сашка Петковска, која на почетокот ја мешав со Нина Спирова. Во оваа пригода сакам да му се извинам на семејството, и се надевам дека ќе ми простат и ќе ми прогледаат низ прсти. Им благодарам на Сашка Петковска и на Тодор Бојаџиев за еден толку голем хит како што е "Бакни ме". Луѓе сме, грешиме", ни рече вчера Маријана.
Сашка Петковска беше една од најпопуларните македонски пејачки во шеесеттите и во седумдесеттите години. Има добиено неколку награди на Скопскиот фестивал и на фестивалите во поранешна Југославија: "Белградска пролет", "Опатија", "Вашиот шлагер на сезоната"... Засекогаш останаа запаметени нејзините хитови" Бакни ме", Чао, Адио", "Грижа". Таа беше и членка на познатиот октет "Македонија". Загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1983 година, патувајќи на концерт во Свети Николе.
[/FONT]
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Интересен е проектот и ми се допаѓа, само што е во добар дел упропастен со лош избор на пејачи. Не го гледав “шоуто“, само ги имам слушано песните на радио и сега по малку ги ѕиркам настапите на јутуб. Музиката ми е убава во сите песни, ама трагично е што ги пуштале на плејбек, оркестарот во позадина испаѓаат како група кловнови!
Таа Марјана ја гледав јас одамна дека има голем потенцијал на глупоќа, ете се покажала во право светло завчера. :icon_lol:

Роберт Билбилов - Како Вардар ќе дотечам -посебно ја сакам песнава и посебно ми е криво што му ја дале на Роберт, кој не може да пее повисоки тонови и сигурно не може да згрми како Хаџиманов кога ја пее. Тоа е арија бре, треба силен глас да ја истакне моќноста на песната. Да, може Роберт ја пее со душа и сето тоа, ама дечкото не е кадарен. Жално е поновите генерации да ја запамтат песнава како да е на Билбилов и нема да ја осетат вистински :) Слично и со Влатко - Се што сакав по тебе. Само да го гледаш како отвара уста и се смешка, а од гласот негов ми се прикакува :( Цацко на пример ја пее подобро стопати. :(
Гаџа, Јован и Елвир ги мрзам како и да е. Ај со Гаџа некако ќе преминеме преку рамбовката грда, ама Јован нема глас никаков, а Елвир пее кафански. Аналогно, на Елвир песната звучи кафански, а на Јован не звучи никако.
223305 на Митевски ми се допаѓа многу, мислам дека е најдобра од сите. Дани, Тамара и Ламбе се исто ок.
Искра и Пилева само малку ги слушнав сега и вака на прво слушање ми се добри. Малку е радикално преработена Дал да плачам ил да пеам, ама во никој случај не е лоша.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Мене ми се свиѓа 223-305. (во споредба со они 6-7 песни што ги имам слушнато)
 
H

HITCH

Гостин
Мене искрено многу ме бендис и треба и други песни да се преработат ама пред да излезат да пеат на плејбек барем складно да ги облечат и една молба Пилева да не ја пуштаат на ТВ само на радио супер глас ама кога ќе излезе на сцена :kesa: инаку топ е проектов:vozbud:
 

buba18

God is a DJ
Член од
8 јануари 2009
Мислења
358
Поени од реакции
10
Добар е проектот,некои песни навистина вредат и треба да се запаметат
Еве некни првпат ја слушнав песната ''Роза сина''
а има и други поранешни добри песни
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Роберт Билбилов - Како Вардар ќе дотечам -посебно ја сакам песнава и посебно ми е криво што му ја дале на Роберт, кој не може да пее повисоки тонови и сигурно не може да згрми како Хаџиманов кога ја пее. Тоа е арија бре, треба силен глас да ја истакне моќноста на песната. Да, може Роберт ја пее со душа и сето тоа, ама дечкото не е кадарен. Жално е поновите генерации да ја запамтат песнава како да е на Билбилов и нема да ја осетат вистински :) Слично и со Влатко - Се што сакав по тебе. Цацко на пример ја пее подобро стопати. :(
Не ги слушнав сите песни, ама дефинитивно изведбата на Билбилов не ми се допадна, не само пеењето туку и аранжманот на песната.
Цацко дефинитивно требаше да го земат да ја испее оваа песна.:)
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Бедасточа што би рекле Хрватите. И што е уште потрагично со наши пари се сквернават македонските евергрини. Не е на секој wanna be пејач да му дадеш да „изведува“ дела од непроценлива важност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom