Кире Лазаров

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И Барселона е заинтересирана исто така за Кире. Или Барселона или ќе се врати во Веспрем, играше 4 сезони таму :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Kire ima izjaveno deka zivotna zelba mu e da igra za Barselona,taka da se e mozno.Jas licno navivam tamu da ja prodolzi svojata kariera.

:salut:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.352
Поени од реакции
2.247
Загреб објави дека Монпеље, Шамбери, Веспрем и Целје се екипите кои официјално го бараат Лазаров. Хрватите ќе го пуштат за 200.000 евра оштета. Лазаров интересен за Монпеље

Трансфер листата на Загреб е подготвена, Кирил Лазаров е водечко име меѓу играчите кои ќе ја напуштат хрватската престолнина годинава. Желбите на Металург и на македонската јавност се одново да го видат најдобриот македонски играч на домашен терен. Но, желбите на Загреб и на водечкиот човек на хрватскиот ракомет, Зоран Гобац, се да заработи нешто на еден од двата најдобри играчи во неговиот клуб.

Со оглед на тоа дека Лазаров веќе ја минува 30 година и знае како треба да го одигра делот со трансферот, Загреб, односно Гобац не се во позиција да уценуваат како што тоа беше случај со Дувњак на кого му одредија оштета од милион евра. Цената која Загреб ја стави покрај името на македонскиот интернационалец е 200.000 евра. Сума која нема да ја добие од Металург, тоа е речиси сигурно.

Но, во математиките на Загреб, Металург и не котира високо кога е во прашање трансферот на Лазаров. "Касичката" во која треба да се фрлат паричките Загреб ја поддава на друго место.

"Го бараат Монпеље, Шамбери, Веспрем и Целје, еден од нив сигурно ќе има да плати 200.000 евра оштета", изјавил Гобац за хрватските медиуми.

Монпеље е еден од најголемите клубови во моментов. Есеноска ја "стресе" Европа со трансферот на Никола Карабатиќ и Вид Кавтичник од Кил. Сега на секоја позиција во тимот има светски познато име, освен на позицијата десен бек. Имаат одлични дефанзивци, така што Лазаров, кој игра главно напад, нема да биде голем минус и кога се игра одбрана.

Шамбери е во обид да стане порамноправен со Монпеље, иако нема многу успех на тоа поле. Но, Шамбери собра преку 1 милион оштета од Кил за Даниел Нарсис, па 1/5 од тоа не би било проблем за трансфер на класа напаѓач.

Целје под водство на Сердарушиќ веќе ги врати назад најдобрите домашни играчи, но им треба играч кој ќе дава по 10-тина гола без разлика со кого игра.

Веспрем е екипа која може сериозно да одигра во овој процес. Лазаров веќе има играно таму тие многу добро знаат кој е и што е. Нивниот десен бек, Марко Вујин, веројатно се сели за Рајн Некар Ловен, што нив ги носи во ситуација да мораат да бараат десен бек.

Од сите овие клубови, амбицијата да игра во завршницата на Лигата на шампиони Лазаров би ја имал единствено во Монпеље. Французите и сега се на чекор до фајнл фор, догодина сигурно ќе бидат и посилни, посебно ако им се исполни и желбата да го доведат Тјери Омејер. Другите екипи се на ниво кое го нуди и играњето во Загреб Кроација.

Сеедно се влезе во поголем преговарачки процес, можно е и други екипи да се најдат во математиката да го ангажираат Лазаров. Вакви суми обично се подготвени да платат Германците, иако трите водечки клуба таму се одлично покриени на десната бековска позиција, под претпоставка Рајн Некар да го ангажира Марко Вујин. Во Шпанија, Барселона и Сиудад Реал. Каталонците имаат два одлични десни бека, иако и Наѓ и Игропуло не се напаѓачи каков што е Лазаров. Сиудад Реал има потреба од левак, но што се "мота" низ главата на Душебаев, не се знае.

Лазаров веројатно утре вечер се враќа од Тунис, по што веројатно ќе почне да го решава својот статус за следната сезона. Прва дестинација, доколку прифати, веројатно ќе биде Катар каде од 8 до 22 мај ќе се подготвува и ќе игра за Ал Садд од Катар на Супер глоуб. Но, многу брзо ќе треба да се реши и поважниот статус, каде следната сезона. Ќе има уште шпекулации и слично на таа тема, Монпеље, Шамбери, Веспрем... ние не би го отпишале Металург во целата оваа приказна. Металург има нешто што овие клубови го немаат. А тоа е - враќање дома.


извор: Македонски спорт.

-------

На ова можам да кажам дека нај добро би му било тама да игра барем може да постигне нешто со неговото доаѓање таму, заедно соробатување со Карабатиќ,Кавтичник и другите. Монпеље имат капацитет да дојдат до полу-финале во ЛШ, а од наредната сезона ако одите Лазаров (што сакам да отиде) ке биде многу добро и за него и за другите.

Не тупајте Барселона и разни глупости, мислам дека Монпеље му е изборот и таму ке владее, се додека не си дојде дома. :)
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.415
Поени од реакции
2.550
Мое мислење е дека Кире ќе оди во Металург
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Металург подготвен да плати

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров не ја прифатил понудата за значително намалување на договорот и во новата сезона нема да биде во составот на Загреб. На најдобриот стрелец од Светското првенство во Хрватска му беше понудена плата помала за 40 проценти што не беше прифатливо, па е ставен на трансфер листа.



Лазаров има многу понуди, а една од нив е на македонскиот првак и освојувач на куп титулата Металург.

"Знам дека челниците на клубот разговараат со Лазаров и неговото враќање може многу да значи во македонскиот ракомет. Тој е миленик на навивачите и голема ѕвезда", изјави тренерот на Металург, Лино Червар.

Потврдено е дека Металург разговара со загрепскиот клуб.

"Точно е, постои нивна понуда која ги задоволува нашите барања", изјави еден од челниците во Загреб, Зоран Гобац.

За Лазаров се заинтересирани и Целје, Лемго и Монпелје, но се уште без официјални понуди до Загреб.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Се мислам дека на крај ќе заврши во Барселона зошто читав Лапорта сакал да си го засили тимот до крај, сакал и во ракометот да направи исто како што направи во фудбал со Барселона и бил заинтересиран за Лазаров. Така да мене се` ми мириса дека на крај таму ќе заврши.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Кире е Бог,го обожавам...секако дека ке го бараат мн екипи.Не ме изненадува.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Кире беше добар и беше мегу најдобрите 5 бекови во европа до пред 2 години. Но последниве години е многу паднат. Со репрезентацијата на Македонија не успеа да помине преткфалификации со некојси аматери, со Загреб не играше на очекувано ниво. Сето ова му го намали рејтингот, и во последно време прави да најголем тин кој е заинтересиран за него е Металург. Монпелје, Барцелона и Кил се чисти измислици со кој се настојува да му се крене цената за да Загреб може да го продаде, а и за да Кире лапне поголема плата. Веспрем го бара но мое мислење е подобра опција е да си се врати во Металург. Се надевам на негово вракање во Металург каде заедно со Мојсовски и Червар на клупата ќе направат некој резултат достоен за подвиг во лигата на шампионите ( а според мене тоа е 1/4 финале лига на шампиони). На тој начин ем ќе си го крене рејтингот сам, ем ке го крене рејтингот на Македонскиот ракомет, ем со правењето на тим репрезентација во Металург многу може да напредне и Македонската репрезентација. Кога Балиќ, Валчиќ, Вори, и другите се вракаат во домашната лига, не гледам зашто Кире да не се врати ( во ваква слаба форма кога е сега) кога несомнено има доста силен спонзор во очите на Минчо кој може да се носи со многу спонзори од Европа
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Нека иде тамо слободно.
Не би сакал да го пцујам у металург ако дое :tv:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Најголема радост ќе биде за нас ако Кире заигра во таков клуб како што е Сиудад.По мене најјакиот во Европа.Уште овие 2 год колку што може да игра во топ форма нека освои ЛШ како врв во неговата кариера.Голем човек,голем играч заслужува да игра во голем клуб и да освои големи награди.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Најверојатно Кирче НАШ ГОЛЕМ МАЖ ке заврши во РЕАЛ. Секоја чест Кире ако преминеш во Сиудад Реал
 

Kajgana Shop

На врв Bottom