Кино сали во Македонија

T

theTinule

Гостин
Јас не одам во кино. Не ни сакам да одам.
Не за џабе измислија тако-звано „домашно кино“ т.е. огромен телевизор и surround sound.
Во кино немам отидено од Хари Потер 4ката или Сенки, не ми текнува кој беше последен.
Да бидеме реални, кинава во нашава државичка не ни има асални кина, каде би оделе.
Ни Аватар во 3D неможев да го изгледам -.-
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.737
Поени од реакции
8.167
Недостатокот на кино конкретно во Тетово е тоа што нема кино :). Се надевам ќе им текне да отвора у блиска иднина.
ќе отвораат во Тетово театар кој ќе биде наменет и за други манифестации
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/tetovo-ke-dobie-nov-teatar-i-biblioteka
па дај боже и кино да отворат
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.417
Поени од реакции
16.693
ќе отвораат во Тетово театар кој ќе биде наменет и за други манифестации
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/tetovo-ke-dobie-nov-teatar-i-biblioteka
па дај боже и кино да отворат
Исто ко што најавија отварање на мега трговски центар, па нема ништо до сега а веќе требаше да биде функционален.
 
L

Lu

Гостин
Знам дека оваа вест многу ќе ги израдува членовите на Кајгана :smir:

Популарниот филм „Black Swan„ наскоро ќе се емитува во Кино Милениум !!! :)

Потврда на информацијата - http://www.kinomilenium.mk/
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Знам дека оваа вест многу ќе ги израдува членовите на Кајгана :smir:

Популарниот филм „Black Swan„ наскоро ќе се емитува во Кино Милениум !!! :)

Потврда на информацијата - http://www.kinomilenium.mk/
:vozbud: И ова и Social Network во Рамстор! Морам да ги изледам и во кино.. едноставно вредат!
 
L

Lu

Гостин
:vozbud: И ова и Social Network во Рамстор! Морам да ги изледам и во кино.. едноставно вредат!
Да да а посебно Black Swan несмее да се пропушти во Милениум.
Епа Боби кога ќе се емитуваат филмовиве одма фаќај автобусот од Кавадарци право за Скопје :)
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Највеќе ми се оди во Милениум поради Gulliver's Travels :vozbud: Jack Black не се пропушта! :back:
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
124
Поени од реакции
3
Social Network, според мене е најглуп филм и обично таквите што се искомерцијализирани земаат и награди. но, најголемата награда треба да дојде од публиката и таа од мене не ја добива. обична драма во која ништо посебно не се случува, башка и таа приказна околу Facebook и не е толку wooooow, како што сите очекуваат да биде.

:vozbud: И ова и Social Network во Рамстор! Морам да ги изледам и во кино.. едноставно вредат!


--- надополнето ---

кино во кино... :pos:

Јас не одам во кино. Не ни сакам да одам.
Не за џабе измислија тако-звано „домашно кино“ т.е. огромен телевизор и surround sound.
Во кино немам отидено од Хари Потер 4ката или Сенки, не ми текнува кој беше последен.
Да бидеме реални, кинава во нашава државичка не ни има асални кина, каде би оделе.
Ни Аватар во 3D неможев да го изгледам -.-
 
Член од
1 октомври 2009
Мислења
109
Поени од реакции
18
Кинотека на Македонија во чест на 100тиот роденден на режисерот Отакар Вавра, ќе има интересна програма со избор од филмови од овој интересен европски режисер. Програмата е

27.01.2010, четврток
HAPPY 100 VAVRA
ДЕВОЈКАТА ВО СИНО
(Dívka v modrém)
игран филм, Чехословачка
...1940, 87 мин., црно/бел, 35 мм

Режија: Отакар Вавра (Otakar Vávra)
Сценарио: Феликс де ла Камара, Отакар Вавра, Олдрич Нови (Felix de la Cámara, Otakar Vávra, Oldrich Nový )
Директор на фотографија: Јан Рот (Jan Roth)
Улоги: Лида Баарова, Олдрих Нови, Јинджик Лажничка, Антоние Недошинска, Беджих Веверка (Lída Baarová, Oldřich Nový, Jindřich Láznička, Antonie Nedošinská, Bedřich Veverka)

Комична приказна за еден ерген вљубен во девојка од слика. Срамежливиот Јан Караш успешно избегнува да влезе во љубовна врска и ноќите ги минува во кафеани заедно со своите пријатели. Неговиот проблем е во тоа што е вљубен, но не во девојка што ја познава, туку во лик од една слика што му ја оставиле на чување. Еден ден Караш ја бакнува сликата, и девојката облечена во син фустан оживува.

28.01.2010, петок
HAPPY 100 VAVRA
20:00 ч.
КРАКАТИТ
(Krakatit)
игран филм, Чехословачка
1947, 110/106 мин., црно/бел, 35 мм

Режија: Отакар Вавра (Otakar Vávra)
Сценарио: Феликс де ла Камара, Отакар Вавра, Јарослав Вавра (Otakar Vávra, Jaroslav Vávra) според истоимениот роман на Карел Чапек (Karel Čapek)
Директор на фотографија: Вацлав Ханус (Václav Hanus)
Улоги: Карел Хогер, Флоренс Марли, Франтишек Смолик, Наташа Танска, Мирослав Хомола (Karel Höger, Florence Marly, František Smolík, Nataša Tanská, Miroslav Homola)

Научно-фантастичен филм според романот на Карел Чапек за откритието на Кракатит, моќниот експлозив. По случајната експлозија предизвикана во неговата лабораторија, научникот Прокоп има халуцинации. Набргу дознава дека во таква изменета состојба на свеста, формулата за откриениот убиствен експлозив ја кажал на еден од своите колеги. Прокоп ќе се обиде да го спречи ширењето на формулата, но многу мрачни сили се заинтересирани за производството на ваквото опасно оружје.


29.01.2010, сабота
HAPPY 100 VAVRA
20:00 ч.
НЕМА БАРИКАДА
(Nemá barikáda)
игран филм, Чехословачка
1949, 95/128 мин., црно/бел, 35 мм

Режија: Отакар Вавра (Otakar Vávra)
Сценарио: Јан Дрда, Отакар Вавра (Jan Drda, Otakar Vávra)
Директор на фотографија: Вацлав Хунка (Václav Hunka)
Улоги: Јарослав Пруха, Барбара Драпинска, Јарослав Марван, Владимир Шмерал, Марие Вашова (Jaroslav Průcha, Barbara Drapińska, Jaroslav Marvan, Vladimír Šmeral, Marie Vášová,)

Драма за историските денови во мај 1945 г. и судбината на неколку луѓе во Холешовице, предградието на Прага. Сите тие, активно вклучени во борбите за време на војната, сега го организиранизираат отпорот против германската окллопна единица што влегува во Прага. За таа цел поставуваат барикади на мостот во близина на барокната палата Троја, културно и историско наследство, ризикувајќи овој споменик да биде уништен во очајничките обиди на непријателот да не се предаде.

30.01.2010, недела
HAPPY 100 VAVRA
20:00 ч.
ЗЛАТНА КРАЛИЦА
(Zlatá reneta / Golden Queen)
игран филм, Чехословачка
1965, 90 мин., црно/бел, 35 мм

Режија: Отакар Вавра (Otakar Vávra)
Сценарио: Франтишек Хрубин, Отакар Вавра (Frantisek Hrubín, Otakar Vávra)
Директор на фотографија: Андреј Барла (Andrej Barla)
Улоги: Карел Хогер, Славка Будинова, Ева Лиманова, Иља Прахар, Вера Тичанкова (Karel Höger, Slávka Budínová, Eva Límanová, Ilja Prachař, Věra Tichánková)

Психолошка драма за стареењето и соочувањето со минатото, адаптација на автобиографското дело на поетот Франтишек Хрубин, Еден педесетгодишник се враќа во селото во кое ја минал младоста, па решава да ја побара својата поранешна љубов. Мора да преноќи во домот на своите роднини, но нивните секојдневни грижи му ја рушат идеалистичката слика што ја има за животот. Му навираат спомени, а некои од нив наликуваат на лош сон.

31.01.2010, понеделник
HAPPY 100 VAVRA
20:00 ч.
ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ
(Kladivo na čarodějnice)
игран филм, Чехословачка
1969, 103 мин., црно/бел, 35 мм

Режија: Отакар Вавра (Otakar Vávra)
Сценарио: Естер Крумбачова, Отакар Вавра (Ester Krumbachová, Otakar Vávra) според истоимениот роман на Вацлав Каплиски (Václav Kaplický)
Директор на фотографија: Јозеф Илик (Josef Illík)
Улоги: Ело Романчик, Владимир Шмерал, Соња Валентова, Јосеф Кемр, Лола Скрбакова (Elo Romančík, Vladimír Šmeral, Soňa Valentová, Josef Kemr, Lola Skrbková,)

Во Боемија, во 17 век, во времето на хуманизмот, се’ уште се случуваат инквизиторски испитувања на неправедно обвинети луѓе. Еден таков процес, конструиран да изнуди признание од обвинетите за вештерство и магија, ќе ја запечати судбината на 105 луѓе во огнот на кладите. Демагогијата и борбата за власт ќе предизвикаат омраза, насилство, кукавичлук и индиферентност на мнозинството. Со цел да ги уништат противниците, некои луѓе не се воздржуваат да жртвуваат десетици свои сожители.

И тоа како заслужува да се отиде. Иако мал е просторот, ова ми е едно од најтоплите кина во градот (НЕ ДЕКА ГИ ИМА КОЈЗНАЕ КОЛКУ)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Да да а посебно Black Swan несмее да се пропушти во Милениум.
Епа Боби кога ќе се емитуваат филмовиве одма фаќај автобусот од Кавадарци право за Скопје :)
Секако. :)
 
L

Lu

Гостин
Еве една вест која што ќе ги израдува љубителите на Долина на волците.
Од денеска во Кино Милениум во 17:30 , 20:00 и 22:30 ќе игра филмот Долина на волците - Палестина

Потврда на информацијата - http://www.kinomilenium.mk/
 
L

Lu

Гостин


Од денеска „Black Swan„ понува да се емитува во Кино Милениум.
Денеска е премиерата и ќе се емитува во 20:00 и 22:30 часот.


Јас незнам дали вечерва ќе одам, но ако не одам вечерва, утревечер 100% одам да го гледам во Милениум :)

Потврда на информацијата - http://www.kinomilenium.mk/
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
За страмота сме,до каде е дојдена денешната технологија ние уште 3Д кино немаме во Скопје,се радуваме на филмови со премиери пред 6 месеци во странство :nenene: .Затоа и нема посетеност по кината, да не кажам се полупразни.
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
509
Поени од реакции
72
Не се Секирајте Наскоро Ќе има 3Д Кино Сали во Аеродром во новиот трговски центар http://www.forum.com.mk/243322 3 киносали со по 50 до 60 седишта:)!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom