Немам разбирање за непрофесионалност без разлика за која професија да станува збор, а најмалку за едноставни и без никаков интелектуелен напор како што е - келнер. Примаш нарачка - ја проследуваш до шанк - ја носиш до гостинот, едно комплицирано...
Изговори од типот на „абе мала им е платата“ не држат вода. Ако некој прифатил да работи без разлика колкава е платата - нека работи како што треба. Ако не, нека си оди дома да игра покер или фармвил на фејсбук. И воопшто не е мала платата за работата која ја работат, а и за чколијата која ја имаат. Сите сакаме да имаме по иљада евра плата, ама вредиш онолку - колку што ќе успееш да се продадеш на пазарот.
Jа напиња некој за да ја ќари па и било тешко, каков проблем еј...ах деца деца, не знаете какви напнувања има кога клиенти не ти се копиљаци во кафич што се удвараат, туку сериозни бизниси кај кои нема изговор за непрофесионалност и кај кои една грешка може да те чини кариера.
Инаку, обожавам глупи, безобразни и мрзливи келнери. Уште повеќе обожавам келнери кои сакаат да ги крадат гостите. Не можат да бидат толку мрзливи, глупи и расипани, колку што јас можам да бидам креативен да им направам да им рипне притисокот двеста.
Иако ретко, има и келнери кои се профи, кои знаат како да се однесуваат со гости, кои имаат „шлиф“. На овие, ќеиф ми е да им оставам и бакшиш задолжително.