Келнерите низ локалите

T

Tetro

Гостин
Сите кои работат со луѓе се вака научени, и тоа не е нешто ново... Посткомунизам, клати врата-земај плата.
- Едношалтерски систем, јас натоварен со еден куп документи, ама има гужва и се чека пола саат-саат-два. Во меѓувреме преку ред се убацуваат секој втори кој се познава директно или индиректно со тетката. И таман додека стигнам на ред, ми затвора шалтер една дебела тетка. Без ништо да каже, а јас подзачуден прашувајќи се "што сум направил". Гледам лево-десно и читам: "Пауза 10:30-11:00", ама гледам и на саат, саатот е 10:15.
И така се повлекувам малку поназад, колку да имам место за дишење. Не смеам да заминам, оти местото ќе ми го фатат, па после ќе треба да се чека еден саат плус. За некоја моја среќа, тетката се враќа во 11:15 од пауза и можеме да свршиме работа сега. Конечно.

И не се случило ова само еднаш.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Општо земено услугите ни се на многу ниско ниво и не знам дали е тоа од недостаток на општа култура (како што е одењето преку ред иако 50 луѓе веќе чекаат) или до многу ниските плати па едноставно не им останува ни желба а ни енергија на вработените да бидат љубезни со клиентот.

Сепак ми се чини дека се парите како и навиката (да си намќор) најголема причина за нељубезноста.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Нека напушти работа ако е таква ситуацијата... Зошто да работи и да не добива ништо, кога може да не работи и пак да не добива ништо. Бар нема да шири негативна енергија и да прави луѓето што се муштерии да се чувствуваат ко да го збрцале со вилушка.
ама газдата нема да ти рече на тебе не ти давам пари.. :) Ќе те матка,ќе те матка и само ќе ти збори дека ќе добиеш.. Ти ќе се надеваш се дур не прекинеш.. А и кога ти требаат пари ќе чекаш и ќе бараш..
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Точно, катастрофа ни е услугата низ локалите. Јас во мојот град можам да издвојам само 2-3 места на кои келнерите/ките си ја вршат на ниво работава, и во поглед на брзина, и во поглед на на учтивост и пријатна услужност. Останатите се за никаде ..

Проблемот мислам дека е вработувањето на мали деца, да не речам крелци од по 16-17 години кои доаѓаат работат како келнери, а мислите им се утре во тестот по математика .. Или пак не дај Боже баш денес да му го имаат дадено со една единица, како него голема. Тие се значи сеуште деца и не можат туку така т.е. воопшто не можат да го одделат професионалното од приватното. Проблемите од тој ден во очите им се гледаат и на челото им пишува дека денес не се за дирање, и таа негатива ја истураат врз клиентелата. Ааа тие 2-3 места за кои велам дека имаат супер персонал, интересно е тоа што сите вработени им се повозрасни од 22-23 години. Значи станува збор за возрасни и оформени личности кои совесно и посветено си ја вршат работата. Едноставна насмевка од келнерот/ката над масата кога ќе ви дојде да ве праша што ќе се напиете, е и повеќе од доволна за пријатно чувство и кај вас.
 
H

HITCH

Гостин
Мене ме нервира кога келнерот почнува да прави муабет со мене и кога ми се прави фраерче. Тоа ме вади од кожа!!!

Моја последна лоша случка со келнери/ ки беше во Ања на кеј. Јас обично одам во онаа кај стадион, ама решивме еднаш да промениме и погрешивме. Келнерот не само што не беше услужлив, туку и ме натера да викам за пијачка, стоката стоеше кај касата и ми мафташе со главата за да му кажам што да донесе. Уште еднаш во ниту една Ања нема да појдам. Разбирам дека цел ден е напорно да работиш, ама нека ми извини нему му требаат моите пари, ако ги сака ќе треба да си ги заработи како што треба.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Well...зависи кој како гледа на работите...услугата земена пропорционално со висината на примањата и (не)постоењето на бакшиш со бонус мотивација страв (од губење работно место) како основна работна мотивација на Македонската келнерска популација........е повеќе од добра, би рекол фантастична во најголем дел случаи...
 
T

Tetro

Гостин
Моја последна лоша случка со келнери/ ки беше во Ања на кеј. Јас обично одам во онаа кај стадион, ама решивме еднаш да промениме и погрешивме. Келнерот не само што не беше услужлив, туку и ме натера да викам за пијачка, стоката стоеше кај касата и ми мафташе со главата за да му кажам што да донесе. Уште еднаш во ниту една Ања нема да појдам. Разбирам дека цел ден е напорно да работиш, ама нека ми извини нему му требаат моите пари, ако ги сака ќе треба да си ги заработи како што треба.
Не му е лесно и на келнерот.
Ај пробај ти секој ден да трчаш у еден затворен простор и плус околу маси и столици, дали ресторан или кафуле,... Јас сум за тоа да се изгласа за оваа професија нешто како "бенифициран стаж", па и минимална плата, ваљда ќе тргне на подобро.
А вака работејќи за некоја дневница од 200-300 денари, слабо дека ќе имаме квалитетна услуга.

За газдите е лесно инаку, еден си оди- друг ќе дојде.
 
Извини, а што сум јас крива??? Јас сум таму за тој да може да земе пари. Јас не сум го вработила!
 
T

Tetro

Гостин
Извини, а што сум јас крива??? Јас сум таму за тој да може да земе пари. Јас не сум го вработила!
Не си ти крива, и јас не сум. :D
Имаше предлог закон пред некоја година, помина незабележано во собрание.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Извини, а што сум јас крива??? Јас сум таму за тој да може да земе пари. Јас не сум го вработила!
Што ќе платиш тоа и ќе....ок не можеш тоа да го правиш од анатомски причини, но ако ти смета услугата ќе си одиш фино на “елитно“ место каде услугата е соодветна на примањата и мотивацијата на вработените.
Ако не можеш да си дозволиш, ќе си трпиш.
Келнерот ќе те услужи онолку колку да не добие отказ, ништо повеќе.
Освен ако физичкиот изглед не ти е соодветен за да ти се смешка и кези.

Исто како што има разлика меѓу кинеска и германска роба, има разлика и во услугите...
Тоа е...
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Првин и вие треба да се научите како треба да се иднесува еден муштерија и да оставате бакшиш,или пак ако сакате супер услуга посетете некој скап ресторан...јас знам и сигурен сум дека постои квалитетна услуга.
Постојат и луге клоошари што изигруваат главни фаци во ресторан...
Колку што знаеме да бидеме критичари за услугата уште повеќе треба да знаеме да бидеме гости.

ете така:)
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Еве ви искуство од бивша келнерка:
кафич бр1=
иако е секогаш фул, си доаѓам на работа, ме чека насмеан шанкер, зашо вчера топ сме прошле и ијаме 500тче плус у плата, ако сум прва смена до 1 попладне сме јас и шанкерот, после 1 доаѓа уште една колешка да ти помогне во гужвата. Стални гости колку сакаш, културен муабет ти тераат, мерак да ти е да ги послужиш, бакшиш обавезно. Секое сабајле посебно една жена доаѓа и си чисти, платата 12 000, плус бакшиш, колеги насмеани, 2 слободни дена....
штета што после неколку месеци се смени шефот и платите, па....
кафич бр 2=
доаѓам отклучувам, шо ќе видам.... оваа шо била 2ра смена ни средила ни изметила, чаши насекаде, само да се затвори и да бега! уште не сум средила ко шо треба ете ти една сурија средношколци. ми нарачуваат 6 ТУРСКИ кафиња, едно со 2 лажици шеќер, едно горко, 2 средни, 1 полу средно.... ги варам сама на млитаво плинско... доаѓаат некој сомнителни батки- кај ти е газдата ме прашуваат.... газдава по телефон ми вика не сум тука.... наплаќам сама, мијам сама, чистам (мислам замисли маса на 6 средношколки после турско кафе и глеање) доаѓа друга тајфа.... Секој 2 мин носам по два ајнцера вода.... и после 2 мин пак нова тура...Вецето паѓање у несвест... влагаш со гас маска..... таман си средила све, си преброила пари, газдата доаѓа, ми вика фалат 10 денари у каса (а ја пред 2 мин бројам 2 пати и точна сум). платата мизерна (од 300 ден дневница) ти касни, бегаш од инспекции... се караш со другата вработена, се смешкаш за да оставиш пријатен впечаток на гостите пак да дојдат... бакшижот се дели на двете вработени (а другава ни на мртво се смее ни на живо плаче- или обратно беше...) изигравам, и чистачка и менаџер и шанкер и келнер, на крај уште као демек сум украла 10 ден и газдава од што е навреден нема да ти даде дневница тој ден.....

КЕЛНЕР се одлучува да работи секој втор 18 годишњак кој има финансиски проблем... :(
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Не му е лесно и на келнерот.
Ај пробај ти секој ден да трчаш у еден затворен простор и плус околу маси и столици, дали ресторан или кафуле,... Јас сум за тоа да се изгласа за оваа професија нешто како "бенифициран стаж", па и минимална плата, ваљда ќе тргне на подобро.
А вака работејќи за некоја дневница од 200-300 денари, слабо дека ќе имаме квалитетна услуга.

За газдите е лесно инаку, еден си оди- друг ќе дојде.
Колку сакаш мотивирај го персоналот, ако притоа им' дадеш задача која ниту теоретски не е возможно да ја извршат квалитетно, ништо од бизнисот. Не може еден келнер да послужува повеќе од максимум X гости. Веројатно постои некаква норма/закон кој го регулира соодносот на гостите со послужувањето, но ако не, мислам дека ова би можело да помогне. Во меѓувреме, сигурен сум дека газдите штедат на вработени и најмуваат минимум луѓе од кои бараат надчовечки напори, наместо да вработат уште некој и се' да тече ко подмачкано. Ко што реков погоре, лошата услуга е производ на лоша организација и менаџирање, затоа вината барајте ја кај сопствениците на локалот. А доколку некој од келнерите ви го привлече вниманието со својот непрофесионализам, секогаш можете да го пријавите кај претпоставениот.

Имам чуден (условно) впечаток дека најмногу замерки наоѓаат оние кои никогаш немале потреба да работат нешто слично, и немаат претстава што значи физичка работа. Се надевам грешам.

Јас, на пример, имам многу поголеми замерки на однесувањето на некои од вработените во големите компании, отколку на било кој келнер/ка. Имаат супер плата, удобна канцеларија и точно одредено работно време, со други зборови, немаат причини да бидат серковци, а сепак се.
кафич бр 2=
доаѓам отклучувам, шо ќе видам.... оваа шо била 2ра смена ни средила ни изметила, чаши насекаде, само да се затвори и да бега! уште не сум средила ко шо треба ете ти една сурија средношколци. ми нарачуваат 6 ТУРСКИ кафиња, едно со 2 лажици шеќер, едно горко, 2 средни, 1 полу средно.... ги варам сама на млитаво плинско... доаѓаат некој сомнителни батки- кај ти е газдата ме прашуваат.... газдава по телефон ми вика не сум тука.... наплаќам сама, мијам сама, чистам (мислам замисли маса на 6 средношколки после турско кафе и глеање) доаѓа друга тајфа.... Секој 2 мин носам по два ајнцера вода.... и после 2 мин пак нова тура...Вецето паѓање у несвест... влагаш со гас маска..... таман си средила све, си преброила пари, газдата доаѓа, ми вика фалат 10 денари у каса (а ја пред 2 мин бројам 2 пати и точна сум). платата мизерна (од 300 ден дневница) ти касни, бегаш од инспекции... се караш со другата вработена, се смешкаш за да оставиш пријатен впечаток на гостите пак да дојдат... бакшижот се дели на двете вработени (а другава ни на мртво се смее ни на живо плаче- или обратно беше...) изигравам, и чистачка и менаџер и шанкер и келнер, на крај уште као демек сум украла 10 ден и газдава од што е навреден нема да ти даде дневница тој ден.....

КЕЛНЕР се одлучува да работи секој втор 18 годишњак кој има финансиски проблем... :(
Тоа е тоа. Наместо да вработат доволно луѓе, газдиве сакаат што повеќе профит, а очекуваат од персоналот да им' средува дури и лични проблеми. Им' се може.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Веројатно постои некаква норма/закон кој го регулира соодносот на гостите со послужувањето, но ако не, мислам дека ова би можело да помогне..
Постојат закони и норми за угостителство ама проблемот е тоа што никој не ги почитува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom