Респект за Казахстан и Молдавија, екипи што беше незамисливо се до квалификацииве дека би биле класи подобри од нас.
Казахстан гостуваат во Словенија, а Молдавија во Чешка и двете земји ги дели победа од пласман на ЕП.
Шансите за нешто такво можеби се мали, ама самиот факт што стигнаа до тоа да играат "квази плејоф" за пласман на ЕП говори многу
Не знам баш каква е математикава за Лигата на Нации, ама чинам Казахстан ако не победи ќе игра бараж против ...ако не се лажам Грузија, Грција, Луксембург, ама секако утакмицава со Словенија ќе им биде подобра шанса.
Молдавија нема ни да игра бараж во Лигата на нации пошто беа во Лига Д (!!) па натпреварот со Чешка им е единствена шанса.
Мислам дека пласман на Молдавија на ЕП ќе биде многу веројатно најголемото изненадување во историјата на ЕП, а многу веројатно и општо гледано (само Малта, Андора, Сан Марино и Лихтенштајн беа полошо рангирани пред почетокот на квалификацииве од нив)
едит: Ок, ако добро ја читам ситуацијата, ако Грција не се пласира (а многу веројатно нема), Казахстан втора шанса за пласман на ЕП би имале во Лигата на нации и тоа би било со гостување во Грција, а потоа и евентуално финале против Грузија или Луксембург.
Се надевам барем една од двеве, а што да не и двете земји ќе се пласираат за ЕП