Албанциве немаат нешто претерано бољи тим од нас.
И тоа нервира кога гледаме вакви земји како вадат успеси, што знаеш дека ако ние бевме на нивно место ќе се посеревме.
Групава им е со 2 екипи што се аутсајдери и 2 екипи што играат топло-ладно.
И еве, гледаш дека една Ерменија со победа вчера ќе беше блиску до ЕП, гледаш дека Албанија се пласира на ЕП, гледаш дека Црна Гора се едно изненадување оддалечени од ЕП, гледаш дека Романија (пред која завршивме во група на поселдните квалифиакции) е на пат кон ЕП и си викаш "Ех, лесни им се групите, ние немавме среќа со три солидни екипи во група..."
Ама едноставно знаеме сите дека ние да бевме во било која од овие групи ќе губевме поени со Молдавци, Луксембуржани, Бугари, Белоруси, Казахстанци...
Уште ми е криво што Боби глумеше лудило во Лигата на Нации и се вадеше на тоа "Ова е долг проект, не е битна лигата на нации, битни се квалификациите"
Многу веројатно ова се и последните квалификации за нас каде ќе бидеме полу-релевантни, пред да паднеме на нивото каде сега се Северна Ирска и Исланд, како екипи што имале златни генерации, а потоа си се вратиле на претпоследните места во групите.
Не вервам да испаднат Шкотска, имаат цврста одбрана, синоќа добро се држеа со Шпанија.
Норвешка ги немам гледано додуша оваа сезона, ќе видиме со Шпанија како ќе се покажат.
Шпанците имаат топ репрезентација за во иднина, многу млади и талентирани играчи, имаат и искуство во составот.
Избрзана ми беше реакцијата вчера, сепак Шкотите се во пол позиција за ЕП. Ако победат во Грузија во понеделник и официјално се пласираат на ЕП. Или Норвешка да не ја победи Шпанија.
99% се пласирани Шкотите на ЕП.