Квалификации за ЛШ: ВАРДАР Скопје - БАТЕ Борисов

Кој ќе помине во 3то коло ?


  • Вкупно гласачи
    227
Статус
Затворена за нови мислења.
М

Мартин`

Гостин
Н
Вардар си е Вардар, колку и да има падови, што не е само кај него, знаеме сите во каква состојба ни е фудбалот на генерално ниво. Вујко ми денес отиде на стадион, а има 65+ години, можете да замислите колку време навива и го сака Вардар. Тоа е таа љубов кон клубот која трае со децении...
Повеќе имаше вакви постари и секоја чест за нив, еден дедо 70тина години неможеше ни бројот на ред/седиште да прочита па побара помош и му кажав нормално.. ама важно дошол гледа фудбал, гласот му трепереше дури од возбуда ваљда.

Ај белким и кај нас конечно ќе тргне спортот во нагорна линија.. оптимист сум по смената на Хари :)
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.530
Поени од реакции
10.235
На некого овде уште му се тресат и раце и нозе, верувам дека и најверните не беа свесни каде се наоѓаат, личеше како да се наоѓаме на некое право дерби на некој современ стадион т.е. и на најголемите стадиони ширум Европа, не се доживува секаде вакво нешто...Фала ти Вардаре што постоиш во мојот живот и што ми подари уште еден ден, кој со гордост ќе го раскажувам на следните генерации....Уште да славеше Вардар и да се исполнеше сонот... Не очекува долга сезона одиме јако !!!

ЦРВЕНО-ЦРНИ ДО КОСКА !!!
 
Член од
2 март 2011
Мислења
99
Поени од реакции
12
Што било било треба да се гледа напред денес се докажа дека Скопје и цела Македонија го сака ВАРДАР... Само што има многу глуп македонски народ што не знае да си го цени своето а си го сака туѓото. Како и да е се надевам дека на 29 ке се смени оваа мизерна управа на ФФМ ке дојде некој нов човек со визија и ке го опорави фудбалот колку толку бар на клубски план а со тоа ке се придонесе за подобра репрезентација па за 2-3 години да гледаме ( што одвај чекам ) силен пелистер силна победа, тетекс, и др ако има фудбал стадионов ке се наполни гарантирам и на ВАРДАР- пелистер ама прво македонскиов народ треба да почне да си го цени Македонскиот фудбал
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Ли Нинг опрема... Маркери за резервите Јако, Илчо што ги украде од Ѓорче кога го пропаднаа клубот. Браос (y):)
vardar-bate-borisov-niz-fotografii_73291.jpg
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.926
Поени од реакции
16.214
Тука на темата се збори за тоа како комити биле одлични, никој тоа не го негираше дека тие беа денеска солидни, ете да сум бил на стадион можеби и ќе беа одлични. Сеа овака не можам баш да дадам толку солидна оцена, бидејќи не бев и не знам како звучело таму, се мислам дека имале подобри изданија од ова :) ... кореографија не забележав.
Ама луѓе, треба да се збори за квалитетот на фудбалот, Вардар бил некогаш, сеа не е, тоа што наполни тој стадион денеска не значи дека тимот е квалитетен, се наполни бидејќи луѓето се желни за фудбал кај нас, и чекаат овакви утакмици, за колку - толку видат до кај е фудбалот, Вардар одамна немал излез во Европа, па тоа беше една од причините, а фудбалот е очаен.
Се додека се осврнуваме на некои работи за тоа дали комитите или некоја друга навивачка група била одлична, а не гледаме за што тие навиваат, тешко дека ќе не бидне.
Денес Вардар беше дно, значи да ти се одмили да гледаш фудбал, среден ред немаат апсолутно никаков, играч од одбрана ја избацува топката директно на место кај шо треба да биде напаѓач,а напаѓач нормално на тоа место нема бидејќи не се спретни, топка во средина не поминува, или имаше обиди, ама тие не беа успешни, бидејќи и нема кој да ја протне таа топка.
Значи онака, лупнати на терен без некој концепт, удри по топка, паѓај во 16тник, па ако свирни судија пенал во ред, ако не тешко гол дека ќе се постигне.
И ако вие сте задоволни од тоа како Вардар одиграл, јас како неутрален гледач апсолутно не сум, бидејќи Вардар можеше да се надигрува со овој состав на Бате, и можеше да го помине, но ете, премногу аматерски сфатена работата т.е не сфатена, многу малце се вложува во играчите, и ете го резултатот.

И уште нешто, комитите не играат, туку фудбалерите треба тоа да го сторат, а додека тоа не го сторат, Вардар моментално е просечен клуб, исто како што е Работнички, Металург и уште некој клуб од МФЛ.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Европскиот Вардар на Илчо, шутна два пати на голот на Бате а требаше да победи !! - Екипа
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10099
--- надополнето: 26 јули 2012 во 02:44 ---
Треба да кажам нешто :D !?!
koce.png
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Од што сите го сакате Вардар толку многу,дозволивте и Гробар да води навивање.
Немам намера да хејтам,се океј беше вечерва барем од преносот на телевизија,камерите кај Мтв стандардно катастрофа,не се подновиле со камери уште од земјотресот у 63.
Стадионот исполнет,некој поради Вардар,некој да биде виден и да се сликне за на Фејзбук и да напраи чек ин,трет за ремет и така натака.
Но немојте толку да се воздигнувате,ипак малите грешки сепак се најголеми,како онаа грешка со Гробарот качен на шипка,води навивање,а е избркан од западната трибина.Кој го пуштил,како го пуштил,кој не го симнал,зошто не го симнал,кривицата барајте си ја меѓу вас.За група како Комити ова е недозволиво.
Замислете нашава сцена да беше нешто попозната и таквиот лапсус да одекнеше на Балканов,па тоа ќе беше ремет од невидени размери.
Друго,навивачи се оние навивачи што се со клубот секогаш,и во добро и во зло,а не на големи утакмици.
Ама ај,ова кој како го разбира.
Не ме цитирајте,пак ќе пишам,не хејтам,само укажувам на грешките,за навивањето не можам да кажам,причината пишана погоре.
Ајде поздрав.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Европскиот Вардар на Илчо, шутна два пати на голот на Бате а требаше да победи !! - Екипа
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10099
--- надополнето: 26 јули 2012 во 02:44 ---
Треба да кажам нешто :D !?!
Прегледај го приврзокот 46629[/qu
Ли Нинг опрема... Маркери за резервите Јако, Илчо што ги украде од Ѓорче кога го пропаднаа клубот. Браос (y):)
Прегледај го приврзокот 46628
:facepalm:Како ги позна бе?ја стварно не знам што ти згрешиле толку вардар,и никој не го пропадна самиот се намести.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Тоа е, не сте го гледале Вардар па очекувате Барса да ја гледате. Немам намера да се објаснувам за публиката, играта, и очекувањата, само ќе кажам дека уште безброј пати би отишол на ваков натпревар на Вардар, за вас може бил досаден, за мене не, зашто како фан на Вардар доста ќе ми беше и само еден гол во 94та, па ако сака најдосадниот натпревар некогаш одигран да беше...
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
А да, и заборавив да пишам, Градски/Филип II последниве години три пати се наполни и тоа:

Работнички - Лацио
Работнички - Ливерпул
Вардар - Бате Борисов

У првите два натпревари, очигледно е зошто беше полн стадионот, но во третиов сигурно народот не дојде да го гледа Бате нели !? :)
Народот ќе дојде да го гледа и ФК Динамо Батуми ако константно, недела дена му се труби дека се случува спектакл на рамниште од финале на Лигата на Шампионите.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Прва година откако се крена на нозе Вардар и еве се носеше со Бате и цело време имаше шанса да отиде понатака,што очекувавте вие сега искрено?

И ова е супер,но доколку продолжи да се вложува во клубот и понатака во наредните 2-3 сезони ќе имаме многу повеќе вакви натпревари.

За публиката не можам да коментирам,бев втора смена на работа ама глеав на тв и крш беше,затоа нема да коментирам.


Патем имаше некој пишано ко демек Комитите тепале некој у таму 51-ец а никој нема спомнато дека 50ката на БиТ ПазаР ја каменуваа планинарите. Страшна беше глетката,среќа што не попуштија прозорите инаку ќе отидеше некој јабана.


п.с претпоследната и последната 50ка,значи 2 50ки на Бит Пазар каменувани.
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Комитиве смешка жива

напрајте некоја асолна песна мајкуму
смениле наместо Македонија ставиле Вардар и само Вардар,Вардар,Вардар
и уште две три строфи со 3 збора се вртеа
и тоа беше...не видел народ што е навивање па гледам некој вика имало наелектризирана атмосфера,супер било:ROFLMAO:

Ќе направи некој белорусец фау и овие ко мајмуните уууууу пуууу аууу ааааа.
тоа за нив е притисок:vozbud:
ЕЈ ЗНАЧИ САМО ТРИЦИ ДА СЕ ЈАДЕЛО...Шо очекувавте ВАРДАР 5-0 да тепа па да ве задоволи??? вардар со играчкиот кадар што го има...и противникот кој го имаше( бате извади 2-2 на милан и 0-0 на барса прошла сезона) Одигра сосем добро...малку немавме среќа али тоа е...наредна година подобро...и доста јадете гомна вардар вака вардар така...ако не ви се свиѓа немора да гледадете иди дркај те го на странски клубови....
Бате ви доаѓа без сите кључни играчи кои се спремаат за олимпијада и да не зборам дека овој БАТЕ нема врска со тој од прошлите сезони.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Види ја пак поубаво убаво си пишува што марка е ...Ако му е целта да му носат среќа нека каже а не вака да се бламира Ли Нинг Опрема, маркери Јако пази чоече има 25 илјади публика. Ај у првенство се се простува ама европска утакмица а да изгледаш ко Рудар Пљевља или Тимочанин Заечар.... Ваљда јас знам мојот клуб кој го намести и му го направи тоа или ти знаеш ?! Ај добро ;):).

Уште еднаш да потенцирам каква шанса испушти Вардар. Без клучни 4 играчи Бате доаѓа што се носители на играта и го елиминира и му дава фудбалска лекција како се чува резултат на Вардар пред 25 илјади публика. Сите коментираат за атмосферата која искрено беше супер ... Saber пошто е најкомпетентен за фудбалскиот дел на терен да коментира од поголемиот дел фанови на Вардар сакам да искоментира околу ова. Атмосферата неможе да биде алиби а неиграта и нефудбалот на терен да не се коментира.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom