Прво, атмосферата си беше супер иако јас лично во „Мистик“ многу не бев опуштен и бев ќутлив тоа си признавам (не за друго, за да не ме направи некој кајгана... ).Друго, запознав сепак доста луѓе (на кои од повеќето не им го запомнив името), но сепак беше интересно.Најголем впечаток се разбира ми остави женската острица составена од: Леандра, Еспањола, и Принцезата на злото
as known as „баба“ also
(извини сега рече дека си постара од мене и од „не знам кој“ што беше до мене) и сите до една беа убави, добри итн. Се надевам дека главата ќе ми остане на раменици на следната собиранка после ова што го напишав.Ако ништо друго, остави ги рацете за да можам да напишам тестамент........
Сите имаат свои двојници, така јас таа вечер си го имав својот двојник Крусер, кој го делеше заедно со мене тронот именуван како „топола на годината“.Фалеше уште по некој гавран да ни се закачеше дека вака највисоки.Ако ништо друго им јадевме на другите бурек над глава......
Се сретнав со Саладин, со големиот војсководец лично треба во блиска иднина да преговараме на кафе, така да се гледаме во блиска иднина со задоволство.
)
Најдобра беше снежната битка (Schneeballschlacht) каде се водеше на минус „се живо и диво испоцркано надвор“ степени.
Леандра инаку планира да го скрши мразот со еден од гемиџиите на „Плоштад Македонија“ и тоа со оној момакот што ја држеше актовката (Павел Шатев), таман мустаќлија за неа, после тоа се сврте онака гневно кон Ацета упати ваков поглед:
и му рече: "god damn it, shit homo, who the fuck gave you those balls сеа че вииш ти ко че ти влезам као Стивен Сегал што им влегуваше во „Niko“; и во тој момент зема воздух се упати накај храбриот коњаник кој високо и гордо стоеше со „копјето“ и со јајцата („големи доволно за да отвориш внатре во нив градинка за децата“); го отера Гвујо по којзнае колку пати во „цензура“ и зема воздух, офна (не такво офнување за сите дркатори ова да си знаат) и испушти душа..................И ја реанимиравме односно ја вративме во живот пред „ЖуеласЖуеал“ бургер (го мразам францускиот) заедно тука сите фаќавме подноктици и кога бевме спремни за да не однесат како мраз со виљушкар си отидовме.Ги знам веќе и Тончи, Џиш, и они беа таму со нас и беа сведоци на сето тоа, итн.Инаку изненадување беше мојата колешка од мојот факултет Хич.Супер си и се надевам на повторна средба....За да не должам само ќе напишам дека се читаме и понатаму на форум, за да им оставам простор и на другите да споделат впечатоци.
Апел
Е за другото морам да напишам, другпат ако некој оди повторно во „Мистик“ нека отвара очи при плаќањето.Мене лично ми се случи таму таа келнерката да ми земе „повеќе од потребното“ пари.Тоа го приметив и подоцна реагирав зошто не сакав на почетокот да правам скандали да се расправам, иако се согласувам со некои дека требаше пожестоко да реагирам али во ред, за тие пари не сум ниту посиромашен ниту побогат и за да не ја расипувам атмосферата фино и културно му посочив на еден од тие дека не сум глуп; дека сето она што го направи го приметив.Во секој случај ова нека ви служи од мене како пример за да си отварате очите доколку некогаш отидете на тоа место повторно, особено од тоа „шифуњерот“ таму што послужуваше.
Ете, толку од мене и се надевам дека повторно ќе се видиме.Се запознав и со други луѓе што не ги споменав, извинете за тоа но морам да оставам и другите да напишат нешто.