Кајгана психолог

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Дали е мозно да се оди на психијатар заради константни љубовни проблеми кои предизвикуваат депресија/огорченост/тага?
Да, можно е. Всушност, не само што е можно, туку е и препорачливо ако си имаш проблеми со кои не можеш да излезеш на крај. Само има разлика од психијатар до психолог (не толку тоа што психијатарот се занимава со ментални нарушувања, а психологот со нормални здрави личности), туку тоа што психијатарот може повеќе да се ориентира кон тоа да ти препише лекови, зашто обично таму одат луѓе со понапреден облик на депресија, па им требаат лекови за да се чувствуваат подобро, а психологот не смее да препишува лекови и негова задача е проблемот да го реши со разговор, ќе те насочи како да размислуваш, каде лежи проблемот штом нон стоп ти се повторува тоа, ќе ти помогне да ги надминеш. Истото тоа го може и психијатарот, само јас мислам дека си премногу млада за да пиеш лекови, што сум сигурна дека ќе ти го каже и било кој психијатар, тоа им се препорачува на посериозни случаи, на повозрасни луѓе. Значи, мое мислење е да одиш на психолог. И нема ништо срамота во тоа, немој да си поставуваш предрасуди како што имаат обичај недоволно информираните луѓе, зашто одењето кај стручно лице може да ти биде од голема корист.

1. Последниов месец на тв гледам само Кога лисјата паѓаат и фудбал
2. Џабе е сонував пак, мојте реакции можам да ги контролирам а според нив оди и текот на сонот. п.с. играм пинг понг секој ден

Утрово бев до Скопје ( со автобус нормално ), а пред тоа и се јавив на братучедка ми ( нејзина најдобра другарка ) и и ја раскажав работава. Ми кажа дека и девојка ми така се чувствувала и исто така се затворила. Се договоривме да и направиме изненадување па братучедка ми ме пречека на автобуска и заминавме кај братучедка ми дома. Братучедка ми и се јави на девојка ми и и вика „Срцка, дојди кај мене имам изненадување за тебе“. Се скрив под кревет и едно половина час седев и добро излегов и ја натерав братучедка ми да излезе од собата. И правевме муабет за се и и ветив дека секој викенд ќе одам во Скопје за да не се случуваат повеќе вакви работи.
Инаку кога се вратив од Скопје со друштвото излеговме низ град и стара приказна ептен женски се вртеа околу мене ама денес бев отпорен на нив ко Супермен на куршуми........

ставови ? епа кај нас двајца не важи она „таа е позгодна со неа ќе се фатам“ ( за неа обратно )
1. Па, добро јас се некако имав впечаток дека гледаш вести претерано. Ама ете, моја грешка. Можеби до тие сознанија доаѓаш од муабетите на постарите, или не знам, се е можно, актуелни теми се. Во секој случај, поентата беше да се трудиш да избегнуваш ситуации каде се дискутираат тие теми, зашто гледаш дека ти го нарушува нормалното секојдневие. Гледај да мислиш на поубави теми, гледај да си внесеш радост, читај книги со весела содржина, што ќе те оддалечат од состојбата во Македонија.

2. Епа, добро де, ако сонуваш, ти реков, можеш да се натераш да одиш кон позитивни работи, од сонот сепак да направиш нешто во што ќе уживаш, наместо војни, во што се сомневам дека уживаш. Особено е невообичаено за дете како тебе да се замара со тие работи, а верувам дека не само што е невообичаено, туку е дури и неубаво. Се надевам дека не си толку чуден да ти се допаѓа тоа :). Дете си, треба да уживаш, војни сеуште не те засегаат. Проба ли медитација?
За пинг понгот добро е штом играш, релаксиран спорт е. Само што не трошиш многу енергија играјќи. Ама добро, и тоа е спорт, не е лошо во секој случај :).

3. Убаво штом си дошол ваму, гледаш се средило се. Само не знам колку било добро што си и ветил на девојката дека ќе доаѓаш секој викенд, пошо не знам колку е тоа изводливо. Сигурно имаш обврски и со школо, и други работи. Можете да се договарате и таа да доаѓа кај тебе понекогаш. Ама добро, за тоа вие си знаете, важно сега е се во ред, успеал разговорот :)
А ти ако не сакаш да се ставаш во искушение (штом толку девојки ти се лепат, најверојатно си привлечен за нив), па можеш да им дадеш директно до знаење дека имаш девојка. Дека и тие се можеби фини, и дека ако би бил слободен можеби би имале шанса, ама вака дека не е во ред ако знаат дека не си слободен. Јас те сфаќам многу добро за тоа дека си машко и дека ти расте егото кога девојки се врткаат околу тебе, ама запамти дека не е поголем фраер тој што ќе фати повеќе девојки, туку тој што ќе и биде верен на една девојка, а другите ќе му бидат или другарки или девојки што знаат кога е зафатен. Верувај, баре мене не е ми е особено привлечен некој што се шета со 5 девојки на едната и уште 5 на другата рака, а телефонот му ѕврцка на секои две минути, го бара девојката го прашува каде е. Напротив, многу повеќе би почитувала некој што е згоден, се знае дека на многу девојки им се допаѓа, ама фино и културно им има кажно како што стојат работите, и и се посветува на девојката што ја сака.
А за ова, многу ми се допаѓа тоа што не сте површни луѓе и не ги гледате толку физичките особини. Фино, ептен. Само, што сакаше да кажеш со тоа 'за неа обратно'? Таа би се фатила со некој што е позгоден од тебе? Мислам, ги бира луѓето според 'згодноста'?

во последно време многу сум депримирана и се осеќам многу идиотски пред други личности. Можеби е резултат на тоа што изгубив еден доста добар пријател пред неколку месеци и дури сега излегува сето тоа на површина. Новото друштво можеби не ме познава доволно и не ги знае моите проблеми. Како можам да продолжам да живеам без него . Помогнете ве молам.
Некогаш кога ќе изгубиме драга личност на почетокот кога не држи лутината, може да се излажеме, да си речеме дека не е толку страшно, што е една личност наспроти цело друштво што е тука за нас? Ама, сепак, кога ќе помине време, сепак таа личност, фали, активностите не се целосни без неа, атмосферата е друга. Од еднаш, светот се чини различен, посиромашен. И, е посиромашен. Можеби е вистина, не знам, не те знам ни тебе ни друштвото, можеби навистина не те познаваат доволно, не знаат како треба со тебе, сеуште немате изградено однос. Иако, не е лошо повремено да се најдеш во нова средина, нова ситуација и нови луѓе. Обиди се да им дадеш шанса на овие луѓе да ја заслужат твојата благонаклонетост, обиди се да им дозволиш да те запознаат подобро и да научат како да се однесуваат со тебе.
Не знам за што си го изгубила пријателот, дали ти си била крива, се случило недоразбирање, тој бил крив а не сакал да признае... Или, (не потенцираше во постот) се надевам не е во најлош случај тоа 'изгуби'. Ако се работи за едноставна караница, ако ти си била крива, и сега ти е тешко поради тоа, најверојатно знаеш што ќе ти речам - јави му се, обиди се да ги поправиш работите. Некогаш меѓу добрите пријатели се наоструваат односите со постојано контактирање, и едноставно се уморуваме од нив без оглед на тоа колку ни се драги. Тогаш е навистина потребен некој месец да се одмориме, и после обично се е во ред, се функционира најдобро. Се враќаат контактите, дружењата, се навикнуваме пак и се е супер.

Вака сега, не знам дали е страв од осаменост, не ме плаши толку осаменоста, сум била сама иако сум имала дечко и не знам шо..али јас викам не знам како е да се биде сам..т.е не можам да бидам сама..јас ок има моменти кога сакам да немам никој, али се кратки. Не сум срамежлива..напротив сум мн опуштена и никогаш не ми било проблем да пријдам на некој, ниту пак да фанам дечко. Не знам како да се изјаснам за подобро да бидам сфатена. Цел мој живот сум опколена со некој ( било другарка, цимерка. дечко итн ) за тоа јас не можам да поднесам да немам никој..Ако сум сама на пример еден месец. два, три и сл..ме мава дамла ми треба некој за разговор за кафе и сл..Сега кога по не знам кој пат го читам тоа со го пиша размислувам и дали воопшто се чуствувам некогаш осамена..Според мене има разлика од страв од осаменост и немање навика да се биде сам. Јас не знам како е да се биде сама..постојано сум опкружена со некој.
Според насоката на нашето реагирање и начинот на изразување емоции, има три типа луѓе. Интровертни, екстровертни и комбинација од тие две. До тоа да станеш еден од овие типови на луѓе влијаат многу фактори, ама не е сега поентата ова да го разглабаме, туку да дојдеме до некое решение за проблемчето. Екстровертните луѓе се повеќе насочени кон надвор, како што и кажува самиот назив. Значи тие се навикнати да се нон стоп во друштво, тешко им е кога се сами. Некогаш дури и непријатно. Па, кога немаат некој наоколу се чувствуваат осамени. Ретко луѓето се баш екстровертни или интровертни, често се комбинација. А и не мора да значи дека во секој момент ќе реагираш во согласност со тоа, иако си екстровертен тип некогаш ете може да имаш потреба да бидеш сама, да се запознаеш подобро самата себе.
Заклучивме дека ти имаш повеќе карактеристики на овој тип, ама мислам дека тука не е проблемот во тоа. Туку, како и на секого, после долготрајна врска, нормално остануваат траги, нормално е да се чувстуваме осамени кога цело време бил некој тука за нас, а сега од еднаш нема дечко на кого ќе му ги покажуваме емоциите. Па, секако се јавува таа потреба. Ама минлива е. Ќе ти кажам едно мое искуство. Пред две години имав еден дечко, не одевме ептен долго, 7 месеци. Ама ми значеше. Не е важно, од кога раскинавме ме повреди многу, ама не е важно тоа. Значи од кога раскинавме ми требаше можеби месец дена за да се вратам. И после не можам да ти опишам колку ми беше убаво слободна. Можеби 7-8 месеци немав ни еден дечко, ништо, и не ни сакав. Многу ми беше убаво. После тоа се појави некој, не е важно. Ама сакам да ти кажам дека кога си без дечко можеш повеќе да уживаш, да правиш што сакаш. А замисли најдеш некој што мислиш дека е супер, почнувате врска и полека почнува да станува љубоморен, посесивен, ти прави проблем ако седиш на интернет, ако се поздравуваш во образ со машки, ако прифаќаш машки на фејсбук... Тогаш подобро ќе ти биде да бидеш слободна или да го трпиш тоа? Размисли, никој не е совршен. Колку и да е супер тој дечко што би го нашла, нема да е совршен, ќе се скарате понекогаш. Убаво е да си слободна.
А и, размисли малце во контекст на 'македонскиот' менталитет што владее насекаде. Ако те видат со повеќе од еден дечко со малце време измеѓу, одма те етикетираат како к*р*а. Малце погрешно размислување имаат. Сега и јас мислам дека не е убаво со секој втор да се муваш, ама не чинат ни тие предрасуди. Сепак уште е тука останат дел од мислењето дека девојката мора да е чиста и невина пред да влезе во брак, што воопшто не е во согласност со новите начини на размислување, и ставови на младите луѓе во 21 век. Не треба да ти е многу гајле што зборат другите за тебе, зашто секако ќе има некој што нема да му бидеш омилена, што е и нормално, не мора сите да те сакаат. Ама, знаеш, ако од повеќе луѓе слушнеш негативни критики, можеби треба да се подразмислиш малце. Ти го кажувам ова за да не со доведеш во ситуација да размислуваш за ова. Биди си опуштена, прави што мислиш ТИ дека е во ред, биди со оној кој ТИ мислиш дека е добар. Само не е лошо и да прифатиш сугестии од пријателите. Мислам дека штом викаш дека си имаш другарки, излегуваш и се, дека не ти е неопходен дечко, и дека немаш причина да се чувстуваш осамена. Можеш да разговараш со другарките, ако ти е тоа потребно, ако сакаат да поминуваат повеќе време со тебе некој период додека не ти се среди ова. А и не е убаво штом мислиш дека ти треба дечко, да најдеш некој и да бидеш со него само поради таа 'потреба'. Тоа не би било ни љубовна врска.
Малце многу исфилозофирав, се надевам успеа да го дочиташ ова пред да ти се смачи. :)
 
SweetGirl*

мудар посматрач
Член од
9 декември 2009
Мислења
141
Поени од реакции
119
Вака сега. Како прво по ова шо го прочитав ( веруј не ми се смачи) мислам дека си у право шо ме категоризираше во одреден тип на луѓе..Како второ најдов после долга врска тип кој шо мислев дека е " совршен " a e исто таков како шо го опиша. И сеа јас сакам да раскинам, ама има една работа .. ќе останам сама . т.е ќе бидам соло..и ќе ми недостига да имам дечко..и не знам..знам дека сум кмплицирана..и другарките ми го велат ова ама тоа е..сега имам баш период на размислување шо да се прави, дали да бидам сама и да останам у нешто што мојот партнер го нарекува врска.. а јас само обично друштво со машко..не знам...
 
Еј, не сакам да претерам со сугестии, не сакам да испадне дека ти кажувам што да направиш. Ама јас сум во таква врска веќе година ипол, и не можам да ја завршам сега, поради тоа што јас ќе се осеќам осамена, ама јас го немам тој потенцијал како тебе, не сум толку комуникативна и опкружена со луѓе. Ти кажувам како на другарка, ќе се зезнеш, подобро прекини додека не се искомплицирало се, ако сега ти е тешко, тогаш е прашање дали ќе можеш да раскинеш од него без да ти прави проблеми, а и ако можеш верувај дека ќе биде многу полошо и за тебе после којзнае колку време коа ќе се свестиш дека си требала сеа да прекинеш се. Ова не ти е љубов. Јас покасно го сфатив. Ама за тебе штом си уште на почеток прекини, поштеди се себеси. Знам дека ако сварно ти се свиѓа типот освен тоа што е таков, дека можеби ќе си поставуваш прашања што би било ако би било, што ако му дадев шанса и се сменеше..? Ама нема да се смени. Факт е. Еднаш таков, засекогаш таков. Верувај дека нема да сакаш да знаеш низ што би поминувала ако му дадеш шанса. Најдобра намера имам кога ти го кажувам ова, не му посакувам на никој вакво нешто.

Друго, ако раскинеш, нема да бидеш сама. Ти кажав, ќе имаш другарки. Пробај да се убедиш дека ќе ти биде добро, верувај дека автосугестијата има најдобар ефект. Јас можам какви сакаш приказни да ти кажувам, ама ти ако не веруваш дека ќе ти се свиѓа соло, нема шанса да ти се свиѓа. Ама, размисли. Дали е подобро да бидеш слободна да излегуваш кај сакаш со кој сакаш кога сакаш колку сакаш и да чекаш да дојде некој што ќе биде совршен без наводници (да не се задржуваме на тоа дека не постои некој совршен, ама ете го употребив како замена за некој што сварно ќе биде супер, ќе те сака ќе те сфаќа, ќе те почитува), или да оставиш да видиш до кај ќе те донесе тип што не знае да погледне подалеку од својот нос и да те малтретира нон стоп да глеа кој ти ѕвонел кој ти пишал, да ти ѕвони у 4 саат сабајле, да те прашува каде си, да не ти верува дека си дома дека спиеш. Да те набедува дека го вараш цело време а ти пуста од толку шо си кротка не си ни погледнала друго машко, од страв од чувството на вина дека го лажеш. Остави, све ќе си дојде само по себе ако му дадеш шанса. Знам, сега кога ти кажувам а не си го осетила на своја кожа, сигурно си викаш, абе што ти е нема шанса јас на некој да му дозволам да дојде до тој степен. И јас бев таква. Никој немаше шанса да ме погази. Ама, он не го прави тоа од еднаш. Нема уште сега да почне. Тоа постепено иде. Првин ќе се погрижи да го засакаш, па полека полека ќе ти се пика под кожа и ќе ти ја разорува од внатре. Затоа ќе биде толку тешко да го оставиш. И тогаш сите ќе ти викаат да раскинеш, (ако имаш среќа другарките да останат покрај тебе пошо типот толку ќе те контролира што нема да ти верува дека седиш со другарка а не го вараш. на почеток ќе се спротивставуваш, ама после ќе те обори пошо ќе биде упорен) и ти ќе знаеш дека се во право, а сепак ќе бидеш немоќна да раскинеш од мочаниот страв да не останеш сама. Па што ако останеш, на крај краева? Што ако останеш? Не ти дава тоа повеќе простор за креативност, за слобода? Остај, не сакаш да го живееш тој филм (ќе сакаш да го премоташ тој филм :) од рекламите).

Ете ти ги опциите, ти реши си. :) Се надевам дека ќе ја одбереш вистинската одлука и дека нема да имаш проблеми понатака. Ај, со среќа.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14

Ти ги читам постовите и ми се допаѓаат твоите размислувања. Ова што го болдирав се однесува на тоа дека ова е најверојатно за твојава сегашна врска. Сите совети што ги даде на девојчето се на место, зошто ти да не ги примениш? Зошто да не можеш?

Јас сум имала ваква врска како што е опишано во подвлеченото. Баш е така, но ова ми личи ко да го пишуваш од лично искуство ако не се лажам, дали се однесува на твојата сегашна врска?

Тоа со црвеното што го напиша го имам искусено на своја кожа, и имав еднаш напишано во љубовни проблеми како е можно да сакаш некој што те повредува, омалуважува, навредува и сл, сега благодарение на твојов пост сфатив. Јас ја имав таа среќа да имам поддршка од пријателите.

Ако не ти е тешко ќе ми објасниш ли дали јас имам погрешно сфатено или ти си во таква врскаа нејќеш да ја прекинеш? односно не можеш?
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Вака сега. Како прво по ова шо го прочитав ( веруј не ми се смачи) мислам дека си у право шо ме категоризираше во одреден тип на луѓе..Како второ најдов после долга врска тип кој шо мислев дека е " совршен " a e исто таков како шо го опиша. И сеа јас сакам да раскинам, ама има една работа .. ќе останам сама . т.е ќе бидам соло..и ќе ми недостига да имам дечко..и не знам..знам дека сум кмплицирана..и другарките ми го велат ова ама тоа е..сега имам баш период на размислување шо да се прави, дали да бидам сама и да останам у нешто што мојот партнер го нарекува врска.. а јас само обично друштво со машко..не знам...
Мислам дека се пронајдов од другата страна на твојов проблем хаха.Имам врска со особа што мислам дека исто чуствува и мисли како тебе.Со таа разлика што јас не сум напорен,не се праам нешо шо не сум,и оставам време повеќе од што и треба и океј и е сето тоа нејзе.Но по шо почнавме и еве веќе 2 месеци, мислев дека ќе одиме напред и дека ќе станеме малце посериозни.Но тоа не го гледам од нејзина страна,не била спремна за сериозна врска и не се замара многу многу со сегашнава каква и да е.Е сеа мислам дека и она го мисли тоа ко тебе,дека ова е обично друштво со машко(а не врска),дека е со мене само за да не е сама,се разочарала по шо виде дека и јас не сум совршен,комплицирана е..Е сега јас неможам да бидам у врска со некој шо не ме сака и не мисли сериозно на тоа што е со мене(можеби е грешка од моја страна што премногу сум сериозен за некои работи).Па многу пати сакав да ставам крај,но се ме одвраќаше другата страна на мојот случај,а тоа е моите претпоставки да се сосема погрешни и да сум цело време во заблуда и можеби и треба време да се прилагоди на мене,да ме засака.Но незнам до кога да чекам??Многу сум збунет ...
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Ти ги читам постовите и ми се допаѓаат твоите размислувања. Ова што го болдирав се однесува на тоа дека ова е најверојатно за твојава сегашна врска. Сите совети што ги даде на девојчето се на место, зошто ти да не ги примениш? Зошто да не можеш?

Јас сум имала ваква врска како што е опишано во подвлеченото. Баш е така, но ова ми личи ко да го пишуваш од лично искуство ако не се лажам, дали се однесува на твојата сегашна врска?

Тоа со црвеното што го напиша го имам искусено на своја кожа, и имав еднаш напишано во љубовни проблеми како е можно да сакаш некој што те повредува, омалуважува, навредува и сл, сега благодарение на твојов пост сфатив. Јас ја имав таа среќа да имам поддршка од пријателите.

Ако не ти е тешко ќе ми објасниш ли дали јас имам погрешно сфатено или ти си во таква врскаа нејќеш да ја прекинеш? односно не можеш?

незнам дали е соодветно да одговорам наместо неа но само би се надоворзал дека , тој проблем го има скоро кај сите тинејџери и општо, значи моментално се чека само да помини време да ги снема чувствата и врската сама ќе исчезни , претпоставувам дека и таа го чека тој момент :) да ги снема скрос чувствата и како што кажа да добие сила дека можи да продолжи сама или ќе најде некој друг подобар.
 
SweetGirl*

мудар посматрач
Член од
9 декември 2009
Мислења
141
Поени од реакции
119
Мислам дека се пронајдов од другата страна на твојов проблем хаха.Имам врска со особа што мислам дека исто чуствува и мисли како тебе.Со таа разлика што јас не сум напорен,не се праам нешо шо не сум,и оставам време повеќе од што и треба и океј и е сето тоа нејзе.Но по шо почнавме и еве веќе 2 месеци, мислев дека ќе одиме напред и дека ќе станеме малце посериозни.Но тоа не го гледам од нејзина страна,не била спремна за сериозна врска и не се замара многу многу со сегашнава каква и да е.Е сеа мислам дека и она го мисли тоа ко тебе,дека ова е обично друштво со машко(а не врска),дека е со мене само за да не е сама,се разочарала по шо виде дека и јас не сум совршен,комплицирана е..Е сега јас неможам да бидам у врска со некој шо не ме сака и не мисли сериозно на тоа што е со мене(можеби е грешка од моја страна што премногу сум сериозен за некои работи).Па многу пати сакав да ставам крај,но се ме одвраќаше другата страна на мојот случај,а тоа е моите претпоставки да се сосема погрешни и да сум цело време во заблуда и можеби и треба време да се прилагоди на мене,да ме засака.Но незнам до кога да чекам??Многу сум збунет ...
Да, сега го чуствувам само како друштво со машко поради причина што јас имам доста интересен живот, постојано сум некаде со некоја другарка а него му смета и е премногу љубоморен али ок ( иако е често поканет да ни се придружи секаде каде што одам ) ..јас сакам сериозна врска не бегам од сериозното ама да е типот ок..и никогаш не би го нарекла така, али сега сум со него поради причината да не бидам сама али се има граница..а крајот на нашата " врска " се ближи. за тоа си викам како ќе ме биде сама....
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ти ги читам постовите и ми се допаѓаат твоите размислувања. Ова што го болдирав се однесува на тоа дека ова е најверојатно за твојава сегашна врска. Сите совети што ги даде на девојчето се на место, зошто ти да не ги примениш? Зошто да не можеш?

Јас сум имала ваква врска како што е опишано во подвлеченото. Баш е така, но ова ми личи ко да го пишуваш од лично искуство ако не се лажам, дали се однесува на твојата сегашна врска?

Тоа со црвеното што го напиша го имам искусено на своја кожа, и имав еднаш напишано во љубовни проблеми како е можно да сакаш некој што те повредува, омалуважува, навредува и сл, сега благодарение на твојов пост сфатив. Јас ја имав таа среќа да имам поддршка од пријателите.

Ако не ти е тешко ќе ми објасниш ли дали јас имам погрешно сфатено или ти си во таква врскаа нејќеш да ја прекинеш? односно не можеш?
Да, па напишав во претходниот пост дека се однесува на мене, на мојата сегашна врска. Од една страна не можам, ама има и друга, не сакам. Зашто, чекав премногу долго, не беше отсекогаш таков. На почетокот беше човек што само можеш да си замислиш да го имаш. И го засакав. И сега знае понекогаш да биде тој, човекот за кој некогаш се прашувам што би било ако го изгубам. Што ќе биде кога нема да имам на кој да му се јавам во 3 саат навечер да му кажам дека нешто тропнало во дневна и дека ми е страв? Што ќе биде кога нема да има кој да ме охрабри да запалам светло и да одам да видам што е работата? Што ќе биде кога нема да го има човекот што ги знае моите маани и е сеуште тука да ми ја даде таа прегратка кај што се чувствувам безбедно? Знае колку знам да бидам неподнослива, и тука е, ме сака. Ама, што ќе биде пак, ако бидам слободна, ако можам да правам што сакам без на некој да му поднесувам извештај, да го убедувам дека не го лажам? Да не се плашам да облечам пократко здолниште, или да се нашминкам без страв дека некој ќе помисли дека тоа го правам за некој друг? Не знам, растргната сум помеѓу желбите и потребите, навиките. Така се осеќам. И затоа, се плашам да ризикувам. Се знам себеси, знам дека ако раскинам ќе се каам ќе си викам, зашто раскина, сега ова вака ќе беше,она онака. Вака барем оставам простор да се смени, некоја надеж. Знам дека се лажам, знам. Ама не можам да си помогнам. Можеби FLiX има право, можеби чекам момент кога веќе нема да има чувства, кога ќе ги уништи и нема ништо повеќе да ми остави, кога ќе ми се отворат очите колку време за уживање сум пропуштила. Сите ми го викаат тоа. И знам дека се во право, знам. Ама, знам и дека сите сме такви, не веруваме додека не осетиме на своја кожа. Кога ќе осетам колку ми земал, кога ќе ми се удри у глава и ќе бидам сигурна дека треба да бидам без него и тоа е единствената вистинска и правилна одлука, ќе го направам тоа. Секако еднаш ќе дојде момент кога ќе ја направи онаа работа од која ќе ми дојде преку глава. Знам дека ќе биде така. А до тогаш... Останува да видиме што ќе биде.

Фала многу што се грижиш. Фала.

Мислам дека се пронајдов од другата страна на твојов проблем хаха.Имам врска со особа што мислам дека исто чуствува и мисли како тебе.Со таа разлика што јас не сум напорен,не се праам нешо шо не сум,и оставам време повеќе од што и треба и океј и е сето тоа нејзе.Но по шо почнавме и еве веќе 2 месеци, мислев дека ќе одиме напред и дека ќе станеме малце посериозни.Но тоа не го гледам од нејзина страна,не била спремна за сериозна врска и не се замара многу многу со сегашнава каква и да е.Е сеа мислам дека и она го мисли тоа ко тебе,дека ова е обично друштво со машко(а не врска),дека е со мене само за да не е сама,се разочарала по шо виде дека и јас не сум совршен,комплицирана е..Е сега јас неможам да бидам у врска со некој шо не ме сака и не мисли сериозно на тоа што е со мене(можеби е грешка од моја страна што премногу сум сериозен за некои работи).Па многу пати сакав да ставам крај,но се ме одвраќаше другата страна на мојот случај,а тоа е моите претпоставки да се сосема погрешни и да сум цело време во заблуда и можеби и треба време да се прилагоди на мене,да ме засака.Но незнам до кога да чекам??Многу сум збунет ...
Сега, откако сите видовте дел од мене, откако знаете што носам јас на мој грб, можеби и се прашувате која сум пак јас, да ви давам совети, да мудрувам и да кажувам работи кои ни самата не ги применувам. И покрај тоа, и покрај можноста да го имате тоа мислење за мене, ќе си дадам за слобода да одговорам и на овој пост. Мислам дека едноставно треба да разговараш со неа. Не да глумиш, не да се трудиш да оставиш впечаток дека си маж што не може да биде извисен, едноставно да разговараш, за нејзините очекувања од таа врска, за нејзините чувства. Прашај, немаш што да изгубиш. Биди и ти искрен. Знам дека е невозможно за своите проблеми да размислуваш објективно, ама потруди се малце да ја анализираш кога ќе ти ги дава одговорите на прашањата, бидејќи знаеш дека може да ти каже дека се лажеш, дека и значиш, дека врската и е важна, не и е сеедно. И знаеш дека е можно да те лаже, зашто има луѓе што го прават тоа, без причина. Затоа прифати ги одговорите што само ти ќе ги оцениш како искрени, пошо сепак, ова го правиш за себе, и за никој друг. Мораш за себе да го сакаш и бираш најдоброто. Тоа е се што ти останува, мораш да си веруваш на изборот. Од тоа се состои животот, од тежнеење кон бирање на правилни одлуки. Се надевам нема да згрешиш. Само разговарај, би требало после тоа да знаеш на што си.
 
Фала на советот:smir:.Да прашам дали знае некој интересни извори на психологија као на пример Тв емисии,блогови,портали,списанија..Во последно време следам една емисија на мтв1 се вика "без точка".Многу ми се свиѓаат темите кои ги бираат,а и доста добри гости имаат.фала поздрав
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Медитација му е лекот , остај психологија се е тоа мајнд гејм .
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Медитација му е лекот , остај психологија се е тоа мајнд гејм .
ахам..мислев нешо као извор на информации и образование од областа на психологијата..не да се лечам хаха..поз
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Nedelkovski ако навистина сакаш тоа да ти биде и професија, запиши се на Психологија.
Доколку сакаш онака ради разонода да ти биде имаш доста од овие документарци, серии, книгички.
Јас би ти ја препорачал Lie to me за серија која не е нешто за што треба да се фатиш како пијан за плот, се работи за читање на човековите мимики (фацијални и телесни).
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
ахам..мислев нешо као извор на информации и образование од областа на психологијата..не да се лечам хаха..поз
Па види вака има две опции зошто те интересира психологијата.
Една е дека имаш потреба од неа то ест - "лек" .
Другата е дека сакаш да манипулираш со други луѓе користејќи ја предноста што знаеш повеќе во тој поглед.
Јас ти викам не ти треба ни едното ни другото.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
ахам..мислев нешо као извор на информации и образование од областа на психологијата..не да се лечам хаха..поз
Извор на информации ти е секој можен човек што го гледаш наоколу, само треба да научиш да ги црпиш.

--- надополнето ---

Да, па напишав во претходниот пост дека се однесува на мене, на мојата сегашна врска. Од една страна не можам, ама има и друга, не сакам. Зашто, чекав премногу долго, не беше отсекогаш таков. На почетокот беше човек што само можеш да си замислиш да го имаш. И го засакав. И сега знае понекогаш да биде тој, човекот за кој некогаш се прашувам што би било ако го изгубам. Што ќе биде кога нема да имам на кој да му се јавам во 3 саат навечер да му кажам дека нешто тропнало во дневна и дека ми е страв? Што ќе биде кога нема да има кој да ме охрабри да запалам светло и да одам да видам што е работата? Што ќе биде кога нема да го има човекот што ги знае моите маани и е сеуште тука да ми ја даде таа прегратка кај што се чувствувам безбедно?Знае колку знам да бидам неподнослива, и тука е, ме сака. Ама, што ќе биде пак, ако бидам слободна, ако можам да правам што сакам без на некој да му поднесувам извештај, да го убедувам дека не го лажам? Да не се плашам да облечам пократко здолниште, или да се нашминкам без страв дека некој ќе помисли дека тоа го правам за некој друг? Не знам, растргната сум помеѓу желбите и потребите, навиките. Така се осеќам. И затоа, се плашам да ризикувам. Се знам себеси, знам дека ако раскинам ќе се каам ќе си викам, зашто раскина, сега ова вака ќе беше,она онака. Вака барем оставам простор да се смени, некоја надеж. Знам дека се лажам, знам. Ама не можам да си помогнам. Можеби FLiX има право, можеби чекам момент кога веќе нема да има чувства, кога ќе ги уништи и нема ништо повеќе да ми остави, кога ќе ми се отворат очите колку време за уживање сум пропуштила. Сите ми го викаат тоа. И знам дека се во право, знам. Ама, знам и дека сите сме такви, не веруваме додека не осетиме на своја кожа. Кога ќе осетам колку ми земал, кога ќе ми се удри у глава и ќе бидам сигурна дека треба да бидам без него и тоа е единствената вистинска и правилна одлука, ќе го направам тоа. Секако еднаш ќе дојде момент кога ќе ја направи онаа работа од која ќе ми дојде преку глава. Знам дека ќе биде така. А до тогаш... Останува да видиме што ќе биде.

Фала многу што се грижиш. Фала.
Слатка, премногу се грижиш, затоа премногу ти доаѓа на глава. Премногу размислуваш, што ако ова, што ако тоа. Не сфаќаш дека сето тоа е само едно “што ако“. Не ги барај можните ствари, гледај ги тие кои веќе се точни, ова е вака, тоа е така. Крај на приказна. После тоа погледни се себе си и него објективно, ќе треба малку да се потрудиш ама ќе успееш, анализирај ја целата твоја врска и после одлучи што е најдобро за тебе.
Само немој да се водиш од тезата дека тој е еден и единствен, тој ти е моментално нај “перфектниот“ што го познаваш, ако можам така да се изразам, но сепак, тоа нималку значи дека од него нема подобар. Има толку многу луѓе на планетава кои ќе ти кренат во 3 саат сабајле, и ќе дојдат кај тебе дома со пушка, за во секој случај, да не те закача некој.
Од друга страна, провери дали вреди да ги изгубиш позитивните поради негативните негови страни, тоа најчесто е зезнатиот дел во врската. Некогаш вреди, некогаш не, тоа треба сама да одлучиш.
 
Фала многу што ете, се потруди да ми одговориш на ова и да ми ја олесниш ситуацијата. Се изгледа така убаво вака напишано, не изгледа така тешко.. Викаш, има толку многу луѓе на планетава што би ми кренале во 3 сабајле и ќе дојдат со пушка да не ме закача некој. Убаво е тоа, ама кај се тие луѓе? Не мислиш малце дека не е етички да тормозам некој у 3 саат сабајле на телефон, само зашто ете, не ми се спие? Не мислам дека нема подобар, далеку од тоа, само знам колку ќе ми биде тешко додека го најдам тој подобар. Тука лежи маката. Ама, ќе видиме... Понекогаш, кога сум до него, како сон ми се чини, толку е убав, внимателен... Не ми дава да одам од страна на улицата, за секој случај, да не ми се деси нешто, секогаш он оди од таа страна. Ама, после коа ќе почне да напнува со разни глупости, со кој сум се сретнала, што сум праела муабет, како сум се поздравила, дали сум се запознала со некој... Тогаш ми доаѓа бесот, збеснувам, си идам, и коа ќе останам сама, 10тина минути, ми поминува, само ми доаѓа, она убавото што е со него, само ми се враќа, и тогаш почнувам да плачам, и да анализирам кој каде греши, кој што треба да поправи... Колку што можам пообјективно. Само не знам дали е во мене проблемот, ама скоро секогаш излегува дека он треба да се поправи. Само тие работи да ги нема, никогаш нема да помислам на раскинување... Ама ете ги има. И толку пати ми доаѓа на ум дека правам грешка што му допуштам.. Ама едноставно, таква сум, меко срце имам. Не сум злопамтило. Ех, да бев. Да бев никогаш никој немаше да се заебава со мене. Ама, тоа е тоа. Сум едноставно, не знам да го памтам само лошото, не знам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom