- Член од
- 3 март 2009
- Мислења
- 601
- Поени од реакции
- 178
Да, можно е. Всушност, не само што е можно, туку е и препорачливо ако си имаш проблеми со кои не можеш да излезеш на крај. Само има разлика од психијатар до психолог (не толку тоа што психијатарот се занимава со ментални нарушувања, а психологот со нормални здрави личности), туку тоа што психијатарот може повеќе да се ориентира кон тоа да ти препише лекови, зашто обично таму одат луѓе со понапреден облик на депресија, па им требаат лекови за да се чувствуваат подобро, а психологот не смее да препишува лекови и негова задача е проблемот да го реши со разговор, ќе те насочи како да размислуваш, каде лежи проблемот штом нон стоп ти се повторува тоа, ќе ти помогне да ги надминеш. Истото тоа го може и психијатарот, само јас мислам дека си премногу млада за да пиеш лекови, што сум сигурна дека ќе ти го каже и било кој психијатар, тоа им се препорачува на посериозни случаи, на повозрасни луѓе. Значи, мое мислење е да одиш на психолог. И нема ништо срамота во тоа, немој да си поставуваш предрасуди како што имаат обичај недоволно информираните луѓе, зашто одењето кај стручно лице може да ти биде од голема корист.Дали е мозно да се оди на психијатар заради константни љубовни проблеми кои предизвикуваат депресија/огорченост/тага?
1. Па, добро јас се некако имав впечаток дека гледаш вести претерано. Ама ете, моја грешка. Можеби до тие сознанија доаѓаш од муабетите на постарите, или не знам, се е можно, актуелни теми се. Во секој случај, поентата беше да се трудиш да избегнуваш ситуации каде се дискутираат тие теми, зашто гледаш дека ти го нарушува нормалното секојдневие. Гледај да мислиш на поубави теми, гледај да си внесеш радост, читај книги со весела содржина, што ќе те оддалечат од состојбата во Македонија.1. Последниов месец на тв гледам само Кога лисјата паѓаат и фудбал
2. Џабе е сонував пак, мојте реакции можам да ги контролирам а според нив оди и текот на сонот. п.с. играм пинг понг секој ден
Утрово бев до Скопје ( со автобус нормално ), а пред тоа и се јавив на братучедка ми ( нејзина најдобра другарка ) и и ја раскажав работава. Ми кажа дека и девојка ми така се чувствувала и исто така се затворила. Се договоривме да и направиме изненадување па братучедка ми ме пречека на автобуска и заминавме кај братучедка ми дома. Братучедка ми и се јави на девојка ми и и вика „Срцка, дојди кај мене имам изненадување за тебе“. Се скрив под кревет и едно половина час седев и добро излегов и ја натерав братучедка ми да излезе од собата. И правевме муабет за се и и ветив дека секој викенд ќе одам во Скопје за да не се случуваат повеќе вакви работи.
Инаку кога се вратив од Скопје со друштвото излеговме низ град и стара приказна ептен женски се вртеа околу мене ама денес бев отпорен на нив ко Супермен на куршуми........
ставови ? епа кај нас двајца не важи она „таа е позгодна со неа ќе се фатам“ ( за неа обратно )
2. Епа, добро де, ако сонуваш, ти реков, можеш да се натераш да одиш кон позитивни работи, од сонот сепак да направиш нешто во што ќе уживаш, наместо војни, во што се сомневам дека уживаш. Особено е невообичаено за дете како тебе да се замара со тие работи, а верувам дека не само што е невообичаено, туку е дури и неубаво. Се надевам дека не си толку чуден да ти се допаѓа тоа . Дете си, треба да уживаш, војни сеуште не те засегаат. Проба ли медитација?
За пинг понгот добро е штом играш, релаксиран спорт е. Само што не трошиш многу енергија играјќи. Ама добро, и тоа е спорт, не е лошо во секој случај .
3. Убаво штом си дошол ваму, гледаш се средило се. Само не знам колку било добро што си и ветил на девојката дека ќе доаѓаш секој викенд, пошо не знам колку е тоа изводливо. Сигурно имаш обврски и со школо, и други работи. Можете да се договарате и таа да доаѓа кај тебе понекогаш. Ама добро, за тоа вие си знаете, важно сега е се во ред, успеал разговорот
А ти ако не сакаш да се ставаш во искушение (штом толку девојки ти се лепат, најверојатно си привлечен за нив), па можеш да им дадеш директно до знаење дека имаш девојка. Дека и тие се можеби фини, и дека ако би бил слободен можеби би имале шанса, ама вака дека не е во ред ако знаат дека не си слободен. Јас те сфаќам многу добро за тоа дека си машко и дека ти расте егото кога девојки се врткаат околу тебе, ама запамти дека не е поголем фраер тој што ќе фати повеќе девојки, туку тој што ќе и биде верен на една девојка, а другите ќе му бидат или другарки или девојки што знаат кога е зафатен. Верувај, баре мене не е ми е особено привлечен некој што се шета со 5 девојки на едната и уште 5 на другата рака, а телефонот му ѕврцка на секои две минути, го бара девојката го прашува каде е. Напротив, многу повеќе би почитувала некој што е згоден, се знае дека на многу девојки им се допаѓа, ама фино и културно им има кажно како што стојат работите, и и се посветува на девојката што ја сака.
А за ова, многу ми се допаѓа тоа што не сте површни луѓе и не ги гледате толку физичките особини. Фино, ептен. Само, што сакаше да кажеш со тоа 'за неа обратно'? Таа би се фатила со некој што е позгоден од тебе? Мислам, ги бира луѓето според 'згодноста'?
Некогаш кога ќе изгубиме драга личност на почетокот кога не држи лутината, може да се излажеме, да си речеме дека не е толку страшно, што е една личност наспроти цело друштво што е тука за нас? Ама, сепак, кога ќе помине време, сепак таа личност, фали, активностите не се целосни без неа, атмосферата е друга. Од еднаш, светот се чини различен, посиромашен. И, е посиромашен. Можеби е вистина, не знам, не те знам ни тебе ни друштвото, можеби навистина не те познаваат доволно, не знаат како треба со тебе, сеуште немате изградено однос. Иако, не е лошо повремено да се најдеш во нова средина, нова ситуација и нови луѓе. Обиди се да им дадеш шанса на овие луѓе да ја заслужат твојата благонаклонетост, обиди се да им дозволиш да те запознаат подобро и да научат како да се однесуваат со тебе.во последно време многу сум депримирана и се осеќам многу идиотски пред други личности. Можеби е резултат на тоа што изгубив еден доста добар пријател пред неколку месеци и дури сега излегува сето тоа на површина. Новото друштво можеби не ме познава доволно и не ги знае моите проблеми. Како можам да продолжам да живеам без него . Помогнете ве молам.
Не знам за што си го изгубила пријателот, дали ти си била крива, се случило недоразбирање, тој бил крив а не сакал да признае... Или, (не потенцираше во постот) се надевам не е во најлош случај тоа 'изгуби'. Ако се работи за едноставна караница, ако ти си била крива, и сега ти е тешко поради тоа, најверојатно знаеш што ќе ти речам - јави му се, обиди се да ги поправиш работите. Некогаш меѓу добрите пријатели се наоструваат односите со постојано контактирање, и едноставно се уморуваме од нив без оглед на тоа колку ни се драги. Тогаш е навистина потребен некој месец да се одмориме, и после обично се е во ред, се функционира најдобро. Се враќаат контактите, дружењата, се навикнуваме пак и се е супер.
Според насоката на нашето реагирање и начинот на изразување емоции, има три типа луѓе. Интровертни, екстровертни и комбинација од тие две. До тоа да станеш еден од овие типови на луѓе влијаат многу фактори, ама не е сега поентата ова да го разглабаме, туку да дојдеме до некое решение за проблемчето. Екстровертните луѓе се повеќе насочени кон надвор, како што и кажува самиот назив. Значи тие се навикнати да се нон стоп во друштво, тешко им е кога се сами. Некогаш дури и непријатно. Па, кога немаат некој наоколу се чувствуваат осамени. Ретко луѓето се баш екстровертни или интровертни, често се комбинација. А и не мора да значи дека во секој момент ќе реагираш во согласност со тоа, иако си екстровертен тип некогаш ете може да имаш потреба да бидеш сама, да се запознаеш подобро самата себе.Вака сега, не знам дали е страв од осаменост, не ме плаши толку осаменоста, сум била сама иако сум имала дечко и не знам шо..али јас викам не знам како е да се биде сам..т.е не можам да бидам сама..јас ок има моменти кога сакам да немам никој, али се кратки. Не сум срамежлива..напротив сум мн опуштена и никогаш не ми било проблем да пријдам на некој, ниту пак да фанам дечко. Не знам како да се изјаснам за подобро да бидам сфатена. Цел мој живот сум опколена со некој ( било другарка, цимерка. дечко итн ) за тоа јас не можам да поднесам да немам никој..Ако сум сама на пример еден месец. два, три и сл..ме мава дамла ми треба некој за разговор за кафе и сл..Сега кога по не знам кој пат го читам тоа со го пиша размислувам и дали воопшто се чуствувам некогаш осамена..Според мене има разлика од страв од осаменост и немање навика да се биде сам. Јас не знам како е да се биде сама..постојано сум опкружена со некој.
Заклучивме дека ти имаш повеќе карактеристики на овој тип, ама мислам дека тука не е проблемот во тоа. Туку, како и на секого, после долготрајна врска, нормално остануваат траги, нормално е да се чувстуваме осамени кога цело време бил некој тука за нас, а сега од еднаш нема дечко на кого ќе му ги покажуваме емоциите. Па, секако се јавува таа потреба. Ама минлива е. Ќе ти кажам едно мое искуство. Пред две години имав еден дечко, не одевме ептен долго, 7 месеци. Ама ми значеше. Не е важно, од кога раскинавме ме повреди многу, ама не е важно тоа. Значи од кога раскинавме ми требаше можеби месец дена за да се вратам. И после не можам да ти опишам колку ми беше убаво слободна. Можеби 7-8 месеци немав ни еден дечко, ништо, и не ни сакав. Многу ми беше убаво. После тоа се појави некој, не е важно. Ама сакам да ти кажам дека кога си без дечко можеш повеќе да уживаш, да правиш што сакаш. А замисли најдеш некој што мислиш дека е супер, почнувате врска и полека почнува да станува љубоморен, посесивен, ти прави проблем ако седиш на интернет, ако се поздравуваш во образ со машки, ако прифаќаш машки на фејсбук... Тогаш подобро ќе ти биде да бидеш слободна или да го трпиш тоа? Размисли, никој не е совршен. Колку и да е супер тој дечко што би го нашла, нема да е совршен, ќе се скарате понекогаш. Убаво е да си слободна.
А и, размисли малце во контекст на 'македонскиот' менталитет што владее насекаде. Ако те видат со повеќе од еден дечко со малце време измеѓу, одма те етикетираат како к*р*а. Малце погрешно размислување имаат. Сега и јас мислам дека не е убаво со секој втор да се муваш, ама не чинат ни тие предрасуди. Сепак уште е тука останат дел од мислењето дека девојката мора да е чиста и невина пред да влезе во брак, што воопшто не е во согласност со новите начини на размислување, и ставови на младите луѓе во 21 век. Не треба да ти е многу гајле што зборат другите за тебе, зашто секако ќе има некој што нема да му бидеш омилена, што е и нормално, не мора сите да те сакаат. Ама, знаеш, ако од повеќе луѓе слушнеш негативни критики, можеби треба да се подразмислиш малце. Ти го кажувам ова за да не со доведеш во ситуација да размислуваш за ова. Биди си опуштена, прави што мислиш ТИ дека е во ред, биди со оној кој ТИ мислиш дека е добар. Само не е лошо и да прифатиш сугестии од пријателите. Мислам дека штом викаш дека си имаш другарки, излегуваш и се, дека не ти е неопходен дечко, и дека немаш причина да се чувстуваш осамена. Можеш да разговараш со другарките, ако ти е тоа потребно, ако сакаат да поминуваат повеќе време со тебе некој период додека не ти се среди ова. А и не е убаво штом мислиш дека ти треба дечко, да најдеш некој и да бидеш со него само поради таа 'потреба'. Тоа не би било ни љубовна врска.
Малце многу исфилозофирав, се надевам успеа да го дочиташ ова пред да ти се смачи.