Здраво.
Имам страв кој произлегува од сегашните неуспеси дека нема да успеам да ги отстварам моите главни цели во иднина.Тоа ми ја нарушува самодовербата и вербата во целите и идеалите кој сум ги створил до сега.
Искрено мислам дека сите си имаме такви моменти, сите имаме периоди кога патиме од несамодоверба, кога мислиме дека нема да успееме. Сите се плашиме од неуспех. Ама, тоа дали ќе успееш зависи од тебе. На пример, ти можеш да имаш за цел да станеш многу добар пејач, ама ако немаш потенцијал колку и да се трудиш, нема да бидеш толку добар. Сакам да кажам, дека не чини да си поставуваш (ако е така) нереални и повисоки цели од твоите можности. Тогаш имаш реално шанси за неуспех. Ама ако си седнеш и си размислиш, дојдеш до заклучок за што те бива за што не те бива, што можеш да постигнеш што не можеш, и што те интересира а што не, мислам дека можеш да си поставиш реални цели кои можеш да ги достигнеш. Сите си имаме фантазии како би било ако би било ова или она, ама често се само фантазии, реалноста е сосема нешто друго.
Друго нешто, сигурна сум дека знаеш, дека има периоди кога имаме подеми и падови. Нормално е кога нема да успееш нешто да се демотивираш, ама можеш и на тоа да влијаеш. Мислам дека повеќе треба да гледаме на неуспесите и грешките како на искуства, отколку да се разочаруваме и да се сметаме за неуспешни. Во секој случај, неизбежно е понекогаш така да се чувстуваме, ама треба да знаеме што сакаме за да знаеме во која насока да се насочиме, така сум убедена дека многу ќе постигнеме.
И самиот кажуваш дека имаш до сега постигнато дел од она што ти било во план. Тогаш што те спречува да продолжиш? Знаеш дека некогаш нема да успееш, ама зашто не го гледаш тоа како стимул за следниот пат да имаш едно искуство повеќе, и една шанса повеќе да успееш? Мислам дека ќе бидеш во ред бидејќи проблемот не ти е голем, и е општо позната работа. Не се секирај, ќе успееш секако кога ќе дојде време, ако вложиш труд и упорност.
Имам 3 проблема
1. Во последно време ме јаде некоја нервоза заради состојбата во државата. Заради неа попуштив со школо во периодот во кој највеќе треба да учам. Како да се релаксирам ?
2. Во последно време имам многу милитаристички мисли и сонови. Пред 2 години гледав интервју на телевизија со еден „јасновидец“ кој велеше дека 2012-2013 ќе почне трета светска војна и дека пред тоа некој јак шеик ќе биде убиен, по него ќе биде убиен Путин а по Путин, Обама. Пред 2 месеци прочитав дека бил убиен еден од најбогатите шеици што имал купено 2 држави од Обединетите Арабски Емирати. Од тогаш почнав да мислам за третата светска војна и почнував да сонувам сонови ( до 3 пати неделно ) како ја завземаме Бугарија и Грција со помош од Турците и Русите. Во моите сонови јас сум обичен војник и до сега имам убиено преку 4.000 грци сам. Моментално сме стигнати до некое место Monemvasia каде што има многу жестоки битки. Сонот може да го контролирам да тече по оној редослед како што јас сакам. Тоа го открив пред 2-3 дена кога ми беше последниот сон. Како да го завршам? Да се самоубијам во сонот или да продолжам со освојување па да видиме што ќе се случи или... ?
3. Во последно време многу женски се врткаат околу мене ма да знаат дека сум зафатен ( имам девојка ). Доаѓам во искушение да ја измамам секој пат кога излегувам со другарите в град. За сега е се во ред, се затворив како во карантин и во ред е.
Мислам дека знам како да го решам проблемот освен мсн, скајп. Прв автобус и за Скопје под итно да се видам со женска ми мислам дека тоа ќе реши се, барем до нова година.... Друга идеја ?
1. За државата мислам дека си загрижен исто колку и сите државјани, сигурна сум дека сите се грижиме околу што ќе испадне со името, дали ќе успеат да не растргнат, дали ќе банкротираме..? Секако ни е лоша состојбата, бидејќи нашите водачи не доведоа до состојба да патиме за леб, ама важно имаме симболи од секој град во светот. Да ни дојде некој од страна во Скопје, исто ко да го прошетал цел свет
Многу сме во незавидна положба, како ти, така и останатите 2 милиони. Ама ништо не можеме да направиме. Поготово додека уште сме деца, мислам дека не ни е место да се замараме со овие општи проблеми. Што ќе стане од нас, ако секој ден мислиме на глобалното затоплување, на сите земјотреси што почнаа да се случуваат низ светот...? Нема да имаме мир. Нема да можеме да спиеме од страв. Ама работата е што не можеме ништо да промениме. Да зависи од нас и да мислиме, добро, сепак имаме удел. Ама ако апсолутно ништо не можеме да направиме, мислам дека не вреди да си ја тупиме главата со овие работи. И еве ти конкретно едно советче за проблемот: мислам дека треба да намалиш гледањето вести, и телевизија општо. Наместо тоа, пушти си музиче, некое филмче, иди прошетај, џогирај, вежбај. Ти ја пунат главата со секакви глупости и те 'пумпаат' со негативна енергија, и еве ти го резултатот. Нема да можеш да спиеш поради секојдневното бомбардирање со негативни информации. Има многу побитни работи да се прават од замарање со проблеми што не зависат од нас. Има кој да мисли за тоа, ти треба да уживаш. Ако не дај боже дојдеме во ситуација да мораме да мислиме за тоа, тогаш ќе мислиме, остај го замарањето за кога ќе треба. Сега бар мислам дека уште не сме дојдени до тој степен. Џабе си го кратиш животот
2. Ете, и за ова прашање ми важи советот: ПОМАЛЦЕ ТЕЛЕВИЗИЈА! Гледаш до кај си дошол? Мислам дека мораш нешто да си превземеш. Мислам дека ретко кој сонува вакви работи и се замара со тоа до тој степен. Значи, прво под итно мораш да го остаиш телевизорот да фати малце прашина, и да забораиш кај стои далечинското, и второ, за сонот. Штом веќе го сонуваш тоа и можеш да влијаеш, мислам дека треба да се натераш себе да се вратиш дома од таму, од тоа Монемвасиа, и домата да си ја замислиш поубаво од што е реално, со цвеќиња, пеперутки, ливади, без војни и глупости. И само да дојдеш и да уживаш. И, можеш уште (не во сонот) да пробаш да медитираш. Разгледај на интернет, земи си некое книгиче. Убаво мислам дека ќе ти помогне да се опуштиш и малце да си го оддалечиш паметот од суровата реалност и од неважните работи со кои се замараш. Почни да спортуваш (ако до сега не си почнал), и тоа убаво ќе ти дојде.
3. Абе, неверството е баш неубава работа. Ако некого изневеруваш значи дека не го почитуваш. Сфаќам дека некогаш можат да се измешаат чувствата, да не знаеме што сакаме. Ама мораш тоа под итно да си го средиш со себе. Можеш да отидеш да се видиш со девојката, ако мислиш дека ќе ти помогне. После тоа размисли како се чувстуваш со неа, колку ви е цврста врската, колку има столбови за стабилна иднина. Ако едноставно ви се оладени чувствата, не знам, раскини. Само ќе биде многу подло ако и го направиш тоа. Познато е дека врските на далечина се тешки за одржување, често чувствата избледуваат од проста причина што не сте често заедно да ги одржувате. Затоа мораш да си решиш, пошо во таквите врски мислам дека има повеќе искушенија за неверство отколку во врска што е меѓу двајца што се заедно и можат да ја градат врската. Размисли добро, разговарај со девојката. Не знам колку ви е близок односот, ама мислам дека би требало да зборите за ова. Зашто ако сварно ретко се гледате, можеби и таа има некогаш такви искушенија да направи нешто со некој друг. Не сакам да ти ставам мува во уво, можеби и нема врска, ама може и таа да се чувстува како тебе. Ако веќене можете да бидете постојано заедно, можете да се договорите да имате отворена врска, да се гледате кога можете, ама без обврска, зашто така ќе има премногу искушенија и ќе биде тешко ако пукне. Може не е добра идеја ако се решите за овој чекор, да се прашувате кој со кого се мувал, кој колку пати го направил тоа. Само опуштено. Зашто така ќе ја избегнете љубомората. Уште полошо ќе биде ако се решите да имате отворена врска, и се јави љубомора. Нема да биде фер, ќе почнете да се гушите, и најверојатно ќе ви пукне врската. На крај краева не ве познавам ни тебе ни неа, не знам какви луѓе сте, какви ставови имате, како се однесувате и кои принципи ги почитувате. Можеби да сте дел од таква врска не ви е својствено. Затоа можам само да погодувам. Јас ти дадов мое мислење, се надевам ќе е во согласност со твоите особини. Се надевам дека ќе ти помогнам.