Кајгана психолог

Р

~~РубинРед~~

Гостин
Има добри другари и другарки само што секој со своето искуство, јас имам 1 многу добар другар и другарка.. До нас е какви другари бираме и што сакаме...
Не велам дека не постојат но таквите се многу ретки...повекето се заради корист со тебе...и може е до нас,на сите веруваме.
 
kompas

Junior
Член од
21 септември 2009
Мислења
107
Поени од реакции
3
Не велам дека не постојат но таквите се многу ретки...повекето се заради корист со тебе...и може е до нас,на сите веруваме.
priznavam deka ima takvi i sekoj od nas sretnal barem edna takva licnost, koja te koristi samo samo za licna pridobivka ili
licemeri ....
ama imam i nekoj na kogo mozam da se potpram vo sekoj moment i nikogas ne pobarale nisto za vozvrat ....
Sepak na krajot na kraistata, moras da imas nekoj vo zivotot da mozes da se potpres ... ili gresam ... ?
 
Јас имам...сега за сега,за понатаму незнам,ке видиме...Веке спомнав денеска се повекето лицемери и не можеш да се ослониш секој момент...од таквите што изиграваат добро пријателче се додека си им потребен ми е преку глава.
Мора да имаш,секако,таквите психички болки не поминуваат толку лесно за жал,некои разбираат како ни е(во случај ке го спомнам пријателот кој е покрај тебе во добро и лошо)а оние кои не разбираат (лажните пријатели)бегаат од тоа да ни помогнат.
Ретки се правите пријатели:toe:
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
106
Поени од реакции
261
Ви благодарам на сите за советите, навистина ми дадоа сила да продолжам понатаму. Единствено што ми остана во дилема, е дали и на кого да се отворам. Личноста која знае дел од сево ова, не ги знае оние “помрачни работи“, но се мислам дали да и кажам, со оглед на тоа Што во последно време сме во заладени односи. Кога ми е дома се ок, и јас сум супер, но кога ќе настапи некоја кавга, или кршење на покуќнина, немам мотивациј за ништо. Знам дека на другите понекогаш им е чудно што вака ненадејно го менувам расположението, и поради тоа имам потреба да кажам, но не знам дали е тоа правиот чекор...
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
^
Aко мислиш дека ке се осекаш подобро ако го кажеш тоа на твојот близок пријател/ка стори го ништо не губеш...можеби ке успее да ти помогне.Ако ти е вистинси пријател нема да те напушти...:toe:Штом досега бил покрај тебе и не те напуштил до сега не верувам дека ке го стори тоа и да те напушти.

Поздрав и со срека:smir:
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
10
Поени од реакции
2
Ви благодарам на сите за советите, навистина ми дадоа сила да продолжам понатаму. Единствено што ми остана во дилема, е дали и на кого да се отворам. Личноста која знае дел од сево ова, не ги знае оние “помрачни работи“, но се мислам дали да и кажам, со оглед на тоа Што во последно време сме во заладени односи. Кога ми е дома се ок, и јас сум супер, но кога ќе настапи некоја кавга, или кршење на покуќнина, немам мотивациј за ништо. Знам дека на другите понекогаш им е чудно што вака ненадејно го менувам расположението, и поради тоа имам потреба да кажам, но не знам дали е тоа правиот чекор...
Како што мислиш дека е најдобро, на факт е дека емотивната болка и тагата не треба да се чуваат во себе, треба да се пуштат надвор, да се исплачат, пред некого на пример. Не може човек сам да живее, потребен му е друг што ќе биде со него и ќе го сфаќа. Јас имам впечаток дека ептен си се изолирал, што не чини, воопшто. Инаку сакав да ти кажам ако некогаш почувствуваш потреба да одиш на психијатар да знаеш дека има државни на кои не мора да им плаќаш, само плави картони ќе ти трбаат, и да се распрашаш за некој подобар :). Ама тоа ако некогаш ти се појави таа потреба да знаеш дека можеш да си ја дозволиш на тој начин. Ај ако ти треба уште муабетње ние сме тука :) Поздрав
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Би сакал одговор пред се од постари поискусни форумџии.
Значи вака, сведок сум на семејно насилство(а неколку пати и жртва) откога знам за себе. Среќните моменти во целиот мој живот се многу малку. Домашната ситуација ме натера да се повлечам во себе. Многу работи претргав, моите се разделија и пак се заедно, но сепак ниШто не е сменето, можеби дури и е полошо. Преселувањето во друго средина наводно требаше да ги реши проблемите, но безуспешно, само се влошија работите. Постои можност моите родители да се разведат, или пак да се селам пак. Имам неколкупати помислувано на самоубиство, но изгледа бев преголема кукавица. Немам другари, во смисла со кои би се дружел и излегувал. Не е дека не сакам, едноставно почнав да се плашам од социјални контакти. Исто никогаш не сум имал ни девојка, ниту сум се мувал, просто кажано, која би била со мене доколку разбере за мојот живот. Се сметам дека сум далеку поинтелигентен од моите врсници, но кога ќе се споредам со нив, се чувствувам ко копук, ко некој изрод, бидејќи тие го живеат својот живот. Доаѓа летото, кое го мразам, бидејќи сум сам, а и моите имаат највеќе кавги тогаш. Во последно време ми е дојдено преку глава, така што пак црни мисли ми доаѓаат на ум. Ученик сум во една скопска гимназија, од есен ќе бидам матурант, но којзнае дали ќе го дочекам тоа... Учењето оваа година ми претставуваше огромна тешкотија. Никој од тие што ме познаваат не ни претпоставуваат за овие работи(освен се разбира тие што ми биле соседи)Сум помислувал понекогаш и да избегам од дома, но имам помала сестра која морам да ја чувам. Засега, само на една личност и имам кажано за ова, но не за малтретирањето, само за живеењето со еден родител. Се мислам дали да се отворам и да и ја кажам целата вистина, но сепак секој што би го знаел ова,од срам не би можел да го погледнам во очи, па практично би го расипал другарството. Би сакал да знам што да сторам, како да се борам да се спасам себе.Токму затоа и барам помош на форумов, сметам дека најдобро би ме посоветувал некој кој не ме познава, и него познавам, а и не сум во економска состојба да одам на психијатри.
Ќе ве молам да ми одговорите во најкраток можен рок, и тоа ако може личности со поголемо животно искуство.
И јас имам нешто слични искуства ко твоиве,ако сакаш да помуабетиме на оваа тема пиши ми на мсн.Иначе кје се обидам да ти помогнам со некој совет.Тоа што си сам не е океј во никој случај но знаеш како викаат во секој зло за добро.Значи види која е позитивната страна на самотијата ДА СЕ ПОНАЈДЕШ СЕБЕ СИ.Докажано е дека човекот кога е сам највеќе размислува за себе си,така искористи го овој момент.Размислувај за себе и за својата идинина.Креирај ја,размислувај за неа,постави си цели и ИСПОЛНУВАЈ ги што е многу битно,по шо после тоа се чуствуваш посамоуверен дека можеш да ја победиш секоја пречка пред тебе.Гледај инспиративни филмови "The secret","pay it forward","Karate kid":D,читај книги "моќта на потсвеста" "ентузијазмот клучот на успехот" еве ти некој дела кој мене ми оставиле длабок впечаток.Учи постојано за животот,затоа што животот е вештина.Ништо друго не ти преостанува освен да се бориш.Тоа ти е закон на живтот,мора да се покориш пред него.Образувај се,затоа што образованието ти дава неограниченост,у стилот да се развиваш постојано.Се надевам дека се ќе биде во ред со тебе и дека еден ден кје станеш силна и личност на која ќе и се восхитуваат.БИДИ ХЕРОЈ на твоето време.поздрав :helou:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Loner.

Dood. Почни да живееш, неможеш да дозволиш една дупната гума да те сопре од патот. Научи да бидеш малку дебелокожец, и да бидеш копиле. Биди маж ебаго, не земај се во себе, не трпи све ко пичкетина, не бегај ебате. Од проблемите неможеш да избегаш, кога тогаш ќе те стигнат и ќе те треснат по глава, ама затоа можеш да ги решиш, неутрализираш, и да ти биде мирна главата. Има некои ствари на кои мора да се навикнеш, некои ствари што сега ќе мора да ги научиш многу побрзо од нормалното (социјализација, џемцки, мување, и слично) ама ништо од тоа не е проблем дококлу сакаш. Пошо ако сакаш, тогаш можеш. Целата работа е во тоа да се помириш со реалноста, и да дозволиш тие неколку ситници потиснати да ти го прават животот поарен, интересен, убав, а сите други срања, само ги џиткаш во шоља и пушташ вода. Нашки кажано, кур те боли.
<--- click me, to reveal the formula.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
106
Поени од реакции
261
Здраво, пак јас.
Мислев дека ќе успеам некако да се сносам со овие работи, но повторно почна да ми паѓа самодовербата. Се трудам, но работите не одат баш како што очекувам. Гледам да се зближам повеќе со луѓе кои ги познавам, и да обновам стари контакти, но сепак на луѓето им доаѓа ова чудно, со оглед на тоа што бев поповлечен. И воопшто не е лесно како што мислат другите, јас не сум херој од некој филм кој одненадеш добива сила и прави како што сака, ова што го живеам е реалност. You have to live it , to feel it...
Некој спомна дека може на психијатар да се оди и само со сини картони, па ме интересираше ако знаете, дали доколку се решам да отидам, дали тој нема да ги извести социјалните служби, или други надлежни институции, па да си направам поголеми проблеми? Колку што јас знам, разговорот со него останува тајна, но не сум сигурен дали е така и за мојот случај. Поздрав и фала ви многу.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727

Прво, не брзај. Ако до сега си живеел повлечено, осамен и без пријатели, не можеш да очекуваш дека луѓето ќе те прифатат во истиот момент кога ти ќе решиш да им се отвориш. Како и за се друго, потребно е да поработиш на ова поле. Гради другарство полека, преку дела, а за тоа треба време-па, понекогаш и цел живот :) Важно е да не се обесхрабруваш. На секој "неуспех" гледај како на чекор напред. Секогаш добиваш, погодуваш, искуство. Ако живееш во изолација и во стаклено ѕвоно заедно со мислите за неуспех, разочарување и помала вредност, пак погодуваш, се труеш и само прашање на време е кога ваквиот став нема да ти остави повеќе ниту една позитивна мисла за себе, ниту пак трошка од желбата за интеракција со околината. Затоа, главата горе; мисли позитивно, смеј се-за да ти се насмевне целиот свет! :)

За делот со психијатар...мислам дека прво треба да поразговараш со психолог. Тој (или таа) уште при првиот разговор, ќе ти каже дали треба да одиш на "повисоко" ниво ;) Обично знаат со две-три реченици да вразумат и да разбудат од сон...што ти се вика школа, едноставно знае што да ти каже за да те врати во реалноста. Дали има такви што работат со плави картони, за жал, не знам.

П.С. И, дете, според постовите "звучиш" прилично интелигентно, искористи го тоа!
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
10
Поени од реакции
2
Здраво, пак јас.
Мислев дека ќе успеам некако да се сносам со овие работи, но повторно почна да ми паѓа самодовербата. Се трудам, но работите не одат баш како што очекувам. Гледам да се зближам повеќе со луѓе кои ги познавам, и да обновам стари контакти, но сепак на луѓето им доаѓа ова чудно, со оглед на тоа што бев поповлечен. И воопшто не е лесно како што мислат другите, јас не сум херој од некој филм кој одненадеш добива сила и прави како што сака, ова што го живеам е реалност. You have to live it , to feel it...
Некој спомна дека може на психијатар да се оди и само со сини картони, па ме интересираше ако знаете, дали доколку се решам да отидам, дали тој нема да ги извести социјалните служби, или други надлежни институции, па да си направам поголеми проблеми? Колку што јас знам, разговорот со него останува тајна, но не сум сигурен дали е така и за мојот случај. Поздрав и фала ви многу.
Епа не е лесно ама мораш да се трудиш, и кога ќе успееш да се вратиш на вистинскиот пат и трудот ќе ти се чини посладок, колку и да е тежок сега. Јас би ти рекла за психијатар ако имаш потреба да отидеш ама немој да се надеваш дека психијатарот ќе ти ги реши сите проблеми или ќе ти биде прв пријател во нужда, затоа што сепак работиве се нешто што сам мораш да го решиш, сам да го изградиш животот кој сакаш да го живееш. Е сега психијатарот најверојатно ќе ти помогне колку толку само глеј да се распрашаш за некој подобар, а доверливоста е загарантирана кај него, ако некоја информација излезе од сесијата без ти да сакаш лиценцата на него може да му биде одземена и да не може да работи повеќе како психијатар. Ова за сестра ти претпоставувам се плашиш, како што знам психијатар не се меша во тие работи, тоа не е негова област. Е сеа сите ти изнапишавме совети тука ко да со советиве можеме да ги решиме реалните проблеми кај тебе, ама не можеме, можеме само да ти укажеме дека не си сам, дека многумина сочувстуваат со тебе и навиваат за тебе, затоа не се предавај, ниту за миг :), ќе биде подобро. Еве со нас оствари неколку пријателства, значи имаш од каде да почнеш со спријателувањето, не е тоа ништо страшно, само треба време. Јас исто ко тебе се имав ептееееен изолирано и после долго време ми требаше да си направам нови пријателства, тоа е нешто што се гради и му треба време, значи биди трпелив и не губи вреба, ќе си дојдат полека и тие нешта на место, само битно е да не се откажуваш. И те посоветував минатиот пат па ќе ти спомнам и сега, ако имаш такви афинитети земи посвети се на некое хоби како уметност, добро со овие нешта е тоа што ти го одземаат комплетно вниманието и не мислиш барем некое време на проблемите, башка и создаваш нешто, а подобро од тоа НЕМА :). Ајт поздрав и не се замарај многу
 
Член од
26 април 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
Здраво имам еден проблем кој се вика Социјален Живот.Уште како мал по природа бев срамежливо и молчаливо дете,сум дозволувал да ме "газат",сум немал цврсти ставови или пак цврст карактер во текот на детството.Тогаш овој проблем го потиснував и неми беше важно толку тоа,но истиот ми се врати како бумеранг и ме удри по глава.За овој проблем сфатив пред 2-3 години и цело време пробувам да го решам.Градам пријателства и другарства постепено но некако бавно ми оди сево ова.Најголем проблем ми е што 90% од добрите другари ми се онлајн другари.Неможам да најдам во мојава околина добар и искрен другар,имам пријатели но не и другари.Имам проблеми исто така со искажување на свој став,со самодоверба,со себепотценување ,комплекси од детството на срамежлива личност.Друг проблем што ме мачи е тоа што имам 19 години,а луѓето на прв поглет ме проценуваат на 16 годишен тинејџер.Како да ги искажам своите ставови?Како да се отворам кон светот,да му ги покажам моите квалитети..?Како да бидам тоа што сум пред другите?Фала,позз
 
Аа момак, ти имаш огромен проблем. Ама проблем како проблем секогаш има решение.
Вака сега, по мое мислење, ти немаш проблем со социјализација, имаш проблем со храброст. Всушност ти немаш гз да се појавиш таков каков што си во светот. Е сега, работата е во тоа што ти касниш барем 5 години, немаш искуство со светот, почни да искачаш, немора да збориш нешо премногу, ама учи од околината малку, најди си ја твојата позиција во останатите 7 милиарди луѓе. После тоа, (патем не забегуј со години, две три недели основните работи) ќе седнеш дома, сам, или со некој кој ти е близок/психолог/психијатар направи си муабет, би ти препорачал некој психијатар или човек вешт во совети поврзани со живот, одлучи се каков си, најди го своето јас, оформи си го карактерот и појави се во светот, почни масовно да се социјализираш, не дозволувај неколку падови да ти го уништат животот, да заглавиш во едно време. Целата поента е во 4 работи:
1. Адаптација
2. Самокритичност и самоанализа
3. Храброст
4. Not Give a Fuck about stuff you don't like.

После тоа, кога веќе ќе имаш некакво друштво, (не очекувај одеднаш да имаш 400 другари) ќе процениш дали се тие луѓе на место, ако се, ќе процениш/прашаш што тебе ти фали во карактерот, негативни особини, и ќе ги поправаш, една по една се додека не стигнеш на позиција каде што карактерот ти е smooth and polished.
Кога ќе стигнеш до тоа, тогаш е време за масовно социјализирање. And you live happily ever after.

Е сега, за да стигнеш до сето тоа, предходно мора да расчистиш сам со себе.
Има нешто што се вика автосугестија или така нешто, во принцип станува збор за програмирање на свеста и подсвеста (каде патем не е лошо да ја прочиташ Моќта на Подсвеста - Џозеф Марфи). Значи секој ден ќе си го повторуваш тоа во глава, дека можеш да успееш и ќе успееш, можеш да успееш и ќе успееш. И така ќе биде.

Се додека сакаш да успееш во нешто, ама стварно да сакаш, ќе успееш. Некогаш треба да се мачиш многу, некогаш не. Се зависи од тебе.

Ако ти треба уште некој каков било совет, слободно прашај.
 
Фала на советот.Ќе го прифатам и применам.

Давам се од себе на ова поле,еве сега работам за време на летово колку за пари толку и за социјализација и искуство.Е сега мојот однос со другите вработени не е баш онака опуштен,малце правам муабет со нив,некако као дете ме гледаат и тие:vozbud: ,освен денес кога беше малку поопуштена атмосферата ко за чудо.Незнам шо е работава дали ми треба искуство уште или..Ако може некој совет плс.
Да прашам за обраќање кај психолог со плави картони спомнавте погоре.Ако може малку подетални информации околу ова?фала
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Здраво, пак јас.
Мислев дека ќе успеам некако да се сносам со овие работи, но повторно почна да ми паѓа самодовербата. Се трудам, но работите не одат баш како што очекувам. Гледам да се зближам повеќе со луѓе кои ги познавам, и да обновам стари контакти, но сепак на луѓето им доаѓа ова чудно, со оглед на тоа што бев поповлечен. И воопшто не е лесно како што мислат другите, јас не сум херој од некој филм кој одненадеш добива сила и прави како што сака, ова што го живеам е реалност. You have to live it , to feel it...
Некој спомна дека може на психијатар да се оди и само со сини картони, па ме интересираше ако знаете, дали доколку се решам да отидам, дали тој нема да ги извести социјалните служби, или други надлежни институции, па да си направам поголеми проблеми? Колку што јас знам, разговорот со него останува тајна, но не сум сигурен дали е така и за мојот случај. Поздрав и фала ви многу.
Покасно ти го видов текстот и затоа само суштината...

На самоубиство да не си помислил во никој случај. Има ситуации во животот кога тоа може да биде решение ама ти не си во таква ситуација туку напротив, сеуште имаш шанси да постигнеш нешто. Додека имаш две раце и две нозе, бистар ум и здравје самоубиство не ти треба и немој ни да помислуваш на тоа како решение. Да не спомнувам што ќе ја заебеш сестра ти ако ја оставиш сама.

За другото.

Почни да градиш сопствена мрежа на пријателства и познанства, дали виртуелно дали реално во твојот случај и не е битно, најважно ПОЧНИ. Одма, не утре или задутре туку од денес. Направи 10 мсн „пријателства“ и со некои од нив понуди им да се видите на кафе, пиво, фудбал било што. И да испадне тапа ти е гајле пробуваш со следниот. Нормално немој само на мсн да остане, види дали можеш во некој клуб да се зачлениш каде ќе сретнеш луѓе, во твојот случај некој борбен спорт (вештина) може многу да ти помогне но не мора да е баш тоа ако не ти лежи. Иди во диско, шеткај повеќе, не седи многу дома ако не ти е фина атмосферата таму.

Што ќе кажеш и колку ќе кажеш на други зависи само од тебе. Не мораш одма пријателите да ги оптеретуваш со свои проблеми пошто најчесто ќе избегаат а сега тоа не ти одговора, сакаш да те дружат. Ако толку ти тежи и сакаш некому да се довериш провери ја таа личност прво како ги процесира информациите. Кажи и делче и види како реагира. Ако реагира лошо на почеток џабе ќе кажуваш и потешки работи, нема да има аир. Ако пак се работи за силување или слични работи мораш да реагираш сега а не да чекаш. Не знам решение ама почни да мислиш што може да се прави. Може постои решение кое не ти текнало но ако пасивно чекаш најверојатно ќе завршиш лошо и психички а може и физички да се изреметиш.

Постави си цел која ќе ја следиш секој ден без исклучок. Како се гледаш себе си по 10 години, богат и успешен или тотален лузер (по твоја или туѓа вина животот на го интересира верувај). Види на кој начин сакаш да заработуваш понатаму, повеќе мануелна или интелектуална професија, зависи од твоите афинитети. Одбери за што си талентиран (за нешто си у секој случај) и почни да го развиваш талентот. Образованието кај тебе може да биде клучот на успехот да може и сестра ти да ја извадиш.

Тебе не ти треба психијатар туку добар психолог да ти даде воља за живот и да ти овозможи да видиш опции кои сега не ги гледаш. За жал не знам добар кој не е приватен тука ќе мора сам да се снајдеш.

Знам дека е тапа ама мораш да се бориш до крај, не да бидеш поразен без борба. Почни да читаш мотивирачки книги, многу помагаат во одредени ситуации. Дај боже да ти успее!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom