Кајгана психолог

G

garthok

Гостин
Ѕирнете го каналот на дечково, некој имаше од него постирано еве и од мене. Погледнете ги неговите видеа особено они во врска со проблемот што ве мачи, ако треба и по неколку пати, убаво објаснува како да ја измастеризираме нашата психологија кога што е главен виновник зошто ни се случуваат вакви работи https://www.youtube.com/user/ActualizedOrg
 
Член од
17 септември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
18
Прв пат сум на форумов, и тоа маката ме натера да се зачленам, па ве молам за било каков совет, макар и критика. Сите имаат проблеми, кој финансиски, кој здраствени, кој семејни, нема човек без проблеми. Мене најголем проблем ми е тоа што имам психички проблем. Не можам да се социјализирам, немам ниту еден пријател (ни за на кафе), другите имаат најверојатно лошо мислење, и многумина ми кажале дека сум недружељубива. Во основно и средно бев исмејувана и понижувана од останатите врсници, а поимот другарка е за мене непознат. Дома сум постојано помеѓу 4 ѕида и тоа ме прави очајна. Немам самодоверба, не верувам во себе, а најголем непројател ми е стравот. И западнав во депресија. Сепак, сметам дека големо влијание има тоа што од дома, од најмали нозе бев малтретирана и психички и физички. Од најмали нозе не само што јадев ќотек и кога бев крива и кога не бев , туку секојдневно ми велеа дека ништо не вредам, дека не сум нормална и слично и тоа ми се всади во глава па и јас почнав така да мислам за себе. Никогаш од дома не сум добила ни љубов ниту ми помогнале да израснам во психички стабилна личност. Пораснав во личност без самодоверба, личност која не знае да се социјализира и да комуницира со другите, личност во длабока депресија, личност без однесување и карактер. И не не е период. Период не е нешто што трае со години и години. Извесно време одев на психијатар и пиев антидепресиви ама не ми помогна ништо, и преќинав, сега сакам пак да одам бидејки знам дека ми е потребна стручна помош. Ве молам за било каков совет. Што мислите според вас дали оваа ситуација може да се надмине, дали има решение?

Во библијата пишува: кој бара ќе најде! Ти бараш, а штом бараш верувај, верувај цврсто дека ќе го најдеш она што го бараш.
Свесна си за твоето тешко минато. Знаеш кои се причинителите на твојата состојба. Од тоа што било упатувано кон тебе си развила погрешни верувања по кои се водиш. Сега, иако свесно сакаш да се промениш наидуваш на отпор од твојата потсвест. Твоите потсвесни програми се посилни од твојата волја. Затоа што тие верувања ти се основани од лошото родителство па се надградиле во училиштето и те довеле до овој степен на недостаток на самодоверба. Самодоверба, значи да веруваш во себе. Е сега овде лежи клучот за излез од оваа состојба. Верувањето е клучот. Во што да веруваш и како да ги промениш твоите верувања? Читај го внимателно ова. Потсвеста е таа каде се сместени твоите верувања и навики.затоа овде треба да го насочиш твоето внимание и да ги согледаш твоите погрешни верувања макар почнувајќи од оние неважните. Оние што немаат ништо со твојата личност оние што се провлекуваат само заради тоа што се неважни и не и пречат директно на твојата личност. Кога ќе успееш да промениш едно вакво верување ќе имаш верба дека ќе промениш и друго. Да речеме веруваш дека црната мачка носи несреќа или 13 е баксуз број. Ни црната мачка носи несреќа ни 13 е баксуз број. нашето верување доведува до тоа. Нашата потсвест работите ги прави вистински. Ако веруваш во овие суеверија, секогаш кога ќе наидеш на истите кажи си на себе: не верувам во овие широкораспространети суеверија верувам во моќта на пптсвеста да ги прави вистински. Кога ќе успееш да промениш едно вакво верување ќе имаш доказ дека можеш да промениш многу погрешни верувања. Сега,според ова, не постои недостаток на самодоверба туку, постојат погрешни верувања или заблуди по кои се водиш. Исто така и стравот е верување. Ако посакаш нешто да направиш со твојата волја веднаш ќе се појават стравови и тоа всушност не е недостаток на самодоверба затоа што се јавуваат стравовите туку самите стравови се верувања.
Сппред верувањата се оформуваат и навиките. исто како и со веувањето пробај да смениш навика што нема директна поврзаност со твојата личност (потребно е да нема поврзаност со твојата личност за да не би настанал конфликт со потсвеста и да се појават несакани стравови) прво верувај дека можеш да промениш некоја секојдневна навика. Потоа најди начин како да биде новата навика. Овде е потребно да вложиш труд и да научиш нешто ново за да биде поинаква новата навика. Инаку навика се стекнува за 21 ден. Кога ќе успееш да смениш една навика ќе имаш исто доказ дека е можна промена за други навики. Секако, за ова треба повеќе време и труд зашто ако според тие верувања си се служела цел живот неможе веднаш да се променат треба време биди трпелива. :)
Исто така имагинацијата е онаа програма каде може да се јават стравови. Да речеме стоиш на раб на некое високо место имагинацијата веднаш креира случка како паѓаш и во телото се појавува моментален грч и нелагодност и се повлекуваш назад. Имагимацијата е наш чувар но ако ја корисиме погрешно ќе биде наш непријател . Исто така нашиот ум не прави разлика помеѓу вистинска случка и имагинарна, измислена . Ако имаш потешкотии да имагинираш сети се како мала сигурно од тогаш имаш некој спомен како си фантазирала за нешто. Корисри ја имагинацијата како би сакала да се најдеш во одредена сиуација замислувај се детално каква би сакала да бидеш како да се однесуваш и слично. Ова ќе ти даде самодоверба и среќа.
За да би имала сила и волја да го напраиш сето ова потребни ти се неколку работи. Исто ќе искористам некои библоски реченици:
Ослободи се од бремето на жовотот. За да се ослободиш од бремето потребно е да си простиш себеси и другите зашто живееш сега и не ти треба огорченоста кон оние кој ти наштетиле и кон себе што не си она што сакаш да бидеш. Колку повеќе огорченост имаш толку повеќе ќе се раѓа и ќе се навраќаш на неа. За да успееш да ги запреш несаканите мисли ке напишам уште една библска реченица-"на стари алишта не се ставаат нови крпи и во стари бочви не се полни младо вино зашто алиштата ќе се искинат а виното ке истече" свати го ова на овој начин - не барај одговор на минати проблеми, и не се обидувај да размислуваш разумно според стари верувања зашто ќе те доведат пак во некој страв и анксиозност, Затоа ова е најважната работа што сакам да ти ја пренесам: ти не си твојот ум, и ти не си таа што размислува. Тоа е твојот ум и ти можеш да го контролираш твојот ум. Можеш да го запреш и да бидеш чистото она твое јас без никаква мисла додадена. Твоето его не е твое. Тоа е производ на се она што си го научила. Затоа не му верувај на минатото затоа што е илузија вистинската ти живее во сегашноста и никогаш во друго време во сегашноста лежи твојата моќ зато живеј во сегашноста и остави го миатото и остави го спокојно да си лежи во спомените. Прочитај ги и моите постови погоре ако ги немаш прочитано. И се надевам дека ќе ги најдеш за корисни овие совети :)
 
Член од
6 април 2015
Мислења
15
Поени од реакции
1
Da mi preporacate nekoj psiholog koj moze da mi pomogne da ja skrsham mojata komfort zona....
 
Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83
Едноставно немам живот,немам пријатели,само 2-3 а и тие исти клошари ко мене.Се чувствувам како да не вклопувам во реалниот живот.Роден сум (2000г) во многу сиромашно семејство,буквално во минимални услови.Можите да замислите дека дома сме биле со 200 денари,а некогаш и со ич.Презадоволен сум од родителите бидеќи знам дека се што имале мене ми го дадоа.Секогаш другите деца како да ме сметаа за ''сиромашкото дете'',бидеќи куќата беше како разурната.
Многу не размислував јас,бев мал и не разбирав.Овде во малото нема многу деца колку мене,а и тие што се како заостанати се.Значи скоро цело маало како no-lifer-и се.Дома и мајка ми и татко ми имаа проблеми со здравјето,поголеми проблеми но се излечија.До ден денес можи само 5-6 пати сум излезен во чаршија со другари,кои и ги нема многу.Сега па се заљубив во друга девојка која е исто како од соништата.Таа има премногу другарки,преубав живот,по 500 лајкој на фејсбук,а јас 2 слики во годината постирам.На компјутеров да му е*ам мајката како да ми го лапна животот,се заразив со гејмингот и патам поради тоа.Септември заминувам средно училиште,па си викам ќе се подсредам некако.Социјалниот живот ми е каша.Најмногу размислувам на љубовта,оти за љубов сум жеден исто што е вампирот за крв.Совети ? :sick::notworthy:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
13.133
Истренирај се да не си го губиш многу времето на ПС.
Не за друго, погубно е за креативноста на правиот карактер.
 
Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83
@Saladin Треба...Едноставно посакувам пријател ист како мене,што сака да си го поврати социјалниот живот :)[DOUBLEPOST=1438422760][/DOUBLEPOST]@The Love Doctor Имам.Пред некое време пред да завршиме основно училиште,и пред тоа едно дете само брбореше нешто за едно чупе на училиште нон-стоп.Тој трејнира џудо,а и таа.Почна да ја фали уба ваква таква и јас онака меџу редој прашав како и е презимето да ја проверам на фејсбук.Абе ко ја видов брат вистинска кралица,се би дал за таква како нејзе.Само мене зафркнат ми е животот и не можам да се вклопам никако.Таа не ме ни знае,јас неколку пати ја имам видено и одма љубов на прв поглед и сега ме тепа мозоков само на незе мислам.Значи нема таква како незе,не сум имал досега вакво чувство за никој.Едноставно посакувам да сум на брод со неа, и сами со незе на остров.Бум,желба единствена ми е.Таа има премногу пријатели,јас имам само мутални 2-3.Со другите здраво-пријатно.Таа е една година поголема од мене,гимназија учи.Јас учам во други училиште,смер транспорт и шпедиција.Порано си мислев единствена шанса со незе би било ако некој ден појдам странство и се вратам со полн џеб,ако би била слободна до тогаш...Хм.
 
Последно уредено:
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
имаш доволно причини да направиш се за да го промениш тоа
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Совет 1. Патиките на тебе и секој ден после 4-5 одручек релација могила-базен-(кочо разин-кире гаврилоски-гиназија-интернат)... види кај има по игралиштата твоја генерација деца или малку постари. прво погледај некое време може знајш некој ако не тогаш дофрли нешто, искоментирај за играта, нека те слушнат, кога има пауза побарај топка да врлиш на кош и такви работи...

Совет 2. преку скојко ако има 500 лајка. и ти да си женско да ги напрчиш муцките и имаш рандом 5000 пријатели (99% поплени тинејџери или педофили) ќе имаш не 500 туку 1000 лајка... тие што си ги мерат според лајкојте се дупло нолајфери од тебе...

Совет 3. после ручек гаси компјутер а пошто гарант имаш телефон смени ја картичката во некој постар обичен и оди надвор. ако треба сам шетај по улици на почеток ама негде некаде ќе видиш некои што се надвор твоја генерација. Појди речи здраво не ти паѓа честа, прашај кој се , кај учат и такви работи...
 
Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83
@Out Of Reality Твоево име на форумов ме опишува :icon_lol: На пример која причина ?[DOUBLEPOST=1438423115][/DOUBLEPOST]@ShakaZulu Премногу добри совети,особено првиот.Благодарам од срце
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Целата твоја ситуација е една голема причина за да станеш во 6 сабајле и да работиш на случајот со огнена мотивација.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Да ќе е чудно на почеток а и градот е сменет но гледам на поминување дека има народ по игралишта. Не толку колку во годините кога си се родил ти а јас кинев по рало патики на месец по асфалтине низ град ама пак има. Зависи за што те бива такви пријатели и бирај а ако ништо друго ако не за игра прашај кај учат, може ќе бидат со тебе во исто училиште прва а ако се година две постари уште подобро. Нема зиан од познанство со „џомбите“ во твоето или некое друго училиште.
 
D

dobramuzika

Гостин
Исто братко, социјалните мрежи и игрите ми го земаа животот, кривец сум јас, знам. Средно не испаѓав многу, т.е ич! Ако сме испаѓале сме клошареле, и сега е така, кругот стана многу тесен, познаници колку сакаш, колку едно здраво и што правиш, другар еден вистински, беа повеќе, со некои од нив се скарав, други по работа и се нема време. Пробај да си го средиш додека можеш, после тоа се е џабе... само напреед.[DOUBLEPOST=1438424171][/DOUBLEPOST]И ако наоѓаш, полесно ќе ти биде ако играат ист спорт, баскет, фудбал на маало, или пак ако слушаат рап, метал.[DOUBLEPOST=1438424363][/DOUBLEPOST]Или пак ако симпатизираш некој локален клуб, сега не знам, ако си во Скопје имаш повеќе клубови и навивачки групи, пробај со нив да отидеш неколку пати... добри дружби паѓаат, сигурно и ќе се спријателиш со некои од нив.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Како прво треба да ја согледаш реалноста и да видиш дека времињата не се исти како до пред 5 години, а не па 10. Социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и останатите срања се главната причина за се она што се уништи. Треба да сфатиш дека во денешно време се е од корист, се е лицемерие и дволичност, па така е и со пријателите. Ретко е и многу е тешко да најдеш вистински другар во денешницава. Пријатели ќе најдеш, но не и другари.

Кажа дека си сиромашен, па баш тоа нека ти биде мотивот за успех и подобар живот. Почни да учиш средно, ако се чувствуваш способен побарај и работа во некој кафич/сендвичара. Потоа ќе се вработиш, ќе продолжиш факултет и се ќе се промени.

Повторно тој Фејсбук, тие негови лајкови и тие слични срања. Тие што имаат по 1000 лајка зар немаш приметено дека без разлика дали е машко или женско, го прикажуваат своето тело разголено. Тие истите живеат уште попропаднат живот од твојот и се поизолирани, зошто Фејсбук ѕвезда надвор од Фејсбук е покажувана со прст, уште почесто во негативна смисла. А ако толку те мачат лајковите или направи си аутолајкер или деактивирај го Фејсбукот или едноставно сфати дека не треба да се замараш со тоа.

Потоа рече дека сега ќе бидеш средно. Средното е еден чуден период, но и нов почеток, каде карактерно ќе се зацврстиш и ќе запознаеш еден куп нови пријатели. Ете ти нов почеток.

Исто така рече дека си бил заразен со играње игри на компјутер или ново наречено гејмање. Од гејмање се добива само расипани очи и затварање во просторот. Едноставно сфати дека нема аир од таквите игри. Собери ги цедињата и фрли ги. Стави нов почеток и батали ги сите тие игри.

Сега ќе почнеш средно. Посвети се на учење и на создавање на пријателства, а за компјутерот одвојувај само 1 - 3 саати.

Се надевам дека советиве ќе ти помогнат и дека ќе има некоја промена на подобро:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom