Многу ме интересира како точно би го советувала да продолжи и да се соочи самиот со проблемот. Кои би биле точните чекори кои треба да ги преземе за да го надмине ова што му се дешава у глава? Што да направи за да го таргетира оној дел кој го предизвикува стравот од соочувањето? Оној дел кој ја предизвикува анксиозноста? Како повлечен човек (како што самиот он се карактеризираше) да се отвори пред другари и да зборува за нешто што му предизвикува тешкотија? Како се става крај на конфузни мисли кои резултираат со, рецимо, паника? Како точно се пребродуваат трауми од психичко и физичко малтретирање?
Пошто очигледно е дека типот не умее сам да се справи со она што му се случува, еве, повели - ти (како противник на стручна помош) објасни фино, изнанализирај све, помогни му ефективно да си го врати животот во нормала, да престане да бега и веќе да не се плаши.
П.С: Совети од тинејџерски списанија и „мотивациони“ пораки од Семе Синапово во реалниот живот не помагаат.
Jaс воопшто не сум противник на стручната помош, баш напротив.. Сум им давала и на луѓе совети кога ми се обракат за помош да посетат стручна помош кога имале потреба, кога проблемот бил поголем и нерешлив.
Ме прашуваш кое би било решението за овој проблем...
Знаеш ли јас, девојче кога на 20 години со проблеми поголеми од овие без ничија помош како се спротиставив со овие проблеми? Препуштена сама на себе?
Се соочив со насилниците во мојот клас, и општо.. Се соочив со нив... се сретнав очи во очи со нив, разговарав со нив, правев шеги на моја сметка заедно со нив... Им докажав дека не се ништо повеке од мене... не им дозволував да го видат стравот на моето лице туку баш напротив... им дадов до знаење дека тоа што ми го правеа мене може да им се случи исто и ним или нивен најблизок роднина, нека се стават во нивна кожа, во кожа на малтретираните деца.
Знаеш ден денес што се случува со нив? Ете ги, ги натерав да ме поздравуваат на улица и да одиме заедно на кафе.
Ова воопшто не е совет од семе синапово или тин шема, туку ова се случки од реалниот живот... од лично искуство, мое и на оние околу мене.
Ако не дај боже утре се случи истово на твое дете, на твој роднина или што и да е веднаш би го советувала да посети психолог? Или најпрвин би разговарала со него и би барала решение?
Погледни го мислењето на
@kokoskar и психологот нема магично стапче веднаш да ти го реши проблемот додека сам не решиш да го пребродиш тој проблем и да се спротиставиш на насилниците никогаш нема да го реши проблемот.
Можеби за кратко ке му помогне но што правиме кога детево утре би сретнало еден од насилниците? Ке бега на стотици метри од нив наместо да се соочи?
Колку деца познавам со ист или сличен проблем на ова па не решавале со психолог туку сами? Сами драга моја...
Инаку
@MAJA 345 ти кога би била психолог како би го советувала? Би му кажала да се спротистави? Или да продолжи да бега?
Инаку и јас му реков да не оди на тој евент доколку не сака... Не мора.. Нека промени нешто... друштво, околината во која излегува... а доколку самиот смета дека треба да отиде на психолог има и од мене зелено светло нека посети.. Ако мисли дека би му помогнало и тоа. Јас не сум некој фактор па да му кажувам што треба да прави.
И не, јас воопшто не реков дека е пичка во животот, не испревртувај мои реченици.. туку му реков... или ќе одеш или нема да одеш.. Или ке бегаш од проблемите, или нема да бегаш и ке одиш до крај.. До сега поминале 5 години, требало да се соочи...
Ама кога веке го испракате на психолог нека отиде... Само нека биде во ред.