Мојот проблем го доживувам крајно сериозен. Живеам со моите родители, но не сакам да бидам под нивно влијание. Во нив не ги гледам ни оддалеку ,,родителските карактеристики" кои мене би ме направила среќна ќерка. Се плашам дека ќе бидам иста кон моите деца и тоа станува сериозно плашење. Пред некоја минута, на лист ги запишав сите негативни карактеристики што мојата мајка ги има, како да речеме претерана избувливост, паничење, драмење, непризнавање на грешките, голема тврдоглавост, одење со главата во ѕид и кога е свесна дека не е во право... И откако ги погледнав, сфатив дека веќе половината ги поседувам и јас. Тоа ме мачи, крајно. Како да станам потолерантна и да научам да ги одделувам важните од неважните работи? Како да не избувнувам? Едноставно не можам да поднесам да имам сличности со неа. Сакам да станам антоним на моите родители.