Убедливо најтешкиот дуел за мене досега, а и општо овај дуел е за 1/2 измислен али шта је ту је...
Гласам за Sopranos серија која не ми се најде на првичната листа од топ 10 серии зошто ја гледав моментално и еве сега сум до 6та сезона и со сигурност можам да кажан дека ова е серија(заедно со LOST) со најдобро изградените и најголема конекција према ликови на сите времиња, од главни,споредни па и епизодични све е доведено до перфекција, а највеќе ми легна серијава затоа што акцентот е на драмата и човечките односи, а многу малце на мафија и крајм и предност и давам затоа што е доста позабавна од жицата.
Од друга страна The Wire со сигурност заслужува место во топ 5, е дефинитивно најреалната,сурова серија што сум ја изгледал, далеку покомплексна, поширока и има подобра приказна која за разлика од Sopranos акцентот го става на општеството и системот и како тоа влијае врз ликовите, единствена замерка е што после првата сезона направив пауза, не ме навлече толку и е потешка за гледање, ама наредните сезони ги изгледав во еден здив.