[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Би додал уште дека ги малтретира намирниците до невидена мера. Еднаш се осмелив да го гледам и зеде некое јагнешко убаво месо, па го свари, па го испржи, па го иссецка, па го испече... партали.

CafeDelMar; за него е Најџела Лосон бе :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да повторам, од темата треба да се банираат Кафе Дел Мар, бидејќи е професионалец, и Леандра, бидеќји се служи со нефер финти, нон стоп слика алкохол покрај јадењата... :icon_lol:
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Да повторам, од темата треба да се банираат Кафе Дел Мар, бидејќи е професионалец, и Леандра, бидеќји се служи со нефер финти, нон стоп слика алкохол покрај јадењата... :icon_lol:
Кафедел мар, (другарка ми) :pipi: тука е за инспирација, за ние другите да стануваме се подобри и подобри, па еден ден да го достигниме нејзиното ниво. :) А за Леандрето у право си, она се некакви финти измислува. На последното гласање ме импресионира со каленицата што ја м'кнела до дојчланд. :D
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не сум професионалец, само сум хедонист. Ништо што не може да бидат и останатите. :)

А мајка ми за оној што го споменувате вика дека не видел што е сиромаштија, па затоа во еден рецепт ставал се што има дома. :icon_lol:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Не сум професионалец, само сум хедонист. Ништо што не може да бидат и останатите. :)

А мајка ми за оној што го споменувате вика дека не видел што е сиромаштија, па затоа во еден рецепт ставал се што има дома . :icon_lol:
Има право, се става внатре еден ден по грешка ќе си ги исече прстите и со нив ќе декорира, само да личи професионално :)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Не сум професионалец, само сум хедонист. Ништо што не може да бидат и останатите. :)

А мајка ми за оној што го споменувате вика дека не видел што е сиромаштија, па затоа во еден рецепт ставал се што има дома. :icon_lol:
А со кашкавалот?Гарант коа ке влезеш у кАнал5 се е кашкавалосано


--------------------------------

Јас утре ги правам прстиве пошо од твојава слика ке ги сањам до утре
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Anne. ти и кромидче си спржила? Браво!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ух и похован кромид, лајк голем ради тоа а и ѕаѕики салатата ако е тоа тоа :D
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Убав рецепт сте имале неделава :) Благодарам CafeDelMar за замената :love:

Оваа недела готвиме:

Мусака од модар патлиџан

Потребни состојки:
- 3 модри патлиџани
- 500 гр. мелено месо
- 3 филџани (од кафе) ориз
- 1 главица кромид
- 1 пиперка
- 2 јајца
- 100 мл. кисело млеко
- сол
- зејтин
- црвен пипер
- бибер

Подготовка:
Модриот патлиџан се лупи и се сече по должина сo дебелина од пола cm. Се ставаат во посолена вода да отстојат половина час и потоа се редат на кујнска крпа да се упие течноста. Се пропржуваат на тивко колку да заруменат и се редат на салфетка да се упие мрснотијата.
Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го во тава со зејтин. Додајте ја и пиперката. Во меленото месо додајте малку вода за да се разбие и додајте го во запржениот кромид и пиперка. Ставете уште малку вода и бибер и оставете да се запржи додека не испари водата. Кога ќе биде при крај посолете го, ставете вегета, кечап или томатело сос. Кога скроз ќе биде готово меленото месо тргнете ја тавата од оган и ставете црвен пипер. Потоа додајте му го претходно исчистениот и измиен ориз и промешајте.
Во тава за печење ставете ги потпржените модри патлиџани колку да се покрие дното на тавата, врз нив ставете ја смесата од мелено месо и ориз и наредете го остатокот модри патлиџани т.е на целаат површина ставете модри патлиџани. Ставете водичка колку да се покрие последниот ред патлиџани и печете во загреана рерна на 250 степени додека не испари водата. При крај се вади тавчето од рерна и се посипува со претходно изматени 2 јајца со кисело млеко и пак се враќа во рерна додека да се потпече односно да фати коричка.


ВАЖНО
Од оваа недела имаме измени. Од сега оној кој ќе победи на натпреварот, во консултација со мене по ПП ќе става рецепт за неделата што претстои со тоа што оној кој става предлог рецепт за готвење нема право да става слики од зготвеното и да се натпреварува ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom