Кајгана актуел

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
28 септември

''Другарство...''


Пред да започнам со стандардната анализа, сакам да кажам збор два за другарството. Што е тоа другарство и што всушност значи зборот другар?
Другар е човекот кој што ќе биде со тебе и во лошо и во добро, што ќе знае и да се смее и да плаче со тебе. Другар е човекот кој ќе биде покрај тебе кога ти е најтешко... е човек кој се радува на твојата среќа. Ќе ми недостигате многу и затоа овој пост го посветувам на вистинските другари, на 4 години поминати заедно и на сите луди среќни и несреќни случки... ова е за вас!

... Галерија, се смирија страстите... конечно, мир и спокој во овој дел на кајгана, си ставив слики и така:)

На Општи муабети уште една хуманитарна акција, па кој што е во можност нека донира. Се работи за живот па да не бидеме себични и да му помогнеме на Андреј.

На Љубов, Мода, Здравје, Филм нормална активност, веќе видено...

На Музика имаме ВИП гостин, Врчак'с брадр... дечкото почнува да влегува во некои Поп Перо филмови па изиграва мангупче.

Форумџиите се организираат за групно одење на журката ''Бела ноќ'', сето тоа на Ноќен живот.

Сагата продолжува на Уметноста, литературата, јазикот... сеуште главна вест е операцијата ''Кајгана книга''. Проблеми настанаа кај гласањето, сепак мислам дека најдобро решение би било она ''Евровизиското'' со 12, 10, 8, 7.... поени. Моите 12 поени одат кај Дејан_К кој ги ис'ска форумџиите да прават книга/алманах.

Политика и вести, актуелни како и изминатава недела. Сега има нова интересна тема ''Легализација на проституцијата''. Македонија ќе ја правиме Холандија на Балканот, Тупурко ќе биди Хајди... а Лазар му рече на македонците да прават раванија со хашиш.

На Фудбал во тек е пријавувањето за Тип Игра, кој сака да се пријави нека повели таму... сите се добредојдени. Дружење, забава и радост на фудбал, кој би рекол?

Чек дис аут и хумор се слабо активни, затишје пред бура... maybe?

толку, не знам дали ради мене е толку депресивна и сиромашна анализава или кајганџииве се слабо активни? Сепак мислам дека зимска дремка ги фатила форумџииве.

пост на денот:
bube напиша:
Ovie sto se protiv,kao da ne znaat deka i sega imame prostitucija,i ne samo prostutucija,tuku i kriminal sto ide ramo pod ramo so taa nelegalna prostutucija,vo koja prostitutkite se tepani,iznuduvani,kradeni,izmacuvani.
Nikoj ne cuv da kaze deka e protiv prostitucijata generalno,tuke se protiv nejzina legalizacija. Boze me sacuvaj!
Ovoj sto kaza,demek na koj mu se saka ke si najde devojka.
*ur ke si najde. Si naodjaat samo 10% procenti od maskata populacija.
Imame eden kup stari momci koi nikogas nemale devojka,i pak treba da povtoruvam,deka se zgolemuva taa kriticna masa koja ne moze da najde devojka,pocnuvaki od se pogolemiot broj razvedeni od 40 pa nagore.
Mnogu lesno se naodja koga si mlad i te biva,ama ne se site takvi.
Jas sum si u vrska ako nekoj saka da me provocira da znae......
Parite od licencite i dr. davacki predlagam direktno vo Ministerstvoto za obrazovanie da odat.........

Од другите вести:

Македонец бил грабнат во Авганистан. Причините засега непознати, сепак се соомневам дека ќе бараат трејд... за Чочоровска Полетан плус некоја тегла ајвар.

Кога сме кај Чочоровска во Германија се запленети 400 кг кокаин, вреден 30м евра.

Малце и од новиот Гинис:
Французинот Мишел Лолито кој во својот живот изел 128 велосипеди, 15 колички од самопослуга, сето тоа “зачинето“ со шест свеќници, два кревети и еден пар скии. Кинезот Донг Чангшенг, пак, влечел 1,5 тони тежок автомобил користејќи јажиња врзани за – очните капаци!!

На денешен ден се пензионира една од легендите на НБА, Меџик Џонсон... спејш шатлот Дискавери за прв пат полета од Кејп Канаверал а на овој ден но пред 450 години е роден писателот Мигел де Сервантес...

И така...*воздишка*


едит:
Заборавив на ПРАВОПИС.

Денес зборот кој ќе го учиме е леб.
Значи не леп туку леб(со Б)




Добра ноќ,добро утро и добар ден....
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Јове, ти си бил само за новинар во А1:pos2:

Актуел ет д момент е што забележувам дека сите имаат здувнато надвор, супер е времето:nesvest:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
29/30 септември

'' Факултет ''


Изминатиов викенд беше преполн со настани, почнувајки од домашната сцена ''Бела ноќ'' и ''Браќа Манаќи'' па се до... промовирањето на новата сезона на Покемон во Јапонија :pos:

На нашата ни мила и драга кајгана има доста новости... една од нив е подновената влада т.е. новите партиски членови Lady, Викторгг, Bada Bing! и новиот портпарол на партијата Серпико - НЕКА ИМ Е ЧЕСТИТО на сите!

Почнуваме:

На Општи муабети имаме смеа, плач, радост, среќа... без разлика дали сакате да кажете што ве расположува или да се испукате на Мака ми е, ние сме тука за вас.

Љубов... хм, исто е нема новости.
*нема нов форумски пар, знам што ве интересира.:pipi:

Музика - Со одлични КГН DJ's - одлична забава, евровизија припреми... другооо(тимберленд ми го направија комерцијала, се е комерцијала... се!!!) и то.

На Филм - Предлози за филмови, последен гледан филм, секогаш актуелни... но едно супер мислење се издвои од останатите(подоцна ќе го има во цитат на денот)

На Политика и вести имаме радост и тага. Од една страна се поздравува владата за економските промени и тоа дека сме една од топ реформатор државите, од друга страна се плука по МРТ и нивното наплаќање на сметките за РДФ такса, 350 ден месечно... па за кабелска не плаќаме толку!

На Историја ЗАДОЛЖИТЕЛНО погледнете го видеото поставено од Андроник. И после Маседониа ис грик...епа сссак мај сссуфлаки:pipi:

На Фудбал - Миланезите плачат за ремито, тука негде се и Римјаните, Интерашите се гордеат со Манчини, Јувенистите одмараат после напорните 93 минутни молитви и така.

На Чек дис аут имаше генералка, па се е преместено во Дневна доза сеир, така е и подобро... апел да прочитате понекогаш известувањата на модераторите на соодветните подфорумчиња сите би биле посреќни.



Пост на денот:
Никола напиша:
98% од луѓето имаат ај кју под 130 и нормално е да се прават филмови за нив.
Зошто во лето? Затоа што сите серии завршуваат во јуни и до септември нема ништо.

Од другите вести:


Белата ноќ“ собра повеќе десетици илјади луѓе. Некои брзаа да видат што повеќе од културните настани, кои во Скопје во толкав број не се случуваат ниту за еден месец, други уживаа во живата атмосфера. Се отворија дваесетина изложби на странски и домашни автори. „Можеби би било добро да има, да рече, десет дена бели ноќи, или цела година бели ноќи, идејата, како пилот идеја е одлична, меѓутоа би била добра за економијата и општо за ноќниот живот, за Скопје да се постави како културно место и како метропола, кога би работеле барем извесни сектори од бизнисот 24 часа“.

Англиските студенти се најмрзливи во Европа, иако англиските универзитети ги бие многу добар глас. Истражувањето го спроведе „Higher Education Policy Institute“, а биле испитани 15.000 студенти.

Специјален поздрав до сите манекенки и анорексични ''момичиња'':

Експертите за здравје откриле дека екстремното гладување може да ги поремети хормоните кои влијаат на сексуалната желба.
Штом телесната тежина ќе се смали под оптималната, се смалува матката, изостанува месечниот циклус и паѓа нивото на интерес за сексуалност, фантазии и уживање. Некои жени целосно го губат интересот за секс. Исто така, се јавува проблем со забременувањето - телото го активира одбранбениот механизам бидејќи не се чувствува доволно физички силно за репродукција.
Добра вест е дека сексуалната желба се враќа кога ќе се нормализира телесната тежина.

Значи што научивме? - Јадете и хранете се здраво, ако сакате добар секс.

Денеска му е роденден на Стивен Колинс од серијата Седмо небо, нека му е среќен... па и да успее да ја добие главната улога во Касандра 2.



Правопис:
Денеска зборот кој ќе го учиме е сФатив/сфативме.
Значи да повторам не сватив туку сфатив со (ф). Сфативте?:pipi:



Утре почнува новата учебна година за првачињата(на факс мислев). Од утре сум нов човек... пардон Академски граѓанин со индекс во рака! Значи од утре одам во пеколот, ми претстојат три мачни години... но нека ми е со среќа и да го завршам факултетот пред татко ми!

btw знае некој утре од колку сме, од 08:00 или од 10:00. Ако знае нека ми пиши ПП, толку од мене за денес... О-ревуа!

 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
01 октомври

''Факс - Сакс!!!''



Понеделник, нов ден, нова работна седмица, нов месец, нова студенстка година, нови замори и нови глупости...

Еве како помина овој ден на кајгана:

На под-форумот наменет за прашања и предлози беше покрената иницијатива за отварање на нов под-форум наменет за Видео клипови. Сепак предлогот беше одбиен(сега за сега).

На Општи муабети десетина нови теми каде можете да ги презентирате вашите ставови, ју ар велком'д
:pipi:

На Љубов и секс како и на под-форумите Здравје и Мистерии, се е по старо.

На Философија сеуште стои темата самоубиство како и членовите кои се закануваа со исто-то...:)(поздрав)

На Политика жестоко се дискутира за најновите настани во нашата држава, како и за некои други чуствителни теми од регионот.

На Образование и наука актуелно е да се честита на новите академски граѓани, се упатуваат желби за побрзо завршување на факултетот... на постарите студенти.

На другите теми е мирно, на Фудбал новите членови си спамираат како по обичај, модераторите работат со засилено темпо... и на Кошарка имаме се повеќе членови и постови, бидејќи ближи стартот на новата МКД Космофон Лига.

На Чек дис аут, нормално се отвораат нови теми... но има една што се издвојува таму, еден исфрустриран, глупав модератор кој е паднат во тешки депресии пишува постови каде си ги лечи раните и плука по светот и така....

Пост на денот: еве еден од постарите цитати на членот со регистарски број: 871651
Tie ne se mravki tie se termiti. Imam citano za toa pa posle masonite go izmislija PIPSot za da ne potrujat nas obicnite mravki i za da mozat termitive da se mnozat



Од другите вести:

Почна академската година на државните и на дел од приватните универзитети. Студентите амбициозно, уште на првиот академски час најавуваат успешен крај на студирањето. НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА !!!

Уште една добра вест... многу добри вести денес (туф, туф, мајке ми)

Обложувалниците што добија лиценца денеска работеа со полна пареа. Газдите на обложувалниците кои заработија забрана за работа го обвинија министерството за финансии дека е виновно за хаосот во овој бизнис. Значи сепак ќе играме ЛШ ова коло. :vozbud::vozbud::vozbud:


Новите лични карти и возачки дозволи за граѓаните на Македонија се издаваат од денеска. Цената на образецот на новата лична карта е 190 денари, а на образецот на новата возачка дозвола е 280 денари. Фотографирањето на граѓаните ќе се врши при нивното аплицирање.

Ова е поздрав за сите кои се жалите од мамурлак(ЕВЕ ШТО НАВИСТИНА Е МАМУРЛАК!). Најдолг мамурлак на светот имал еден 37 годишен Шкот, кого седум месеци го болела главата од 35 литри пиво. Дури по половина година лекување со средства за разредување на крвта, човекот престанала да го боли глава и се ослободил од проблемите со видот. :pos::pos::pos:

Бред и Анџелина повеќе нема да снимаат заедно!
Со цел да ја зачуваат среќата и хармонијата во семејството, актерскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит одлучија поради децата веќе да не се појавуваат заедно на големиот екран. Конечно Енџи се опамети и сфати дека јас сум вистинскиот човек за неа, значи ова е само почеток.:)



Денес му е роденден на Стинг! Знам дека сеа пола од форумџијките кубат коси од самата помисла на (The Police-man:))Нека му е среќен роденденот... па дај пак да го видиме на сцената!!!



Правопис:

Денес ќе го дефинираме зборот ПОД!


Под - локација под нешто. Или под на нешто, како спротивно на таван.
Значи под-форум... посебен дел на одреден форум.
Пот-форум форум... за течностите кои ги лачат потните жлезди.



Ciao tutti and remember USE REXONA.... because Rexona [SIZE=-1]gives you the confidence to handle whatever the day has in store!!![/SIZE]
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
После упатувањето на смртни закани на моја адреса, како и коверт со антракс, решив повеќе да не пишам КАјгана актуел...









*Се шалам, нека пукнат душманите. Имав други обврски денеска, но од утре пак по старо.
За Кајгана актуел од местото на злосторот... Џован Блуај. ком. мк. бт!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
03 октомври

''Старост...''


Ден по ден, време минува... остаревме и ние па што ли се случува?
Будење заедно со петлите, па учење по цел ден и домаќинско легнување... Ииии кога ќе се потсетам, на минатото... јас таагувааам, но ако сум... ти... демит, слоу даун бејби.

И така ја прекинуваме програмата за момент, да ве известиме што се случуваше денес на кајгана.


Галерија - Нови слики, нови фаци, нови дудлање/мрчења иииии то.

Општи муабети - ритуали, адети... пред и после спиење, баба ми, копи-пас... и сл. come to us, we have cookies!

Философија - темата со очите и приказната што ја раскажуваат моментално е најактуелна, се смирија молењата за психоанализи и така...(се надевам дека со ова, не ве потсетив да барате анализи).

На Политика страстите се смируваат, клетва две од страна и толку.

На Уметноста, литературата и јазикот прават нова писмена работа. Темата е мај хани бани ис крајииин... ако некој се осеќа... пардон, се чуствува инспириран може да го објасви своето дело, во соодветната тема.:pipi:

Е ова е немогуче... правам скриншот и одам во Гинис.
Фудбал (присутни членови - 69)!!!! За ова најзаслужен е нашиот Горан Пандев, кој народски речено ''му го укука на Реал''. Моментално сме во преговори и бараме локација за да му кренеме споменик на ГП. За оваа иницијатива најзаслужен е коментаторот З. Калински кој од преголема возбуда, имаше 2 срцеви удари во текот на мечот...

Чек дис аут - интересни клипчиња, стории итн, но сепак нема некоја екстра тема која би барала поголемо внимание од ваша страна.



Пост на денот:

- Солзи од мед!? Каква лоша метафора е тоа?
- Се обидов. Навистина.
- Ќути. Не чини. Не знаеш да пишуваш.
- Но, вложив труд. Бар препрочитај го.
- Ова? Јас со ова газ ќе си бришам.
- Не биди педер. Прочитај го, има поента.
- Секогаш сакаш да има. Пробај поинаку следниот пат. Убиј го добриот, дарувај го лошиот, не сфаќај го несфатениот, гали ја глупоста и додека ликовите мочаат на мртвите ти бакнувај ги... Солзи од мед, не ми се верува. Возрасен човек. Ц, ц, ц.
Bada ако учителката ти пиши единица не грижи се, јас ќе ти пишам петче на Wачето. :pipi:




Од другите вести:

Масоните уште не лажат дека ќе не однесат во ЕУ, тие се криви за се... прво она со месечината, после II СВ, којзнае што е следно? Уште да ми кажат дека Дедо Мраз не постои и сечам вени.

Корејците се откажуваат од нуклеарната програма, демит... баш кога стана интересно. Оукеј ќе почекаме уште некоја година за нова Светска Војна, водка дај ургирај прати му еден конвој RYM кај тоа корејците, премисли ги!:uvo:

Европскиот устав е готов, не готов готов... туку предлогот, договорот е подготвен и останува текстот да биде преведен на сите јазици на членките на ЕУ. Ајде дај боже во блиска иднина и на македоснки да биде преведен.

Си ја најдов новата дестинација за одмор - ЗИМБАБВЕ.
Гувернерот на Централната банка во Зимбабве Гидеон Гоно смета дека пивото е виновно за лошата состојба во земјата. Поради ниските цени на овој пијалок, целата нација се претворила во алкохоличари, а и приходите од даноците се мали.

... денес му е роденден на некој, на кој не можам да се сетам:vozbud:



Правопис:

Денес има еден така постручен збор за вас... па ајде да го дефинираме неговото значење.

луциден ајде по мене Л-У-Ц-И-Д-Е-Н... 1. јасен, светол, бистар (дух); 2. свесен
луцидност - ведрина, бистрина на духот, јасност, свесност
Значи, состојба на духот, а само живо суштество има дух...и така.


Поззз до сит3, кис4иња и многу гу6ки... МА сИт3 вЕ с@кАм!





 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
12 октомври

АПОКАЛИПСА СЕГА
или пресудниот ден?!?!?!?!(или на енглески *ТИИИТ* оу шит!!!!


"Маме ти *тииит*, копиљ *тииит*", и се тиииит, ќе те начекам ќе ти *тииит*.... речникот на просечниот човечки граѓанин на Македонија. Еве ова се зборовите кои се актуелни моментално. Два дена ме нема на Кајгана, се се сменило... па што сте направиле луѓе? Околу мене гледам, крв...крв и уште крв!(едит) и крв.

Галерија... стануваме сериозна конкуренција на плејбој. Ако ве чеша раката, а гладните дркаџии ја паднале worldsex.com тогаш обидете се на kajgana.com/forum/galerija, НЕМА ДА ПОГРЕШИТЕ.
п.с.дискреција загарантирана.

Општи муабети... уствари какви општи муабети, прескокнувам, денес ќе биде поинаку....
се прескокнува стандардната анализа. Ќе се анализира феноменот наречен балкански сељаци.

Значи одиме Б-А-Л-К-А-Н-С-К-И С-Е-Љ-А-Ц-И...

НиЈе сакаме да ојме во Е-вропа. Бугарите ПоЈдоа, Грците со врски.... Албанија е блиску, Хрватска е пред врата. Ние сме следни, да... да така е(АКО СПИЈАМ). Со овој менталитет, да! Него остави тоа, денес е денес денот. Сите си го откривте вистинското лице. Паднаа маските, се фрли ракавицата, како сакате наречете го тоа. Почнувајќи од галерија, па Шведскиот, па вонземјани, па 14 годишната манекенка, па политиките, се до играчница и лечењето фрустрации... и назад.

Резил т.е. резил на квадрат. Чукнете тој горниот додаток што го носите на рамена. Се вика глава... меѓу другите компоненти има еден поважен дел наречен мозок, нека се разбистри. Океј кај некого процеросот е од комодоре 64 па ова ќе го прочита утре, но што ми беше мислата... Ок чукнавте, ако добивте тап звук обидете се уште еднаш, се засирил мозокот... од што? Од играње кантер, од играње солитар, од дудлање, од боење во Paint, од гледање порно на точка-точка-точка-мк. Ако повторно го добивте истиот одговор за вас нема спас, таква ви била среќата. Мора така, за некој ќе се падне дуал кор... за друг 64 и така.

Другите... тие што сте свесни, покаете се. Извинете се... простете си. Луѓе сме грешиме, сепак запомнете - ако не ви е денот, не е крив оној кој прв ви излегол пред очи. Ако причината е друга т.е. имате премногу тестостерон за вас постојат теретани, терени за баскет, фудбал, имате книги, имате 300 начини за да ја потрошите таа енергија.

Кајгана е форум за дискусии, кајгана не е форум за лечење на фрустрации... ок грешката е направена нема назад. Го паднавте рејтингот, сега можете да се гордеете. Толку од мене...


Ве сака сите - Јован Тоше Ивановски:pipi:


EDIT:
Не ми е криво што темата ќе ја потисни некој со коментар: хи хи хи, ху ху ху и нема да ја прочитате. Криво ми е, што и да ја прочитате вие/ние ќе си останеме исти, балкански сељаци.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Сите не сакаше, сите го сакавме...

Најмалку важни беа бројките...



16 октомври



''Море од солзи''


Бол, тага, воздишки, солзи...
Нема место за зборови но ќе се обидам, ќе се обидам да кажам иако се е кажано. Но морам, тоа е најмалку што можам да го направам за ангелот наш.

Утрово паѓаше дожд, беше посилен од било кога, но не беше обичен есенски дожд. Овој дожд беше посебен паѓаше без престан додека не направи море... од солзи.

Игри без граници - во право беше, емоции ме преплавуваат дури го пишувам текстот, никогаш не сум мислел дека ќе паднам на ова ниво, дека ќе плачам за човек кој не е член на мојата фамилија. Но плачев, плачев како бебе на кое ќе му го земеш лижавчето, плачев како да сум загубил некој мој, некој кој сум го познавал цел живот. Но денеска не бев сам, не плачев само јас... денес плачеше Македонија. Плачеше за својот син, за својата гордост, за својот најсакан син - плачеше за Тоше.

Веста ја добив уште во раното утро. Требаше да тргнам на факултет, кога решив да го вклучам телевизорот. Боже колку зажалив, сликата која беше пред мене ме шокира - концертот на Тоше, но со тоа знакче кое никој не би сакал да го види, со знакот In Memoriam. Шокиран, збунет се стаписав... останав така. Следува хорор сценарио кое не вреди да ви го објаснувам, телевезиите си го направија своето(знаете на што мислам).

Дека го загубивме и дека нема да ни се врати сум свесен. Жалам само за едно нешто, жалам што не бев на неговиот последен концерт. Жалам што не бев таму, да ги осетам тие емоции, да ја почуствувам таа енергија, да ја почуствувам таа негова аура, да играм и да пеам со него. Вечно ќе ме гризи таа мисла.

Тоше Национале Проески кој ги полнеше Младост, Универзална, Тоше која ја наполна Арена... кој собра 30 000 на Градски. Ме фасцинира неговиот последен настап, иако на ТВ сепак ми поминаа морници низ тело. Тој ангелски глас, глас кој има таква нежна боја која го разнежнува секој... потоа изведбата на Nothing else mathers од Металика. Ретко слушам рок, но таква изведба на песна не сум видел... на самата помисла се наежив.

Сите ги сакаше, сите го сакаа, со сите беше пријател. Никогаш не се скарал со некого, беше тука за колегите, за пријателите, за роднините, за сите непознати на кои им требаше помош. Добро воспитан, скромен, богат, згоден, млад имаше се... но џабе, џабе е се. Бог се чуствувал осамен, па ни го зеде. Сигурно му претребала ангелска музика :)

Беше голем хуманитарец, секогаш неговото срце беше отворено за оние на кои им требаше помош. Патувал и преку цела Македонија само за да настапи на некој хуманитарен концерт. Иронијата е во тоа што судбината си поигра, наместо да дојде во Битола на хуманитарниот концерт... тој мораше да оди во Хрватска бидејќи имаше снимање на спотови за новиот албум. Албум од кој се очекуваше многу. Колку многу, никогаш нема да дознаеме... можеше да биди нашиот Присли.
Светот не е свесен што изгуби.. Впрочем таков епитет и му дадоа станските медиуми. Небото беше граница за Тоше, човекот кој сакаше да направи се, да му помогне на секој, да ја претстави Македонија, да го претстави Крушево... да му се заблагодари на своето семејство и да каже збор два за Бога.

Никогаш славата не му удри во глава, никогаш не ги ставал парите пред се друго... Остана скромен, остана човек, впрочем една од неговите изјави ми остана во памет. На последното негово гостување во ''една емисија'' го споредуваа со големите музички имиња, со ангели... но Тоше рече: ''Јас не сум ни ''некој од поп иконите'', не сум ни светец, ни ангел... јас сум само обичен човек''. Ова е за секоја почит, ова е вистината за Тоше, овде ја покажува својата понизност, своето домашно воспитување, својот вистински карактер. Друго што ме радува е тоа што никогаш не стана партиски војник, никогаш не бараше екстра профит. Не разликуваше ни пол, ни вера ни партиска припадност... Се виде денес колку е/бил моќен Тоше, не спои сите и млади и стари, мажи и жени, македонци и албанци...

Никогаш нема да ја заборавам сликата на Тоше, кога во младоста шеташе по Широк Сокак, онака со залутан поглед и залутани мисли ех... имаше едни интересни чевли... ми останна во сеќавање, имаше голема нога, многу интересни долги чевли...
Никогаш нема да ги заборавам неговите хитови, неговите стихови... стихови во кои сите се пронаоѓавме. Нема да ги заборавам неговите спотови, реклами, настапи, концерти... хуманитарните акции, но пред се неговата хуманост, скромност, неговата човечност!

Кој ќе ги заборави неговите песни... кој ќе ги заборави тие певливи рефрени? - Кој?!?!?!

Се е кажано во игри без граници, тоа претставува едно мини ремек дело, ремек дело!
''Мојот живот - Игри без граници, уморна приказна... скинати страници, празни неиспишани...''

Тоа е тоа, што можам повеќе да кажам за тебе човеку, т.е. грешка ти не си човек, ти си ангел... ангел Македонски!!!
За крај како што знаеше да кажи: ''СИТЕ ВЕ САКАМ''
Сите не сакаше, сите го сакаме...





Почивај во мир Тоше Проески




 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Јове_Бт напиша:
Жалам само за едно нешто, жалам што не бев на неговиот последен концерт. Жалам што не бев таму, да ги осетам тие емоции, да ја почуствувам таа енергија, да ја почуствувам таа негова аура, да играм и да пеам со него. Вечно ќе ме гризи таа мисла.
Иако не сум некој голем фан на Тоше, но сепак го поштовав во неговата работа, тоа што го прави и што требаше допрва да го направи.

И ете по некоја случајност пред 2 недели бев на последниот хуманитарен концерт на Тоше, за прв пат во мојот живот да отидам на концерт на Тоше, и се беше убаво, цела атмосфера, настапот.

И сега после 2 недели, спијам, ме буди мобилниот, ми стигнала СМС (не е битно од кој) со порака „убаво што беше на концертот на Тоше, инаку сега ќе ти беше криво“, и вратив на пораката „убаво беше, не се каам“, а незнаев дека Тоше загина и пак презаспав. И после во 17 часот кога станав од спиење, кога убаво се свестив се логирам на MSN и гледам потписи „почивај во мир Тоше, RIP Тоше“ и како „паднат од Марс“ се чудам што е работава, а ми текна и на СМС-от што ми стигна сабајлето, и кога пуштив ТВ се стаписав од веста дека Тоше загина, и на почеток не ми се веруваше, мислев уште сонувам. Но тоа беше реалноста. :( :(

И МИЛО МИ Е ШТО БАРЕМ ЕДНАШ СУМ БИЛ НА КОНЦЕРТ НА ТОШЕ, ЕДЕН АМА ВРЕДЕН.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Тоа е брате...

''Вистинската вредност на нештата ќе ја дознаеш, откако ќе ги изгубиш''
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.993
Епа пријателе јас цел ден се јадам жив за тоа што ни еднаш не отидов а песните баш му ги слушав секоја година си викав ''Абе кај ке иде ке праи догодина Тоше кој ни го зима'' и еве.......не треба да се зема здраво за готово ништо!!
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Денес отворив Кајгана...Сакав за миг да престанам да плачам...Напротив моето срце повторно се растрепери!Секој втор аватар е со Тоше!Гледа во мене,онака убав,насмеан,златен...Неможам да не плачам!Нашиот Тоше е тука ,во нашите постови,потписи аватари...
Почивај во мир легендо...Биди најубавиот Ангел на небото како што беше и на земјата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom