Кајгана актуел

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
да известиме и дека не се отвара кајгана главната страна,до бога што се случува?!:ija::pos2:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
да известиме и дека не се отвара кајгана главната страна,до бога што се случува?!:ija::pos2:
Не бе маца то кај тебе е нешто кај мене се отвора баш сега читав роденден му било на смајлито :pos2:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
20 септември

Денот кога пристигнаа
''ТИЕ''
!!!


Повторно бевме сведоци на еден интересен ден на форумчето, кое сите си го сакаме.

Од каде да почнам... ајде од Миз(ст)ерии.
Дали конечно се гледа крајот на битката, ќе го пронајде ли некој точниот одговор? Дали ние користиме само 10% од нашиот мозок или сето тоа е МИТ, и колку проценти ние всушност користиме!?!?! Кој ќе биде херојот кој ќе го најде одговорот на ова прашање.
Дали е тоа 3.14 или 5... 7, 39 или пак можеби фамозната бројка 25.2?
Типувајте за вашиот фаворит на телефонскиот број 0800 - 1 - срање срање и можете да станете добитник на многу вредни награди.

На Религија т.е. на темата Манастири, нашиот мил и сакан член Мр. 38 храбро се бореше и застана во одбрана на својот верен пријател Далај Лама. Ги реши КЛЕТИТЕ НЕВЕРНИЦИ со два и пол збора!

На Философија интересна е темата на Raziel д спешл уан. Прочитајте ја кога ќе имате време.

На под-форумот Здравје сеуште има хумани битиа кои мислат дека падот на метеорот е коинциденција и дека последиците се само еден тип на радијација... сеуште не се свесни дека крајот ни се ближи:pipi:

Друго интересно...хм?
Политика бееее, ќе заборавев. На Политика и вести, денеска случајно налетав на пост на OBDN(оу-би-ди-ен)не знаев дека се вратил/а-Welcome back. Онака нормални дискусии, него дали знаете што? - Ми го одбиа кандидатот за претседател, не ги задоволувал критериумите... како да не. Управа... МЕСТАЧИ... Шиткачи... пееерииии...

На Мобилни телефони и сл. масовно се постира кој што бројче си зел од новиот оператор, кефови се малите и така. И мене мама ми рече, дека утре ќе ми купи бројче од ВИП за да си титкам со другарчињата:pipi: ииии толку од таму.

Фудбал нормално, сите фозбудени од ремито на Работнички. Од огнометот:pipi: од Ањелка, Диуф, Меите и така...
Исто и за Мурињо кој си замина а во меѓувреме Дрогба плачеше исто и Тери и Лампард откако им соопштија дека мајката на Бамби е мртва.

Цитат на денот:
Dajte pomos Do sega ne sum probal sex samo nekolku pati ama imam maka so ni edno cupe ne e zadovolno.A mislam deka goleminata na penisot e da ne se falam golema
kazetego lekot dragi eb**i
Од другите вести:


На денешен ден пред 44 години Кенеди ја започна вселенската трка. На овој ден беа најавени Аполо мисиите и слетувањето на месечината.

Работнички изигра реми со Болтон а имаше шанса и да го земе целиот плен. Сепак доволни за реми се покажаа, 10 000 евра кои Болтон му ги плати на младиот и надежен голман на Работнички.

Еве зошто се вели што и да правите треба да сте убаво наспани:
Маж кој сакал да ограби еден банкомат во близина на банката во Никозија, на крајот заспал на местото на инцидентот каде што бил затечен од страна на чистачот, соопштила кипарската полиција. Е ова се вика таленАт!

Денес и е роденден на Софи Лорен, кој нема да кажам... не за друго, пошто сум највечи кавалер во маало. Како и да е, среќен роденден Софи!


И за крај... јаготката на шлагот. ТИЕ* конечно пристигнаа.



*E шо кој тие? - Марсовците бе... вонземјаните. Летечки чинии да не очекувавте, па нормално маскирани во цивилка ќе ни дојдат. Ете тука прочитајте повеќе
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.225
Поени од реакции
84.177
Кои бре ТИЕ?
Новите снимки на Бин Ладен?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Преѓеска имаше околу 200 заразени, сега се 550... за неколку дена ќе одиме сите!

The end is near:pipi:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Исто така премногу актуелни се Шмекањата на овој подфорум, така да навелете :) форумски дудлачишта
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Сериозно некој нека објасни шо се дешава со метеорот и крајот на свето. Е така, ако сака ако не да го ебам.

П.С. Демантирам во врска со шмекањето, Тамара провоцира I just play along.
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Јовче, кај сум тука јас спомната а?
Гледаш дека на 19.09.2007 т.е. вчера ја направив првата псхоанализа доста успешно?!
Битна вест е тоа,ај ти.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.816
Поени од реакции
49.998
Па и јас како најактуелен настан би го посочил шмекањето се превртев од смеење.На форумот од кошарка се појави многу напорна особа која радо би ја опнал од земја..ВИП извадија нови ефтини цени на при пејд па цело Скопје се залетаа ко лудаци да купат,Навивачите на Болтон вчера јадеа ќутек во паркот во Скопје од непознати особи кои им излегле од коли и ги мрднале од тепање...и тоа ратибам
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
21 септември

Тапа x Тапа = Тапа на квадрат:pipi:


Денеска цел ден така го поминав, го изживеав од шо морам, не дека сакам. Глупаво на форум, глупаво надвор... глупаво насекаде.
Ок нема врска до кај бев? Анализата да, ок почнувам три - четирти...


Галерија - Дудлање како по навика но денес имаше и масакри во галерија, само што не паднале ножеви и бомби. Кој со кој не кажувам,ќе откриете сами во следната епизода на И(з)... скараните.

Општи муабети - покрај кукањата дека денот е тапа, Дивне-то ја разби монотоноста со темата: ''Боље спречити, него лечити''(сигурно Мистик беше незадоволен од насловот и ова прашање ќе се разгледува на следната седнина на кајгана собранието).

Мистерии - Заврши и втората сезона на Мит или вистина, со Синдикат и Димитар во главните улоги.

Религија - Членот на раководството денеска си се изнаотвара теми ин д нејм оф Џизј. Некои ќе споменам како: Исус, Исус двојката, Исус и семојството... Исус 2008 и сл. Кој сака да му реплицира во Религија се темите.

На Лов, секс и видеотејпс се по старо.

На Здравје имаше голема акција која е за поздравување. Се бараше донор на крв, па на крајот се најде и се надевам дека повредениот побрзо ќе се опорави.

Друго интересено? - Па заборавив да ги пофалам новите ДиЏеи, кои одлично си ја вршат работата. Честитки за нив.(само ако не ми исполните музичка желба)

На Политика како по обичај ватрено. Кирчо го прогласиле за светец... мислам држаник на стоелтието! А кој го продаде знамето, а кој изваде бугарски пасош, а ајварот, а пиперките, а Борче снагата, а Трајко Џандарот, а Кољо Дијамантот?:pos::pos::pos:
btw Стрелчо да го пофалам од тој под-форум.

На Образование и наука, се пеЈат министерот за Образование и неговата поблиска женска фамилија.

На Мобилни телефони и телефони со камера и без камера - смс vs. повик? ОК, имам уште една тема плус да си чукам постови... После 15 000 пост давате BMW X5 така?

На Фудбал - види сеа чудна работа влегвам преѓеска, гледам присутни 40 членови!!! Ај мајката, гледање Мр. Сер пикоУ отворил Мурињо - селектор на Македонија! Па нее е нормален, цел ден притисокот ми е 220 - 100, ќе се шлогирам. Вакви дезинформации појќе не:pos:

На Кошарка - Синоќа т.е. сабајле имаше една џукела, почна да лае... накај 2 саат мислам. Усра 3-4 теми и си замина. Од тогаш не му е најдена трагата ваљда го застрелале овие шинтерите што пукаат по кучињата-скитници.

На Чек дис аут ништо посебно. После 4 немирни дена и 3 ноќи змејот конечно заспа. И принцезата беше среќна бидејќи овие пеерите од кабловската ја пуштија Хаслер и така...



Од другите вести:

Ќе полагате државна матура(jeс!:))

Би(г)л мадафака Гејтс пак е прв на листата на најбогати на Форбс. 14 година по ред и мислам дека крајно време е владата да воведе дивидента... мисЉим што е ова МОНОПОЛ!?!?!

Ако сакате да си го продолжите животот внесувајте витамин Д. Еве извадот од една сторија:
Новата студија на Меѓународната агенција за истражување на ракот сугерира дека секојдневното внесување на дополнителен витамин Д ги зголемува шансите за долговечност. Дневното земање на 400 до 600 единици од витаминот Д во период од шест години може ризикот од смрт од било која причина да го намали за седум проценти. Значи јадете кајгана за подолго да живеете !!!

Денес почна да се снима и филмската адаптација на серијата ''Секс и градот''. Конечно пак ќе си ја видам С.Џ.Паркер :pipi:

И види беее, на кој му било роденден. На Liam Gallagher од Оејзис. Среќен роденден и што е можно поскоро враќање на сцената ти посакува Big Papa John!
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Би(г)л мадафака Гејтс пак е прв на листата на најбогати на Форбс. 14 година по ред и мислам дека крајно време е владата да воведе дивидента... мисЉим што е ова МОНОПОЛ!?!?!
мисЉим дека сеуште сакам да го пре*бам,он ми го скрати мојот живот за неколку дена и сега стварно ми треба витамин Д и кајгана :pos: :pos: :pos:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Од вечерва се враќам со колумната... Кајгана актуел season two!!!
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ајде Јове моеш ти, ајде да видиме што е актуелно на Кајгана деноиве. :pos:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Кајгана актуел... сезона друга.


27 септември*


''Јас денес...има да го... Че го пишам... за вчера.''


Ајде да започнеме, прва станица е Галерија:
Нови провокативни слики во новото издание на Кајгана магазин. Во тек е избирањето на Kajgana Playmate Miss september. Интересни и провокативни слики само за вас, кајгана галерија - the place to be!

Фанастичните приказни и теории на Мистерии просто немаат крај. Еден од поновите членови, ни откри ОГРОМНА тајна. На темата: Дали слетавме на Месечината се појави нова теорија. Теорија која заслужува посебно внимание и ќе биде спомната во посебната рубрика, цитат на денот. Интересни се и темите за новоткриениот минерал и за мистериозниот череп(пф... мистериозен мајке ми, тоа е И.Т. некрофилиии ни-за-е-д-н-и-!!!)

На Религија нови интересни теми, кои штета... не се читани доволно. Ако сакате да дознаете што се случило на 25 декември и зошто тој датум е толку важен за христијанската религија, посетете го овој подфорум и дознајте.

На Философија, Сведо отвори Шизофренија Фан Клуб, па кој сака може да повели. Телема уште се разработува и така...

На Љубов и секс се врати Никола. Само што го испиша првиот пост, цел форум се пресели таму. Рекордна посетенот имаше на тој подфорум - Едноставно... Никола! Сакајте го или мразете го човекот е за почит и ја има мојата. Нови теми, нови видувања па повелете.

На Гурманско катче масовно се протестира. За што? - За тоа дека македонските домаќинства се поретко прават ајвар. Со штрајк ништо нема да смениме, ама затоа велам да организираме една ајвар собиранка, па да се присетиме на старите времиња. Сепак Ајвар-от е наш!

Еден од поактивните подфоруми деновиве а кој долго време беше заборавен е Уметноста, литературата, јазикот. Во тек е иницијатива која е за поздравување... Кајгана книга. Убава замисла но сепак тешка за остварување. Ми мириса на епилог сличен на Кајгана the movie, но сепак да не бидиме песимисти... можеби на форумот немаме Џејмс Камерон, но имаме десетина Шекспири.

Друг доста посетен подфорум деновиве е Политика и вести. Главни виновници за тоа се собраниските К1 борци. Се разбира за тоа е гладно македончето, да види крв и одма да скокне да се расправа. Значи актуелна е тепачката во собранието, па секој си дава различни ставови на тоа прашање.

Подфорумот Игри исто така живна овие денови. Бидејќи месеците септември и октомври се резервирани за промоции на новите компјутески игри, на форумот никнаа нови теми за овогодинешните продолженија на популарните FIFA, NBA, PES, Starcraft и сл.

На Чек дис аут, попрецизно на темата за принцот и принцезата и змејот... Сведо се пронајде себеси и сега има нова улога. Тој е новиот змеј, кој сака психоанализаслешвметнувањевобајка може да се обрати кај Змејот, грешка мислев Сведо.


То е то.

Пост на денот... па може да се рече и за сезона лето-есен е следниов:
Mesecinata ne postoi, nea ja izmislija masonite vo 13 vek.
A denes ja prat so specijalni efekiti i so lazeri prozektiraat na neboto ali posto ne mu e usovrsena tehnologijata nekoj den e golema i trkalezna nekogas samo polojna se gleda a nekogas ic pa izmislija nekoi teorii deka taka trebalo da bidi poradi so zemjata mu praela senka. A to go kaza Isak Njutn koj e dokazan mason i bese neso glaven vo masonskata partija (dal sekretar il blagajnik ne znam tocno). Porano lugjeto ne smeea da se protivat oti odma gi spalvaja kako eretici ali denes ne mozat pa prat filmoj vo holivud (a cel holivud e vo racete na masonite i evreite) i tie ne lazat nas za da mozat polesno da zavladeat so svetot.



Од другите вести:

Медиумите му свртеа грб на Мистер Груевски, но и тој им се наWути и не им збора повеќе. Тој е екс боксер и поWитичар, а кој се тие, гWупаци?!?!?!

Еврото руши рекорди, односот евро-долар е 1,4166. Значи побрзо, менувајте сите девизи.. претварајте во евра!

Стручњак за градници, е тестирање спроведено од страна на производител на женски долен веш, но се пројавил голем интерес за учество на курсот. Што не ќе им истекне на јапонците... титула ДИПЛОМИРАН СТРУЧЊАК ЗА ГРАДНИЦИ, добро звучи!

Денес му е роденден на Гугл... слави 9 години од неговото постоење. 11 милијарди годишен обрт, 3 милијарди чист приход... па ајде нека части.
Среќен роденден Гугле ти посакуваат Јован со фамилијата!



И уште една новина, од денес ќе учиме правопис, но прво да ве запознаам како да најлесно да пишувате кирилица(alt+shift), полесно здравје.
Правопис, како што ќе читам грешни зборови низ форумот така ќе ве поправам. Денеска овој збор прв ''ми падна во очи'' АТМОСВЕРА.

Значи не атмосвера туку атмосФера.






Четири саат!!! Ајде да бегам, толку од мене... ариведерчи!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom