Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Ги отвори очите, поспано стана од креветот и тргна накај кујната да се напие вода. И` беше топло, беше жедна, место не ја држеше. Погледна накај часовникот со страв. Немаше уште многу време, требаше веќе да почне да се облекува и да тргне. Побрза да се среди, а во меѓувреме му јави на Горан да дојде да ја земе. Многу мисли и пролетуваа низ глава ... "добро ќе биде ако не е позитивен тестот", "но што ако е", "што ако е и морам да останам со него", "што тогаш" ...
Тој пристигна, ја повика, влегоа во колата и заминаа на доктор.
Беше млада, наивна, неискусна и се` што и се слчуваше беше ново, болно и страшно искуство. Го направи тестот, заминаа со сопругот, па и` остана дома да го прави тоа најтешкото - да чека.
Веќе другиот ден докторката која ја прифати добро и јави дека го има резулатот. Не сакаше дополнително да ја мачи, па веднаш и кажа - "Да Маја, позитивен е тестот, бремена си."
Навидум смирено го поднесе тоа, но срцето и се скрши. После многу размислувања реши да го остави Горан, но ете, се случи пресврт кој повторно ја премисли.
Како да си оди сега? Сега кога во неа расте нешто што е и негово? Кога во неа има плод на нивната згасната љубов?
Можеби е згасната, можеби и воопшто ја немало, кој да знае ...
Го запозна како многу млада девојка, а тој повозрасен и поискусен успеа лесно да ја натера да се заљуби во него. Не помина долго време додека успеа да завладее со неа, да ја тргне од нејзиниот живот и да и го наметне неговиот. Несвесно таа стана негова кукла и играше според негови правила. Да, и тој беше заљубен во неа, но на некој чуден и застарен начин. Откако успеа и да ја ожени покрај сите негодувања од блиските, таа го доживеа самиот пекол. Целата слобода и беше одземена, целото детство, целата младост ... Тргната од се` што знаеше и сакаше, беше присилена да живее како Горан ќе и каже. Не го познаваше повеќе нејзиниот животен сопатник, незнаеше од каде таа промена, незнаеше каде и кога погреши со него, незнаеше каде е Горан - дечкото кој беше толку добар со неа, дечкото кој се` и даваше и ја чуваше на дланка ... но бескорисно беше да се преоптоварува со тие мисли, па малку по малку престана да се измачува и со тоа.
Немаше лице да се врати кај луѓето кои ја молеа да не го прави тој голем чекор ... немаше избор според неа ... реши да остане и да се надева на подобро утре.
Но ете, дојде моментот кога престана да се надева, и одма друг до него, кога пак почна се` од почеток.
Тешко и беше и повторно беше збунета после новонастанатата ситуација, па се реши да одлучи што понатаму откако ќе разговара со Горан.
Тој се врати доцна вечерта. Беше касно за разговор, но таа инсистираше. Му беше напорно да се расправа, па ја остави да му каже што има. Му ја кажа новата вест и го праша што мисли во врска со тоа. Тој на нејзино големо изненадување неможеше да ја сокрие насмевката од лицето, почна да ја прегрнува, да се радува, веќе да крои планови за заедничката иднина со нивното прво дете ...
Маја немаше храброст да му ја скрати среќата. После се`, таа сеуште немаше храброст ни таква мала болка да му даде.
Реши во истиот момент: "Ќе останам со него. Тој сепак ќе биде татко на моето дете!".
Како поминуваа деновите, така животот повторно и се влошуваше. Повторно тој беше стариот Горан, како да заборави дека чекаат дете, не го радуваше тоа повеќе, продолжи да ја омаловажува, навредува, психички да ја малтретира, едноставно да и го прави животот истиот пекол кој таа добро го познаваше. Маја продолжуваше тоа да го живее нормално, се трудеше преку ден да игнорира се`, а многу ноќи знаеше со часови да плаче горчливи солзи. Не и беше лесно, но знаеше низ солзи да си промумла - "Нема назад. Така одлучи Majо, така ќе ти биде!".
Беше храбра покрај се`. Не дозволуваше другите да ја видат нејзината болка, нејзиниот лош брачен живот, нејзиниот лош сопруг. Умееше добро да глуми среќна трудница, па никој неможеше да и го провали несреќното срце, дури ни нејзините најблиски, бидејќи многу ретко ја гледаа.
Како поминуваше време, така се ближеше моментот кога за прв пат требаше го види своето дете кое ќе ја исполни со милион убави чувства, па со нетрпение го очекуваше. Почна да станува имуна на малтретирањата од Горан, иако веќе имаше длабоки рани и трауми. Беше толку силна што успеваше да се лечи со љубовта кон сеуште нероденото дете кое и беше најважно од се`. Си вети дека нема ништо да ја скрши и да ја направи лоша мајка понатаму. Ќе се жртвува и себе и нејзиниот живот само да не го остави своето дете со еден родител и да не му фали ништо.
Многу беше замислена како и секогаш, многу планови, многу идеи ... малку фалеше да не ги почувствува и првите силни породилни болки. Се јави брзо кај Горан, со рацете под стомакот и целата во болки собра набрзина тоа што мислеше дека и е неопходно за во болница и истрча низ вратата.
Беше пресреќна за една млада мајка која треба да се породи ... не им беше баш некое секојдневие на сестрите, кои помалку чудно ја загледуваа. Не пушташе ни глас, само насмевната се грчеше и го чекаше моментот кој толку многу го посакуваше!
Дојде ... конечно дојде! Преуморна од долгото пораѓање, низ тешките воздишки слушна бебешки плач. Го слушна гласот на нејзиното мало девојче, но не се посегна по него туку легна врз креветот без капка сила во неа и почувствува како неконтролирано и протекоа слатки солзи од среќа. Не беа исти како тие кои со ноќи ги исплакуваше за неа и имаа толку горчлив и солен вкус. Беа тоа солзи од мед со кои прв пат го прегрна новиот мал живот, со кои прв пат ја прегрна својата ќерка која и донесе голема светлина и желба повторно да се насмевне.