Кафе

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.676
Поени од реакции
13.281
@бристол ако имаш опцика да вариш кафе, (рингла) онда ништо подобро од мокапот. Земи едно за 3-4 порции (целодневна доза) и комбинирај со млеко во капсули - помрсно е, кога ќе се врзе со кафето нема да те фаќаат тегоби во стомак, плус нема потреба од фрижидер. Една капсула - една доза. На коњ си.
Е сеа кое кафе ќе го зимаш за мока пот, тоа е посебна тематика за разглабање. Али прво кажи ми дали си у состојба термички да обработуваш кафе (на рингла, не со ел. џевиња и чајници).
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.505
Поени од реакции
8.836

Единствено на електрично ѓезве можам да спремам, друго не. Варев турско до пред некој ден во магацин меѓутоа ме дислоцираа, ми забранија и морам во канцеларија, турското ми е проблем дека морам низ погон да носам ѓезве покрај филџан да мијам, освен мирисот и др. работи ќе привлечат внимание.
 
Чаре ти е онда само термос. Го куваш дома кафето, фрцкаш у термос и тераш. Сеа ги видов овие у скаут и мене ми фаќаат око. Не би се разбацувал со пари нешто, но у живот што сум научил е да не штедам на добро мока-пот џезве, добро кафе, добро пиво и добар термос.
Инстантот само raw ако го земаш го има ефектот на кафе. Оние тортине 2/3 во едно се евтин барут. Или Нескафе или јакобс кронат голд. Монархот е малце подобар но отскокнува многу по цена од кронат голд.
 
Предлог добро мока-пот ѓезве? И добро кафе за спремање, затоа што освен турско и ладен нес со млеко не знам др. да спремам од кафе.
 
Член од
1 октомври 2023
Мислења
557
Поени од реакции
1.808
Предлог добро мока-пот ѓезве? И добро кафе за спремање, затоа што освен турско и ладен нес со млеко не знам др. да спремам од кафе.
1717513946249.png
Вакво користам, за 4 кафиња.

1717514030453.png

Вакво кафе.

Ќе си ставиш вода до тоа цуцулчето, еве ти видео како се прави и топ. Мене ми има многу убав, богат вкус, нема потреба од млеко и шеќер, со две лажици кафе и вода за 4 кафиња, таман ми е, ни прејако, ни преслабо.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
736
Поени од реакции
1.599
Строго турско мавам, најчесто 2 кафиња во денот.Имам мрзелив организам и само турско може да ме стимулира онака како што јас сакам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.676
Поени од реакции
13.281
Предлог добро мока-пот ѓезве? И добро кафе за спремање, затоа што освен турско и ладен нес со млеко не знам др. да спремам од кафе.
Bialetti ти е супер комерцијално мока пот џезве и топло ти препорачувам такво да земеш. Ако разгледуваш, глеј да има гумица меѓу горното и долното ситце, да не бидат метал со метал поврзани. Има евтини фалшови кои се продаваат за 200-400 денари, без таква гумица се.
За кафе ете погоре спомнаа Лаваца ти е одличен starter бренд - немаш утка. Со тек на време и пробување ќе видиш која повеќе ќе ти тера на вкус. Само пази - турско ФИНО мелено кафе не оди во мока пот. Ќе го запуши џезвето и ќе напраиш беља. Исто и за инстант никако.
Средно мелено е најдобра опција. Сите овие Лаваца, Tchibo, Illy, Melita, Hausbrantdt итн се малку пофино или средно мелена комерцијала. Сосема таман за во Мокапот.
Автоматски споено мислење:

Иначе @enzo8 Џим Хофман е топ за било кој влага у филозофија на правење кафе у домашни услови. Некад малце го затупуе, али по мене еден од најекспоненционалните во итернетов.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.676
Поени од реакции
13.281
Прегледај го приврзокот 419385

Momentalno probuvam od ovaa kompanija, dosta dobri mislam Avstriska da e.
Je. Откако италијаните им испокупија цел монопол на кафепроизводителство на австријците + отворија свои, остана само Јулиус Меинл. Во било кое кафуле во странство кога идам, гледам прво дали овие ги служат. Малку поопори се на вкус од Лаваца/Хаузбранд ама на крај ја има таа слатка џичка во последната голтка еспресо. Инаку само ова го пијам без шеќер.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.892
А како си го спремате инстант кафето?

Јас само еспресо и турско пијам. Нес кафето не можам да си го погодам, а и некако имам одбивност према млекото во нескафе и во било какво кафе воопшто. Не сакам благи кафиња.
 
Напротив, млекото не го прави благ, туку само го потскрива тој горчлив или како што го викам јас отровен вкус што го има несот, јас на пр. вака го спремам несот: лажичка нес, го потопувам со топла не зовриена вода и ставам капсула млеко како тие што ми ги препорачаа некаде погоре, не се баш исти ама доаѓаат во такво пакување, истите ги има во Жито, а јас овие што ги користам се со др. боја (некоја си темно црвена, вишнова или накај кафена боја). Толку, матење строго со лажичка, никако со др.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom