Јас имам Неспресо машина на капсули и имам купено и капсули пластични за да ги полнам сам. Проблемот е што во секоја капсула максимално собира 3-4гр кафе(можеби на Долче повеќе) а тоа е премалку за добро кафе.
Сега купив Горење машина и сум презадоволен, има за греење на млекото, сам си бираш што кафе ќе ставиш и е доста поисплатливо. Во Македонија е околу 7000-8000денари без попуст. Ако пресметам колку пари сум дал за скапи капсули на Неспресо кои испаѓаат и по 20-30 денари,реално за неколку месеци ќе се извади машината.
Прегледај го приврзокот 395886