Кафански правила

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ова се правила како треба да се однесувате во оваа установа. Се пренесуваат од колено на колено, а најдобар однос имаат оние со најдолго искуство.

Најдобар тутор е пријателот т.н. “кафански инвентар“.

Примери:
1. Седите во кафана, а на масата ви стои празна чашата. Конобарот доаѓа до масата и ви носи нова чаша ракија, а посегнува да ја земе празната.
- А, не, шефе.
Ја префрлате новата ракија во старата чашка.
- Жената и чашката не се менуваат.

2. Точено пиво, бокал и две чаши. Средина на разговорот, пола испиени чаши. Еден од пријателите почнува да ги дополнува.
- Ехеј, чекај да допијам, полека...
- Ма подобро е кога е полна чашката куме, да те потсеќа дека треба да пиеш...
- Куме, запамти: чашата никогаш не ја дополнувај и жената никогаш не ја дое*увај! Почекајме да допијам.
Постојат и онакви кои сметаат дека наздравувањето со чаши мора да биде проследено со гледање во очи по секоја цена. Кафанџиите на крајот од вечерта не гледаат бела мачка пред очи, а камо ли да треба да ви ги најдат очите.
Ако сите пијат, пиеш и ти. Ако си уморен од работа, ако треба да станеш рано утредента, или ако едноставно не ти се пие – не си требал да доаѓаш ич!
Ако си закаснил, има за казна првите 2 да ги мавнеш на екс. И тоа без да се побуниш. Се побуниш ли - па ти не си маж бре!
Ако има жива музика, не нарачувај песни без да фрлиш паричка на музикантите. На пејачката – посебен третман (хартиен фишек во градникот).
Ако не си во форма и не си доволно пијан – или си педер или едноставно не си за во кафана, и нема да те викнат следен пат!

Како се одвива јадењето во кафана:

Прво една ракија на екс на суво. После следи мезе со ракија, шопска, мешана, ракија, втора тура салата, кисели пиперки и по некоја феферонка, ракија, пиперка во млеч, ракија.
Откако добро сте се подмачкале со мезето ќе удрите едно предјадење со некое добро пинџурче, ќебапче, нафорче. Во комбинација со ракија и пивце.
Главно јадење: Димени ребра, увијач, пиво, помфрит со нафора, уште некое пиво, плескавица, стек, вешалица, пиво, пивце, а може и по некое винце добро лизга со мевцето.
Десертот се прескокнува или се заменува со уште некоја течност.
Уф, па има ли нешто померачко од кафана?



Ваша омилена кафана? Ваши ритуали?Дешавки, А?
 
Н

нихилист

Гостин
Мој единствен ритуал е кога и да отидам, а ретко одам во последно време, ги нарачувам позно би те меџу хиљаду жена и да зна зора, да зна зора коју драгу љубим ја. Освен ако се случи да нема лајв 'свирка', тогаш ништо посебнo. Немам некои ритуали...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ритуалот започнува со покана на пријатели кој пијат. Пријатели кој не пијат се повикуваат на кафе, а не во кафана. Кога тргаш накај кафана ќе гледаш да е после работа, да си гладен и да си фатиш маса со умисла дека кран не те дига од кафаната. Прва нарачка мора да е ракија, освен ако не е 50% степени надвор па да се ладиш со узо/мастика. Мезлакот е главниот дел од софрата, треба да порачаш се за да може да крепи ракијата. Задолжително свежа салата, парчиња сирење, тиквици пржени, зденки поховани и пинџурче. Од кога ќе испиеш бокал ракија го викаш келнерот да фрли по една скаретина и нафора. За тоа време порачуваш уште една дупла ракија и почнуваш да зборуваш гласно за да може три маси околу тебе да те слушнат. Кога ќе стаса скарата го замолуваш „благо“ келнерот да ја тргне пепељарата во која има мин 58 пикавци за да не ви мириса на масата. Додека заминува опнуваш три пцовки како денешните келнери не си го знаат редот и раскажуваш обавезно дел од твоите тинејџ години кога си работел 2 саата во кафана.
Со скаретината обавезно нарачуваш бунарче ако е топло или црвено ако е ладно. Додека лагано се лигавиш врз ребрата низ заби раскажуваш проблеми со работата. Од кога ќе ја изедиш масата и го испиеш виното преминуваш на љубовни проблеми и викаш по келнерот за едно ѕидарско колку да се исечиш.
Ако има музика пееш додека те држи грло, се додека не почувствуваш дека столот ти се ниша. Кога ќе почнеш да ги креваш нозете очекувајќи дупка додека одиш во вецето, тогаш сфаќаш дека е време да ја викнеш сметката. Задолжителен бакшиш ако келнерот се покажал или барање на кусурот од десет денари ако закаснил со носење на пијачките од 0,5 секунди.
На крај заминуваш во стил на Јованка Броз со крената рака.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Превен се почнуе со 2-3 пивца, после се зима белото вино се нарачува скара и се реди.Ако не се опиеш од виното следи завршната фаза ракија со зелка:love:
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Прво и основно, мора да собереш добра пијачка тајфа со јак џигер, со желба и расположение за пиење.
Седнувате и нарачувате бокалче ракија, додека да се загреете. После иде ново бокалче со задолжителната шопска, свежа салата, сирење на скара, поховани маслинки, поховани зденки, кашкавал и се што имаат. И задолжително ќе му кажеш да спрема третото бокалче:)
После три- ќетири чашки полека навлегуваш во фазата- ЗНАМ СЕ(втора фаза на пијанство) и почнуваат муабети со широк дијапазон, филозофија, политика, економија, се формира влада во сенка која е спремна за 6 месеца да ги реши сите економски проблеми. После следи пинџур и 50-60 кебапи додека да стигне месото, и уште ракија нормално. Во овој сегмент од вечерта, полека ќе навлезете во трета фаза на пијанство- МОЖАМ ДА ИМАМ СЕКОЈ! Почнуваш да шмекаш на страна, а ако имаш некоја симпатија може и на масата. Таа фаза кратко трае, зашто стига главното месо кое малку те подотрезнува а и идат јаките песни кои ја предизвикуваат четвртата фаза- ЈАС СУМ НАЈДОБАР ПЕЈАЧ!! Пееш без оглед дали го знаеш текстот, јадењето е веќе изедено и се допиваш од тоа што останало, може дури од стрв да се навратиш на ракија. Ако се погоди друштво атмосфера и песни уште во кафана можете да ја дочекате петтата фаза- НЕ ЗНАМ КАЈ СЕ НАОЃАМ( состојба на целосна непресметливост, не можете да го сфатите значењето ан своите дела ниту да управувате со своите постапки). Кај ке продужите....веќе е сеедно, топ ќе си пројдете.
наредниот ден задолжително се будите со опасна главоболка и со мисла во себе- What a night. Несакана последица е ако не се разбудите во сопствениот кревет.

Еј баш ми се прииде во кафана, едвај чекам сабота!!!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Бокалче жута и љута Пелистерка додека стигне мезе - да има нешто за со оцет + нешто мало опако љуто, овчо на жар или фолија, сеедно. Лук, кромид, еве о магдонос, a must! Се ова, за жал, завршува со второто бокалче, кога пристигнува прерано ентузијастично нарачаната скара, редовно дупло поише од што смее. Се утапа Т'га.
На крај се пие едно ладно точено, за освежење и заслужен ждриг, како искрена честитка до верниот стомак.

Тоа ако е ручек, посриједи. Ако е Кафана, кафана, тогаш, мање-више, ништо од ова горе нема везе. Ионака е кому иде и што е модерно у моментот. Кафана е најбоља журка у свет! Мислам дека треба да ја брендираме и да ја продаваме на странци и у странство како културно наследство.

Еве, ја би бил... куратор, ли, како ли се вика тоа? Фасилитатор? MC?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.794
Поени од реакции
17.550
мене најпознати кафанско правило е дека коа ке дојде веме да се плаќа,секогаш некој неплатил па фалат пари..
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Пред да започнам со презентирање на основните правила на елементарните кафански правила на однесување сакам да го цитирам доајенот на кафанската елита, своевиден маестро на култното трајбл дарк турбо-фолк движење, неповторливиот Синан Де. Сакич, кој вели:

Чашката е фрлена.

Историското значење на овој цитат е големо посебно во формирањето на кафанскиот бон тон кој што се гради врз длабоки психички анализи и проучувања кои се сметаат дека потекнуваат директно од животинските инстинкти а наоѓаат широка примена во кафанскиот бон-тон. Да започнеме со правилата:

  1. Најприкладна облека за во кафана е онаа облека која што може да се забележи од левата страна на реката Вардар, поточно во старата чаршија. Таа се состои од тенко виолетово или темнозелено палто, кое што препорачливо е да не биде проветрено, односто да го има стариот шмек на добар телески увијач со тетовски кашкавал. Одоздола обавезно да се има кошула, или дрес евентуално, но мора да се напомене дека тие мора да бидат во согласност со стандардите на најик и адибас. Со ваква комбинација непогрешливо иде златна алка, огрлица, изрезбан прстен на малиот прст (ноктот мора да биде најмалку 1цм, а другите нокти да бидат изгризани) и златен заб со кој што се покажува имотната моќ на персоната, односно “што ќе мијам заби кога можам да си купам”. Каишот мора да биде кожен и да ги држи панталоните високо кои ја покриваат кошулата односно дресот. Кога сме кај панталоните мора да се напомене дека мора да се има минимум два броја помали пантолони за да при седење јасно се гледаат белите чорапи, кои што по правило треба да бидат дигнати до изнад глуждот. Мора да се внимава да измеѓу чорапата и работ на ногавицата да има размак од најмалку 10цм при што на виделина би излегле влакната, односно би се нагласил машкиот ерос кој што го поседува единката. Чевлите се по произволна желба но се препорачува да се земат ниски, скај кондури, без врвки, со кожа боја и да не попречуваат во истакнувањето на чорапата. Обавезно е да имаат тенки ресички на местото од врвките.
  2. Што е можно повеќе да се избегнува идење во кафана со женско друштво, односно во кафана да се оди само со фраери кои што имаат голем капацитет на пиење.
  3. Ако случајно не може да се избегне пијанчење со женско присуство, пожелно е тоа да се направи со тоа што дамата ќе биде почастена со 4 чашки Ж’та. Тоа е познатото македонско виски, кое името го добило по францускиот збор „Ј’таиме” кое во превод значи “Те сакам”. Сметката си ја плаќа самата дама.
  4. Ако на масата има шопска, нафора или слично предјало, пожелно е при земањето на исецканиот продукт да се расфрли што е можно повеќе сирење по масата, така што тоа подоцна би било размачкано, а со тоа да се покаже големиот мерак и херкуловиот апетит кој што муштериите по вас би требало да го забележат.
  5. Во никој случај да не се повраќа во кафана. Тоа може да го сторите одма пред влезот, лавабото или на капакот од шолјата у вецето.
  6. Кога викате по конобарот правете го тоа со полна уста така да џваканиците достигнат до соседната маса, односно должина на 5 сомуна.
  7. Ако немате доволно пари да ја платите сметката, фукнете му ја на келнерот право во лице и избегајте.
  8. Обавезно да се свирка на певаљката и да се величаат нејзините облини на најпоган можен начин.
  9. Според домашните статистики 90% од луѓето од соседната маса зјапаат у вас. Останатите 10% се билдери.
  10. Кога ќе излезете од кафана пејте ја песната која што сте ја слушале пред да излезете.
http://pornoezija.blog.com.mk/node/59701
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
хахаха јас стално упаѓам од коа почнало мезењето и се сите по малку поднапиени стално така ми си случува ненамерно, и пиам 2-3 на екс за да фатам ритам и да влезам во муабетот:) за почеток се пие со добро мезе по 4-5 ракии, после доаѓа скарата и се минува на пиво или вино јас најчесто вино и се пие така се додека не почната добри другарски дискусии со повисок тон и после коа ќе дојдеме до степен да се расправаме а всушност не знаеме за што, преминувам на пиво кое ми доаѓа како сокче бидејќи више не чувствуам ништо и се реди се така пиво пиво пиво....... а келнерот не се осудува да ги дигне празните флаши зош знае дека може раката да му отиде, тоа ни е некој ритуал ако може така да се нарече ја полниме цела маса со празни шишиња. :vozbud:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.727
Поени од реакции
22.312
За кафана.... Ај батали, ќе се образложам во дисертацијата или на кратко попосле.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
ЧЕЧКАЛИЦАТА обавезно скршија одкако ќе завршиш работа.
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Моја тема на која може да се напишат романи.Не ги гледам овие како правила туку едноставно во генот е и се пренесува од генерации на генерации.
Еден од ритуалите ми е да седам секогаш покрај ѕид, тие што одат знаат зошто.Ова другото горе-наведено се е до точка спроведено.Најчесто се почнува со бокалче ракија и некое мизерно салатиче од типот на зелка, краставици а некогаш и полуксузно шопска, овчарска, таратур.После тоа следи недоумица дали сакаш да те носат дома или да ги носиш, па низ мозокот ти се врти да останам на ракија, вино да пијам или пиво.Одлуката паѓа претежно према расположение.Неизоставен дел е одење понадвор на секои 20тина мин. за цигара и успат фрлаш и еден qр.
За вечера обавезно скара по можност чисто месо зошто кафанџииве во последно време меленото го прават од се само од месо не.Ако пијам вино процентот е 80:20 во однос на виното, бунар се избегава (за шмизли и мочковци е тоа).Доколку е одлуката на пиво одиш строго на флаша зошто немаш време да се заебаваш со чаша, тука најмалце од 7-10 требаат ѕидарски.А ако одлучам ракија е тогаш филмот е краток и ќе чекаш наредниот ден да ти раскажат.
Навика за пари лепење по свирачи и ора играње немам тоа по свадби овде не.Со келнерите секогаш одлична соработка и затоа и услугата е навремена и без проблеми.Бакшиш обавезно на крај а за плаќањето на цехот претежно одлучува расположението што во превот значи често јас.:)
Има уште милион работи ова е само дел ама мислам е доволна слика.И за фајрон секогаш се порачува уште по една која претежно останува во чашите или се затурва по маса.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
У последнава година омилена кафана дефинитивно Јоле.Да не претерам али на 10-тина дена мора да ја посетам чиста да ги видам музикантите и да проверам дали донеле крилца:D
Иначе не обожавам да јадам многу скара т.е она ребра,месишта у кафана туку повеќе на мезиња,од салати до похованици,тиквици,печурциња на 101 начин.Мераци.
Иначе ракија е мојата пијачка за кафана,пива мива не проаѓаат кај мене.
Последен ''штос '' кафански што го слушнав е,''чаша не се допунуе и пичка не се доебуе'':pos: до збор напишано точно како што е кажано.

Иначе највеќе кафани што ги посетувам се Јоле што ја спомнав,Крчма,Јаре,Маршалот .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom