Како велат постарите се е од мака излезено па и темава така, мислам дека фали една тема за кафани низ Скопје а дефинитивно и за низ Македонија па затоа ја отварам темава за предлог кафани и ,,искуства" што би се рекло.
Што е најбитно кај е кафаната, има жива музика нема, каква е храната мислам дека се најбитните работи за кафана сите ги знаеме поголемиве кафани Дебар Маало, Скопски Мерак, Бомска, Кафана Дома Илинден, Две капки и слично ама има уште многу други што не се толку познати па да се споделат.
Конкретно мене ми треба кафанче со староградска музика за во недела (т.е утре ) дајте некој предлог а за кафани подобри покрај тие погоре би ги издвоил Спортска Меана, Гостилница Југ, Одисеја, Мезе Бар сите се во Скопје.