The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 113
Рак
Ракот настанува кога нормалните клетки во телото ќе почнат неконтролирано да се размножуваат. Може да го зафати било кој дел од телото. Некои видови рак може да се лечат.
Биопсија
Биопсијата е медицинска постапка при што се зема примерок од ткивото на пациентот заради испитување и поставување дијагноза на болеста. Постојат повеќе видови на биопсии зависно од поставеноста на ткивото кое се испитува.
Заштита од сонце на снег
Зимските активности, како што е скијањето може да доведат до изгоретини заради УВ зраци кои се многу појаки на планините отколку на морко ниво, а исто така и се рефлектираат од снегот. Носете заштитна капа и очила за сонце и крем за сончање со широк спектар SPF 30+.
Коскената срж
Крвните клетки се произведуваат во коскената срж, која е мека, желатинеста материја која се наоѓа во шуплината на коските. Болести на коскената срж делуваат врз создавањето на крвните клетки. Во некои случаи, пресадувањето коскена срж е најдобриот лек.
Леукемија
Леукемија е рак кој ја погодува с'ржта на коските. С'ржта на коските ги создава крвните клетки. Во Викторија годишно околу 470 лица се дијагнозираа од оваа болест. Постојат различни видови леукемија. Лекувањето се состои од кемотерапија, радиотерапија или пресадување на клетки.
Лимфодема
Лимфодема е потекување на одредени делови од телото, предизвикани од проблеми со лимфните жлезди. Може да се јави после операција, особено операција од рак особено ако се применувала и радиотерапија. Лекувањето се состои од масажа, завои, вежби, лекови и операција.
Меланома
Меланомата е најопасниот вид рак на кожа. Околу 1500 жители на Викторија заболуваат во текот на годината. Меланомата може да се јави како нова точка или како промена на постојно мозолче или пега.
Нехоџкинсоновата лимфома
Лимфниот систем е дел од имуниот систем кој го штити телото од инфекции. Нехоџкинсоновата лимфома означува неколку видови рак на лимфниот систем со што се намалува одбрамбената сила на организмот. Една е од најчестите болести која зафаќа околу 800 жители на Викторија секоја година.
Објаснување за ракот
Ракот е болест на клетките на телото. Се смета дека причината е оштетување на гените, кое предизвикува клетките да се однесуваат ненормално. Може да го намалите ризикот од заболување од рак со водење на поздрав живот.
Пушењето е водечка причина за смртноста
Пушењето предизвикува повеќе болести и смртни случаи отколку било која друга дрога. Еден на две лица кои пушат целиот свој живот ќе умрат од тоа, половината од нив на средна возраст. Во 1995 год. повеќе од 18000 луѓе умреле во Австралиа од болести предизвикани од пушењето.