Карцином/Канцер/Рак

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Ракот на дојката натежок за сиромашните жени

Жените од сиромашните региони на друг начин се третирани кога ќе заболат од рак на дојката, поради тоа и повеќе умираат отколку жените во развиените подрачја.

Студијата на британскиот центар за истражување на рак спроведена врз 13.000 жени од северна Англија и Јоркшир покажала дека кај жените од сиромашните подрачја подоцна се дијагностицира ракот односно кога тој веќе е во напредна фаза.

Кај нив најчесто се изведува мастектомија, отстранување на целата дојка. Лумпектомија почесто се изведува кај жените од богатите подрачја. Лумптектомијата значи радиотерапија, редновни посети на клиники што чини многу, но и може да биде многу напорно, додека мастектомијата е зафат кој не бара повеќестручно одење на доктор.

Истражувањето покажало дека 22 проценти од жените од сиромашните подрачја не се воопшто оперирани, што е случај кај 13 проценти од жените од богатите региони.

Причината поради тоа е веројатно подоцното одење на доктор и постоење на други болести кои ја отежнуваат операцијата.

Многу мал процент од жените од сиромашните подрачја преживуваат и до пет години.

Во Велика Британија моментално се дијагностицирани 42.000 жени со рак на дојката.



Новиот колор тест открива рак на белите дробови


Научниците развиле колор тест кој ја покажува единствената хемиска промена во здивот на луѓето, која укажува на рак на белите дробови.

Концептот за отисок на здивот не е нов, но методата е нова. На неа се наоѓаат 36 различни точки кои ја менуваат бојата доколку личноста е заболена од рак.

Изумот се смета за едноставен, достапен и брз за откривање на оваа болест. Посебно е ефикасен бидејќи ракот тешко се открива во раните стадиуми, но со помош на овој тест може успешно да се детектира и излекува.

Веќе порано е заклучено дека кучињата преку здивот може да познаат здрава или болна личност, па вакиот сензор дојде како доста прироdeн клуч во науката, пренесува BBC



Лукот и кромидот ве чуваат од рак

Прехраната која е богата со лук и кромид би можела да го намали ризикот од неколку типови на рак.

Според резултатите од осум студии спроведени во Италија и Швајцарија, научниците заклучиле дека постарите луѓе кои многу конзумирале кромид и лук имаат помал ризик да заболат од некои типови на рак, вклучувајќи го ракот на дебело црево, јајниците и грлото.

До ова откритие кое е објавено во Американските весници за клиничката исхрана има слични резултати како и истражувањето кое е спроведено во Кина.



 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
TWEETY*** напиша:
Ракот на дојката натежок за сиромашните жени

Колку им е само сликава соодветна за статијата... Абе точкеци, непоправливи се :)
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
„Тајкерб“ - нов лек против рак на дојката

Американската агенција за храна и лекови (Food and Drugs Administration - FDA) ја одобри употребата на новиот лек за третман на метастатски карцином на дојката, „тајкерб“ (Tykerb), што го произведува фармацевтската компанија „Глаксо Смит Клајн“ (GlaxoSmithKline), соопшти денеска фармацевтската куќа.

FDA ја одобри употребата на „тајкерб“ во комбинација со лекот „кселода“ (Xeloda) на компанијата „Рош“ кај HER2 позитивни пациентки кај кои ракот на дојката се проширил наспроти претходните третмани.

Одобрението за употреба на „тајкерб“ е резултат на 16-годишни истражувања и повеќе од 60 клинички студии.

Новиот лек за две недели ќе им биде достапен на пациентките во Америка, а во тек е процес на регистрација во Европската унија, Швајцарија, Канада, Бразил и Јужна Кореја.
Извор: МИА
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Do 2030 godina dvojno ke se zgolemi brojot na zaboleni od karcinom.

Strucnacite od Megunarodnata agencija za istrazuvanje na rak velat deka dvojnoto zgolemuvanje na brojot na dijagnozi so karcinom najmnogu ke gi pogodi siromasnite zemji. Zgolemuvanjeto na brojot na zaboleni e povrzano so porastot na populacijata, podolgiot zivoten vek, se pogolemiot broj luge sto pusat i konsumiraat alkohol, osobeno vo zemjite vo razvoj i nedostatokot na zdravstvena griza vo tie zemji, velat strucnacite. Podatocite za 2000 pokazuvaat deka vo taa godina se dijagnosticirani 11 milioni novi slucai na rak vo svetot.Isto taka utvrdeno e deka vo 200 godina od rak umrele 7 milioni luge, a 25 milioni ziveele so nego.Spored procenkite vo 2030 ke bidat dijagnosticirani 27 milioni novi slucai na rak, 17 milioni luge ke umrat od taa bolest, a 75 milioni ke ziveat so karcinom
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Мислите дека е наследна болест?:raz:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Можеби, ама можеби и не е. Оти многу се заразуваат нели од неправилна исхрана и сл.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Ензими против болестите на модерното време

Ракот на белите дробови е една од најчесто застапените форми на малигно заболување во последните децении. Генетските фактори имаат пресудна улога во појавата и на тој тип карцином. Фактот дека ракот на белите дробови се јавува во некои семејства упатува на тоа дека склоноста е наследна. Докажано е дека некои луѓе се поосетливи на дејството на канцерогените материи како што се тие што се наоѓаат во чадот од цигарите. Најмалку 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се јавува кај пушачи, со што е очигледно негативното влијание на цигарите врз човековото здравје. Луѓе што професионално се изложени на дејство на разни супстанции како азбест, силициум, минерална и јагленова прашина, радон итн., спаѓаат во ризична група пациенти. Глобалното загадување на воздухот и на водата, лошата исхрана и стресот се фактори на ризик на кои сме изложени сите, без исклучок. Во раните фази болеста не дава некои посебни симптоми, а кога ќе се појават, тие се резултат на затнати дишни патишта. Најчести препознатливи симптоми се: хронична кашлица со чести инфекции на белодробието како бронхитис и пневмонија, зарипнатост на гласот, болка во градите и не ретко крвава плуканка. Во поодминатите фази на болеста се јавува општа слабост, намален апетит и губење на телесната тежина.

Белодробните тумори најчесто се јавуваат во сунѓерестите, сиво-розовите ѕидови на бронхите и досега се утврдени повеќе од 20 разни видови малигни тумори, меѓу кои: ситноклеточен, аденокарцином, рак на повеќеслоен плочест епител итн. Дијагнозата се поставува преку рендгенска снимка, со анализа на плуканка или на белодробна течност и со биопсија од ткивото. Прогнозата е индивидуална и зависи од општата здравствена состојба на пациентот и од тоа во која фаза е дијагностицирана болеста.

Лекувањето се состои од хируршко отстранување на туморот, хемотерапија и зрачење. Конвенционалните методи на лекување во комбинација со соодветна исхрана и користење на ензимска терапија даваат оптимистички резултати во борбата со ракот. За тоа сведочат многубројните искуства на онколошки пациенти низ светот, а особено интересен е случајот на г-ѓа Џун Бенет од Потсвил Бич, Австралија. Кај неа во 1979 година бил дијагностициран рак на белите дробови. По извршената хируршка интервенција почнала да користи концентрат од зелена папаја и чај од сувите листови од папајата, приготвени според рецептот на старите Абориџини. Редовно ги употребувала неколку месеци, а потоа направила контролен преглед на белите дробови. Резултатите биле одлични.

Носител на антитуморското дејство е ензимот папаин, што содејствува во разградбата на белковините и во создавањето на есенцијалните аминокиселини, меѓу кои се наоѓа една од поважните - аргинин. Аргининот го активира антитуморскиот фактор (ТНФ), со што се стопира делбата на малигните клетки. Д-р Wolf, основач на модерната ензимска терапија, смета дека, доколку онколошките болни секојдневно внесуваат доволно ензими, состојбата може да се подобри. Затоа е неопходно земање на ензимски препарати ("папаја-35" и чај од папаја) особено во период по хируршки зафат и за време на радио и хемотерапија. Притоа, ниедна здрава, нормална клетка не се оштетува, туку се уништуваат само клетките на ракот.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
mnogu losa rabota go zavladea svetov.panika megju lugjevo stvaraat ovii carcinomive!
fuck
 

WondeR`

Дипломат
Член од
2 февруари 2008
Мислења
156
Поени од реакции
5
Карциномот или народнот кажано ракот досега е најтешка болест во светот, за која уште нема лек.
Ќе кажам неколку работи за него како информативни, за тие што немаат претстава што е карцином и како се добива.
Денес сме сведоци на зрачење од војните, од нездравата исхрана, цигарите, алкохолот, дрогата, сите овие работи влијаат на генетиката во луѓето.Гените беа совршени, сега тоа совршенство не постои.
Замислете едно ткиво кое е составемо од повеќе клетки.Клетките умираат и наново се раѓаат, односно самите се обновуваат.Поради не постоењето на генетското совршенство, некои клетки не умираат туку продолжуваат да живеат.Стануваат огромни и растат во ненормална големина.Тоа е веќе почетокот на карциномот.
Карциномот може да биде метастазиран или неметастазиран.Метастазиран карцином е лимфниот карцином, доколку не е тогаш тој не е лимфен.
Сега да објаснам што е метастаза.Реков претходно дека карциномот настанува од клетки кои не умираат и растат во огромна големина.Така доколку некоја клетка од тие се откине од местото каде што се наоѓала, ќе почне да шета низ лимфните јазли(Доколку карциномот е лимфен или метастазиран) и ќе застане на некое место, да речеме мозок, дебело црево, желудник, црн дроб.Кај што ќе застане таа клетка(Метастаза) таму е раширен карциномот, така тој се шири.
Лек за карциномот буквално нема, но има терапија која што го продолжува животот на луѓето за неколку години.Таа терапија помага доколку се открие карциномот во почетната негова фаза.Хемотерапија е терапијата и е зрачење на местото на почетокот на карцимомот.
Ако има прашања поставете.
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Зборуваш за неоплазми така, што се малигни, и од епително потекло...???
Рак e канцер, да, ама не е карцином, тоа е збир за сите малигни неоплазми... во канцер спаѓа и саркома (од мезенхимално потекло)...
Гените никогаш не биле совршени, сите сме носители на онкогени ) потенцијални карциногени), и ни требаат тригери (потикнувачки фактори) кои ќе го фаворизираат јавувањето на неоплазмите...
Метастази не се јавуваат само по лимфен пат... него и по крвен, и со директен продор... (Исто така се смета дека и со пункција се расејуваат клетките)
Лимфен или метастазиран! -Не...! Нема нешто такво, лимфен??? Мислиш на лимфом, Хочкин, нон-Хочкин, или, диференциран недиференциран....?
Освен хемотерапија, и радиотерапија (зрачење), оперативниот начин е сеуште и те како, актуелен... После тоа одат радио и хемотерапија... Се разбира доколку канцерот не е метастазиран и е лоциран на место кое не преставува проблем за негова екстракција.
Никако вакви дезинформации во иднина.
поздрав:wink:
 

WondeR`

Дипломат
Член од
2 февруари 2008
Мислења
156
Поени од реакции
5
Зборуваш за неоплазми така, што се малигни, и од епително потекло...???
Рак e канцер, да, ама не е карцином, тоа е збир за сите малигни неоплазми... во канцер спаѓа и саркома (од мезенхимално потекло)...
Гените никогаш не биле совршени, сите сме носители на онкогени ) потенцијални карциногени), и ни требаат тригери (потикнувачки фактори) кои ќе го фаворизираат јавувањето на неоплазмите...
Метастази не се јавуваат само по лимфен пат... него и по крвен, и со директен продор... (Исто така се смета дека и со пункција се расејуваат клетките)
Лимфен или метастазиран! -Не...! Нема нешто такво, лимфен??? Мислиш на лимфом, Хочкин, нон-Хочкин, или, диференциран недиференциран....?
Освен хемотерапија, и радиотерапија (зрачење), оперативниот начин е сеуште и те како, актуелен... После тоа одат радио и хемотерапија... Се разбира доколку канцерот не е метастазиран и е лоциран на место кое не преставува проблем за негова екстракција.
Никако вакви дезинформации во иднина.
поздрав:wink:
Овие информации кои јас ги напишав овде на форумот не си ги вадам од ракав, туку се земени од учени луѓе за овие работи.
Ми раскажувал доктор македонец кои работи во САД.Ми ги кажуал дедо ми кои беше доктор специјалист и неколку пати директор на ЗЗЗ Штип.Тројца дедовци ми починаа од карцином и една баба.За сите сум гледал какви се за време на болеста и докторите по кои сме трчале за да ги спасиме.
Кажи тебе од каде ти се информациите за кои јас без проблем можам да ги наречам дезинформации.
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Овие информации кои јас ги напишав овде на форумот не си ги вадам од ракав, туку се земени од учени луѓе за овие работи.
Ми раскажувал доктор македонец кои работи во САД.Ми ги кажуал дедо ми кои беше доктор специјалист и неколку пати директор на ЗЗЗ Штип.Тројца дедовци ми починаа од карцином и една баба.За сите сум гледал какви се за време на болеста и докторите по кои сме трчале за да ги спасиме.
Кажи тебе од каде ти се информациите за кои јас без проблем можам да ги наречам дезинформации.

Информациите ми се од основи на патологија од Робинс, инаку тоа е книга од која се учи на медицинскиот факултет по предметот Патолошка анатомија па сега дезинформирај ме, а тоа што ти го раскажувале не си го чул добро!:tapp:
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
169
Поени од реакции
8
да, се појавува, во многу случаеви станува збор за бенигна машка гинекомастија, но некогаш образуванието е и малигнено.

Важното овде е што доколку мажот забележи грутки, зголемување, асиметрија на градите или било што ново - необично ОБАВЕЗНО НЕЗАБАВНО да отиде на преглед,

бидејќи ракот на градите кај мажите се развива многу побрзо и е поагресивен одколку кај жените (поради топографијата на градите кај жените....)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom