Карцином/Канцер/Рак

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Многу методи работат, ама има многу предуслови и фактори. Пример, почнува да работи кето, и после 1 месец не работи, почнува да работи турмерик и после 1 месец не работи - мутира канцерот, и после си оставен на цедило. Затоа се иде на варијанта со повеќе методи од еднаш,

Tocotrienol
Apigenin
Garlic
Turmeric/Black Seed
Resveratrol
Boswellia Carteri
Na-Rala
Methylselenocysteine/Selenium complex
NAG
Serrapeptase
D3/Retinol
Metformin
Sulforaphane
Coq10
Magnesium
Zinc

Веган диетата исто, поготово сирова е исто така еден од најмоќните методи, поготово таа базирана на многу масти, и еден тон зеленчук - веган/кето.

Кај сите методи, најбитен е начинот на достава, и абсорција во телото кај пациентот, ако му даваш формули од локалните аптеки или буџет суплементи најверојатно нема да има никаков ефект, но со напредни формули на достава - абсорција, муабетот е сосема друг.
Колку луѓе си излекувал досега, од кој тип и во која фаза биле?
Ако навистина си излекувал еве јас ќе ти направам веб страна и ќе ти доаѓаат луѓе на лекување, нормално со наплата, никој не бара да лекуваш за џабе, али ако не си излекувал никој 100% те молам да не скокаш и да им делиш совети и лажна надеж, деновите со оваа болест се апла броени и секој погрешен чекор значи чекор поблиску до место од каде нема враќање.

Сум имал прилика досега со два типа да си ја чукам главата, првиот планоцелуларен неситноклеточен на панкоаст дел, зафатено десно белодробно крило, за 3 месеци после откривање со еден куп од овие алтернативните методи човекот имаше метастази во цело тело и изгуби 49кг телесна тежина, а вториот случај карцином на панкреас.
Затоа мој совет ако не си видел што се случува да не пробуваш да им делиш совети на луѓето, затоа што алтернативните методи можеби делуваат откако хемо и зрачење ќе го уништат грото од карциномот, а дека со овие методи ќе излекуваш човек може само муабет пред кооперација.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483

Никаде не реков дека карцином се лечи, на претходните страни наведов дека има методи и супстанци кои имаат релативен успех. Горенаведените се токму тоа, и се користат како додаток на хемо, не се единствениот метод, горе доловив дека ако се користат повеќе супстанци-методи има поголема шанса за успех наместо единечен метод.

Сеедно нешто да не се навреди? да не те засега тебе лично нешто од работиве што ги пишувам? кажи ако е така за тебе у по умерена форма да почнам да пишувам.

А тоа коперација и слично, си постојат студии и научници кои тестираат и откриваат што работи како и колку - на пример за Турмерик има илјадници референци - јас не сум тој што измислува нешто или збори на памет, слободно можеш да им напишеш мејл и објасни им како они грешат, мене не ме замарај со цинички глупости.
 
Друже, прочитав илјадници глупости пред неколку години кога татко ми го имаше чудово, фрливме еден куп пари на се што слушнавме и мој заклучок е дека алтернативните методи се поскапи и попреценети од медицинските со оглед на нивниот успех, ете можеби имам некоја надеж дека исхраната може за нијанса да му ја подобри состојбата на заболениот, но нема шанса да го излекува, околу ТХЦ од канабисот исто верувам дека може да помогне малку повеќе, останативе ти се булшит, б17, турмерик, алое вера, лук, па дури не верувам ни во дихлороацетат го пробавме и тоа нема речиси никаков ефект.
Единствено што ми смета е секој да се прави експерт за лекување на карцином, прилично сум сигурен дека немаш ни претстава што се случува со заболен од ова ѓубре.
Со овие работи што си ги набројал ми наликува дека планираш со лак и стрела да се бориш против некој што поседува нуклеарка.
Не ти барам јас кооперација, туку да не се плеткаш и да не гарантираш за нешто што не си сигурен дека ќе го излекува, затоа што оваа болест колку што го уништува заболениот уште повеќе ги уништува психички и финансиски тие околу него, не му треба некој да им дава лажна надеж и да им го губи времето, а воедно и со советите да ги оттргне од она што единствено може да му купи некој ден живот (хемо и зрачење).
Остај ти референците има еден куп референци за многу работи али теорија и пракса се разликуваат прилично, турмерикот никој не го прифатил за официјален лек, тоа не е само поради фармацевтската индустрија, туку и дека ефектите се толку незначителни што нема ни логика да се шитка како лек, ако навистина помага верувај дека ќе му најдат чаре да ти го пакуваат и да немаш појма дека се работи за турмерик, а да го платиш скапо.
Не си правете бајрам со умот, ако навистина постоеја лекови кои ги разбира и баба Рада, немаше да отидат многу милионери од оваа болест.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Значи ти зборуваш за 1 пациент, со одреден канцер, во одредена сотојба, и милион фактори, сакаш да ми кажеш дека не постојат случаи кои се имаат излечено со било што сем хемо?

Јас зборам за просечна ефикасност, и најмногу докази по супстанца, најмногу докази за ефикасност и успех има за она што го набројав, канабисот го изумив и тој има позади него многу труд и дата, и не знам каде виде дека се правам експерт за канцер?

Значи јас не планирам да се мешам во терапијата на било кој пациент, терапијата нека си ја следи, збориме за ко-фактори на таа терапија, за опоравување од истата - помалце сајд ефекти, подобар квалитет на живот, суплементација и слично - неколку дена после хемо, може да зима што сака без никаков проблем.

Исхраната може да направи огромна разлика, не мала - повторно, многу фактори, нема дискусија ама сепак поентата е да се покријат што е можно повеќе методи за да се зголеми шансата за успех.

Иначе работите кои ги набројав, се релативно ефтини, и добар дел од нив ги нудам гратис за вакви пациенти, па дури и кога би ги купувал 500 грама турмерик чини 8$, објасни ми како тоа ќе го уништи финансиски пациентот, или ќе му ја урне надежта?

За крај, те молам немој да ми пикаш зборови во уста дека некаде сум гарантирал за било каков успех за лекување па дури и третман за канцер - сум зборел за одлични резултати (повторно не гаранции) за хронични болести од типот на артитис, остерпороза, дерматитис, гастритис итн, за канцер е многу комплицирано и има далеку повеќе фактори за разлика од просечните хронични болести. Значи задача на секого, е да проба се што може, истото и ти си го направил - без разлика на конечниот резултат, се друго е погрешно ако се прашувам јас, парите не се битни, тука се работи за живот и точка.
 
B

Bafra

Гостин

Жал ми е за проблемите со кои се соочил во животот, но има една изрека:
Секоја болест се лечи, ама не секој случај.

Жена околу 55 години, рак на гради,метастаза низ цело тело докторите и кажаа најмногу 6 месеци има и да спрема тестамент. Жената покрај терапијата и здрава т.е лесна исхрана (многу зеленчук и сурутка) психички се промени во позитивна насока. Да ја видеше ќе си речеш нема никакви грижи женава, едноставно во мозокот си стави дека не е сериозно и се однесуваше како да поминало се. Уште си е жива и здрава, со господ напред.

Маж околу 60 со рак на простата кој во најголем број случаеви не е смртоносен, докторите му рекоа нема гајле ова, лесно ќе помине. Тој падна во тешка депресија, од дома несакаше да излезе, несакаше ни да јаде, едноставно како да чекаше да си замине од светов и стварно си замина.

Врска б17, турмерик, алое вера, дихлороацетат и сл. добро кажа, да беа стварно толку ефикасни немаше да ги има во секоја аптека. Ама па некои од нив делуваат како помошници во воспоставување на рамнотежа во телото.

воедно и со советите да ги оттргне од она што единствено може да му купи некој ден живот (хемо и зрачење).
Ова тврдење не е баш целосно точно ама рековме има разлика од случај до случај.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
@Bafra ако психички наредиш шатдаун на телото како вториот случај што го посочи, готово е, што сакаш прави. И има милион типови и милион подтипови на карциноми, тетка ми е онколог, горенабројаново ако помогнал во еден случај, не значи дека ќе помогне и во друг.
 
Нормално дека нема да помогне во 100% случаеви, напишана е горе изреката, исто како што хемото и зрачењето не помогнале во 50% од случаевите :(
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Нормално дека нема да помогне во 100% случаеви, напишана е горе изреката, исто како што хемото и зрачењето не помогнале во 50% од случаевите :(
50%? далеку помалце ефикасно е хемото.

Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Значи ти зборуваш за 1 пациент, со одреден канцер, во одредена сотојба, и милион фактори, сакаш да ми кажеш дека не постојат случаи кои се имаат излечено со било што сем хемо?

Јас зборам за просечна ефикасност, и најмногу докази по супстанца, најмногу докази за ефикасност и успех има за она што го набројав, канабисот го изумив и тој има позади него многу труд и дата, и не знам каде виде дека се правам експерт за канцер?

Значи јас не планирам да се мешам во терапијата на било кој пациент, терапијата нека си ја следи, збориме за ко-фактори на таа терапија, за опоравување од истата - помалце сајд ефекти, подобар квалитет на живот, суплементација и слично - неколку дена после хемо, може да зима што сака без никаков проблем.

Исхраната може да направи огромна разлика, не мала - повторно, многу фактори, нема дискусија ама сепак поентата е да се покријат што е можно повеќе методи за да се зголеми шансата за успех.

Иначе работите кои ги набројав, се релативно ефтини, и добар дел од нив ги нудам гратис за вакви пациенти, па дури и кога би ги купувал 500 грама турмерик чини 8$, објасни ми како тоа ќе го уништи финансиски пациентот, или ќе му ја урне надежта?

За крај, те молам немој да ми пикаш зборови во уста дека некаде сум гарантирал за било каков успех за лекување па дури и третман за канцер - сум зборел за одлични резултати (повторно не гаранции) за хронични болести од типот на артитис, остерпороза, дерматитис, гастритис итн, за канцер е многу комплицирано и има далеку повеќе фактори за разлика од просечните хронични болести. Значи задача на секого, е да проба се што може, истото и ти си го направил - без разлика на конечниот резултат, се друго е погрешно ако се прашувам јас, парите не се битни, тука се работи за живот и точка.
Времето е најскапата работа кај оваа болест, кај човек што е болен од ова не работи исто математиката како кај некој што е здрав и има време пред себе, со карцином деновите се броени од една до друга фаза.
Па се нудиш де, лажната надеж е опасна работа, колку поголеми очекувања, толку поголеми разочарувања, минав низ тие срања, ме тапкале по рамо такви надрилекари и сум им плаќал за тоа што ми го нуделе и сум се надевал, и ноќи не сум спиел гледајќи во ѕид со некаква надеж дека нема да ми отиде човекот од раце се поради тие таквите, али на крај сфатив дека сум изгубил време и нерви, а згора на се во нашиот случај испуштивме и хемо...
Може да пишеш, луѓе, еве една листа на работи кои сум прочитал дека помагаат, а не да настапуваш како експерт „Стојам на располагање за детално инфо и совети, прати ми пп ако сакате да пробате алтернативни методи.“[DOUBLEPOST=1503689799][/DOUBLEPOST]
Жал ми е за проблемите со кои се соочил во животот, но има една изрека:
Секоја болест се лечи, ама не секој случај.

Жена околу 55 години, рак на гради,метастаза низ цело тело докторите и кажаа најмногу 6 месеци има и да спрема тестамент. Жената покрај терапијата и здрава т.е лесна исхрана (многу зеленчук и сурутка) психички се промени во позитивна насока. Да ја видеше ќе си речеш нема никакви грижи женава, едноставно во мозокот си стави дека не е сериозно и се однесуваше како да поминало се. Уште си е жива и здрава, со господ напред.

Маж околу 60 со рак на простата кој во најголем број случаеви не е смртоносен, докторите му рекоа нема гајле ова, лесно ќе помине. Тој падна во тешка депресија, од дома несакаше да излезе, несакаше ни да јаде, едноставно како да чекаше да си замине од светов и стварно си замина.

Врска б17, турмерик, алое вера, дихлороацетат и сл. добро кажа, да беа стварно толку ефикасни немаше да ги има во секоја аптека. Ама па некои од нив делуваат како помошници во воспоставување на рамнотежа во телото.

Ова тврдење не е баш целосно точно ама рековме има разлика од случај до случај.
Види, не зборувам за тоа дека некој некаде се излекувал, некој можеби имал среќа да биде изложен на некакви услови кои придонеле карциномот да мутира, па така да купиле време или да преживеале, али си има статистика за овие работи колку е веројатноста на преживување на пациентите со секој тип на карцином во соодветна фаза, нажалост статистиката е на страната на карциномот во секој случај.
Целата работа се сведува дека ниедна метода не гарантира излекување, али пак овие алтернативните освен „канабисот“ не верувам дека може да направат било што посериозно, се имам убиено за читање за сите и постојат еден куп, али ниту една не е ок.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
За се што сум напишал, стојам позади тоа, а ако сакаш до најситен детал да ти објаснувам што како и зошто, и на крај пак да отидеш нешто контра немам намера, води си се по твоето искуство и мисли дека само тое е валидно, јас само знам има луѓе далeку поголеми од мене и тебе, што докажале која супстанца колку успех има, твоето искуство е само тоа, 1 случај, кацерот е уствари реалтивно лесно да се сузбие но да се избегне мутација е многу потешко, кога ќе се случи тоа подобро да бидеш спремен и да се бориш со повеќе опции наместо да се откажеш. А иначе се немаш убиено од читање, ако се имаше немаше да бидеш толку игнорантен, одма да бидеме јасни.

Колку за инфо да нема забуни, јас нити имам некаков профит од ова, нити продавам нешто, напротив со голем дел од луѓето кои сум комуницирал до сега сум им нудел безплатно да пробаат, и сум давал без збор на моја сметка без да очекувам ништо во возврат - ама залудна е било каква дискусија на темава.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Од лични сознанија овие два лека или додатоци во исхраната им имаaт помогнато на многу наши сограѓани да се изборат во битката против разни типови на карцином .

ANOSOHIP

  • Помага за забрзување на метаболизмот
  • Помага при отстранување на токсини и слободни радикали од клетките
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Антиоксидантско дејство
  • Помага за нормално функционирање на црниот дроб и жолчката
VOTALEK

  • Го зајакнува и подобрува имунолошкиот систем
  • Помага за нормално функционирање на црниот дроб и жолчката
  • Антиоксидантско дејство
  • Помага при отстранување на токсини и слободни радикали од клетките
ANOSOHIP i VOTALEK Се користи со избалансирана исхрана, што е најкраткиот пат до добро здравје. Tретман на разни видови на рак како што се: хепатоцелуларен карцином, билијарен карцином, рак на дојка и дебело црево, карцином на простата и бели дробови, како и поддршка на терапија за време на хемотерапија и радиотерапија. Погледнете и прочитајте повеќе на www.unavita.farm
Лични сознанија или работиш таму? Не ви е срам да заработувате на луѓе што се фаќаат за секоја сламка?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
200 евра...
Едно паковка за 20 дена. Супер, знаат на какви луѓе да го понудат ова, најлесен начин да се заработи од оние кои во се и сешто бараат спас.
Како што веќе има пишано во претходните постови, ако некој во главата му е зацртано дека му се ближи крајот, тогаш ништо не помага.
 
Член од
26 јули 2017
Мислења
14
Поени од реакции
1
Здраво, дали некој знае OncoТice или bsg вакцини кои се користат како имунотерапија за рак на мочен меур може да се најдат по аптекиве низ мк. Во државна ни рекоа дека Грција ги има, а кај нас во Виола аптеките има некои алтернативни миотицин/миоцитин ц, кои се со послабо дејство.
 
Член од
27 ноември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
8
Здраво на сите

еве да споделам едно искуство со ракот на панкреас на татко ми, не дај боже на некој да треба, ама барем имајте референца и претходни искуства.

После 2-3 месеци испитувања во БТ заради болки во стомакот (џигерот бил, хеликобактер дрн дрн), конечно во мај 2016 се откри тумор на панкреас и се оперира (Випл метода). Прогнозите беа добри, категорија 2Б, малце хемотерапија и топ ќе биди.

На државна не ни знаеја за моменталниот стандард за хемотерапија во овај случај, Гем-Кап протокол, сакаа само Гемцитабин да му даваат:
https://www.oncologynurseadvisor.com/asco-2016-annual-meeting/adjuvant-gemcitabine-capecitabine-new-standard-of-care-for-resected-pancreatic-cancer/article/501230/

ОК ја поднесе, без никакви компликации, помина 5 циклуси, до Дек 2016, тумор маркери ОК (во меѓувреме земавме суплементи како ТХЦ масло, алое вера мешавината, сода со лимон, семки од кајсии итн итн.)
Неколку месеци релативно стабилно, за пак пролетта 2017 да се појават болки во кичма и стомак. Направен ПЕТ/КТ и покажа зафатени (параортално) лимфни јазли. Ајде тура зрачење на државна, Август 2017.
Септ 2017 продолжува хемо на државна, Гем-Ох протокол. Првата тура ја поднесе лошо. Му реков да ја прекинат, зошто таков протокол (Гем не се дава одма после зрачење и цитостатик не е препорачливо да се повторува, ама ајде, не сум доктор). Пак отиде за втора тура, му намалил докторот. Потоп. Тешка дехидрација, онесвестици, повраќања. Нормално прекинавме хемото, отиде на терапија за освежување (инфузии и прехрана). Се накрена. Уште еден ПЕТ/КТ после 1 месец, зафатен џигер, лев надбубрег (Окт 2017). Онкологот на државна крева раце, вели толку е, нема можности. Татко ми е во добра физичка состојба.
Нов/Дек контактираме со болници во ТР, СРБ, СЛО и БГ. Се решивме за Аџибадем во ИСТ, отидовме, професионално примени, препорачан протокол Абраксан хемо. Почнавме Јан 2018, добро го поднесуваше, меѓутоа почна да осеќа слабост и омалаксаност, и болки (се појавија и пред хемото, едноставно организмот како да му се гасеше). Цело време со суплементи како Бета Глукан, Куркума, ТХЦ/ЦБД масло, керозин итн итн.
После 6та инфузија абраксан, легна (крај на Феб), и толку беше. Го однесовме на онкологија, лежеше таму 1 недела, прими крв, му потече ногата (Клексан), тие велеја ќе се кренел за 2-3 дена, нов човек. Ко видоа дека нема ефект од клексанот, и тие не знаеја што и како, го однесовме на Кардиологија во Сист, снимката покажа 2л течност во бели дробови, емболија, итн итн. Полежа неколку дена во Сист, го исчистија, го зедовме дома и после 1 недела мачење и болки пушти душа дома.

Е сега, неколку препораки и поуки за сите што (не дај боже) ќе се сретнат со оваа гнасна болест:

- Во Солун (Диабалканико) ни препорачаа прво хемо па после операција, за скроз да се намали туморот пред операција. Сепак се одлучивме за советите на локалните специјалисти.
- За жал стручноста за оваа болест на државна, на онкологија е многу лимитирано. Првиот протокол јас си го инсистирав, вториот чист промашај.
- Сите странски специјалисти кои ги контактиравме повторуваа дека човекот го изгубивме после компликациите со втората хемо, не смеел тој протокол да се применува.
- Единствено што не пробавме и ќе се каам за тоа е алтернатива терапија и испитувања во Солун преку Биомед Скопје (не давам линк, ќе ги најдите). За жал ние ги најдовме кога веќе беше многу касно.
- Кубанските варијанти исто не стигнавме да ги пробаме. За жал тоа што контактирав натаму немаше долго време одговор или некои терапии кои беа чудни во најмала рака.
- Пробавме се од природни препарати и лекарства, масла канабис, Вит Б17, сода, алое, куркурма, масло црно семе, цвекло и моркови, и шо уште не. Не се подавајте на фантастични приказни од интернет, ова е најгнасна форма на рак, то се 1 на милион случаи.
- За оваа болест прво што прочитав е дека нема лек, нема надеж, и нормално си велиш ајде бе ќе барам, ќе прашувам. Нашето искуство покажа ова за жал е точно, едноставно ништо не тргна на подобро. Користејќи стандардна медицини за жал опциите се лимитирани и неуспешни. Доколку некој советувам, би рекол да се заобиколи стандардна медицина и да се пробаат нови методи (генетика, молекуларна или слично). Самите медицински постапки (хемо или зрачење) наведуваат дека процентот на успешност е минимален и се мери во месеци, верувајте не вреди пред очи човекот да ви умира секој ден малце по малце.

Ако на некој му е корисно, ОК, ако не, преминете на следниот пост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom