Каролина Гочева

Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Па добро ја не реков дека е срамота да се каже тоа, туку дека Каролина самата си кажува претпоставувам на новинар со кој си соработува, а иначе роднината или пријателот дали ќе каже тоа зависи од личноста.
а исто сметаш дека и Калиопи кажува со новинари со кои соработува?
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
3
Па претпоставувам незнам, а па што има за Калиопи па да се пишува никад немало вакви информации за неа барем ја не сум налетал
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Па претпоставувам незнам, а па што има за Калиопи па да се пишува никад немало вакви информации за неа барем ја не сум налетал
па за разводот нејзин ,како немаше,во Вест имаше ,јас не купувам ни Вест ни Вечер,ама ги читам на интернет
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Јас имам сериозен проблем. Си ја сакам земјата. Се срамам од народот.
Да почнам од деградирањето на Каролина веднаш по смртта на Тоше. Не плачела на телевизија. Јас не плачев ни дома. Ми беше жал, ама никогаш не ја сфатив смислата во трескањето од земја, само да се привлече внимание. И не сфатив зошто се трескаа од земја на телевизија, посебно луѓе кои едвај да се каже дека му беа соработници.
Потоа, изјавила дека бил најдобар машки вокал. И што погрешно кажала? Колку што сум јас информирана, Тоше беше маж, а ако веќе зборуваме, да Каролина има најдобар женски вокал во Македонија, па и на Балканот, покрај Александра Радовиќ, и некои останати.
Немала контакт со публиката. Пеењето е професија, а не добротворна работа. Во пеењето, Каролина е професионалец и тука нема коментари. Антипатична била. Не знаев дека треба другарка да ви биде? Мислев дека треба да пее?
Каролина е единствена пејачка која успеа после 20 години кариера да наполни сала како Борис Трајковски, без за неа да се објавуваат скандалозни насловни. Каролина до сега не го следеше примерот на нејзините колешки, нема да зборувам за турбо-фолкерските, зошто е срамота да се каже дека воопшто и се колешки, ама еве, да речеме Северина (која што ја сакам како пејачка) и која што извади порно филм за да си подигне рејтинг, кај Каролина тоа сеуште не се случи. Најинтересен настан за јавноста беше билбордите од тогашниот нејзин партнер.
Ништо повеќе.
И така треба да остане - тоа е музичар. Ме заболе мене за овој или оној што прави со приватниот живот. Никогаш не ме интересирало. Каролина прави добра музика, уживам додека ја слушам и уживам додека ја гледам, зошто според мене е една од најубавите жени на Балканот.
Македонско девојче, како албум, е нешто што ќе остане на нашите поколенија, не само на нас. Сигурно нема да ја оставиме Благица Павловска.
Секоја чест за Каролина, јас пораснав со нејзината музика, од кога знам за себе ја слушам, и ќе продолжам да ја слушам.
Бев на нејзиниот концерт и си поминав феноменално.
Омилена песна од неа, тешко ќе издвојам, бидејќи речиси нема некоја што не сум ја преслушала 1000 пати. Но од постарите - И ќе биде се во ред, Знаеш колку вредам (заедно со српската верзија), секогаш ќе ми биде омилена Срешчемо се опет(која има и друго значење за мене), Љубовта е моја религија, од последниот албум дефинитивно Не се враќаш и Сите тие дни. Ideal woman е нешто што никој од балканските пеачи не го направил, и се гордеам со неа за тоа, мои пријатели кои воопшто не знаеа дека таа постои дадоа одлични критики за песната (пријатели од Америка и Скандинавските земји) и не им се веруваше дека некој од Балканот испеал такво нешто. Од Македонско девојче, сите ми се допаѓаат. Исто така посебно, навистина, ми се допаѓа преработката на Се посврши Сербез Донка, и воедно, тоа ми е омилена верзија на песната.
Исти реакции во однос на музиката наша, од странци, добив и кога им го испратив ЦД на Тоше ,,The Hardest Thing,, со тоа што Separate Ways беше еден од нивните хитови. Им испратив и оригинални ЦД-ња.

Ама нашиот народ мора и мора да си го деградира и отфрла своето.

Каролина и понатаму ми останува женски фаворит во Македонија, а Владо Јаневски машки.
--- надополнето: Sep 7, 2011 8:51 PM ---
П.С. Гледам и Калиопи сте ја спомнале. Калиопи никогаш не ми била омилена, не ми се допаѓа нејзината музика, посебно последниве песни. Порано имаше по нешто добро, на пример, ми се допаѓаат ,,Крај,, ,,Не плачи,, ,,На пат до Македонија,,(омилена, од неа).
Посебно ме изненади непријатно нејзиното однесување пред неколку години кога биравме песна за Евровизија, крајно непрофесионално и недолично за некого од кого се очекува да биде репер за останатите помлади пеачи.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
отстрането е горното видео поради лош квалитет на звукот и сликата еве го видеото сега
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Каролина утре со својот бенд ќе одржи целовечерен концерт во Анкара,Турција каде ќе се претстави со репертоарот од "Македонско девојче",а исто свој концерт ќе одржи и во Фоча, БиХ но со поп репертоар.
Инаку,Каролина на новиот албум на Браќата Тавитјан ја испеа песната "Со маки сум се родила".
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
На 7ми ноември Каролина заедно со Нина,Александра и Маја,ќе имаат заеднички концерт во Загреб,во "Ватрослав Лисински"со нивниот заеднички проект "Мој је живот,моја пјесма".
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Каролина пееше во чест на 45 години од постоењето на Универзална сала Скопје.Повеќе за тоа сега во 389 на Канал 5.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Wow Каролинче ама е разлутена на крајот на видеово :оооо

 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Вечерва во 20ч во живо на www.dnevnik.hr ќе биде пренесуван хуманитарниот концерт "Мој је живот,моја пјесма" на Каролина,Нина,Александра и Маја Сар.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
гледав ,пееше нешто пред успомене од тебе?

п.с супер ја испеја Rolling in the deep:cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom