На жалост А1 нема никогаш да се отвори. Прво, затоа што просториите се руинирани, второ, мобилен оператор го користи истото име и трето, државата ја затвори телевизијата заради долгови (и не дозволи да си ги врати). Звучи нелогично но така е. Нешто слично што се случува со банкава деновите. Газдата вика: јас најдов инвеститор, а народна банка вика: тоа не не интересира ние ќе те затвориме. Е така беше и со А1. Државата свесно се откажа од 10 милиони евра долгови кон неа, само за да се затвори телевизијата за да може Николае да владее што подолго.
Е сега, за да се отвори повторно телевизијата треба да се открие дека затворањето било незаконско. Но, и да се открие што после! Ќе треба државата да плати оштета на Велија, па со тие пари да ја возобнови телевизијата, секако со ново име. И сватот на Велија (Фиат) рече дека ќе бара 60 милиони евра оштета, но незнам што се случи, еве пак си ја гради зградата. Ај да не забегувам, отидов во политички води, се извинувам.
А1, точно имаше најдобро лого. Другиве телевизии не ги интересира ништо за визуелниот идентитет, а ова со логото е наједноставно да се направи. Шпиците им ги прават почетници аматери. Насабајле емисии со јавувања, навечер турски серии и српски турбо фолк. Македонските телевизии се најочајни од сите во регионов.
Канал 5 имаше најдобра програма кога беше локална телевизија.