Кампања за купување на Македонски производи

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Купувам ако се квалитетни, но по секоја цена само затоа што се наши, не.
Значи, презадоволна сум од сирењата и кашкавалите. Можам да кажам дека такви ретко каде се наоѓаат во светот. Не е ни чудо што ги извезуваат.
Кога се работи за грицки, смоките Стоби флипс на Витаминка, исто и нивното диетално чоколадо без шеќер, со фруктоза. Њам!
За тестенини најдобри ми се Душогупчани. Дефинитивно најдобри јуфки, тарана и сл(y)
Фруктозата е шеќер , највеќе ја има у овојшето од каде го и има името :) Така да има шеќер ;)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Фруктозата е шеќер , највеќе ја има у овојшето од каде го и има името :) Така да има шеќер ;)
Сакав да кажам, без бел шеќер. Не јадам бел шеќер, само овошен (фруктоза):)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Луѓе кажете каде има убави,ама прави патлиџани.....доста ми е од оние кочани на средина кога ќе ги исечам.Уназад 10-15 години немам сретнато убав патлиџан со вкус со мирис на патлиџан!
Се разочарав начисто!
И викаат купувајте Македонско!
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Луѓе кажете каде има убави,ама прави патлиџани.....доста ми е од оние кочани на средина кога ќе ги исечам.Уназад 10-15 години немам сретнато убав патлиџан со вкус со мирис на патлиџан!
Се разочарав начисто!
И викаат купувајте Македонско!
така бе душичке(y) -кажи им на останативе кои упорно велат дека имаме квалитетни производи
 
L

Luki Junior

Гостин
Луѓе кажете каде има убави,ама прави патлиџани.....доста ми е од оние кочани на средина кога ќе ги исечам.Уназад 10-15 години немам сретнато убав патлиџан со вкус со мирис на патлиџан!
Се разочарав начисто!
И викаат купувајте Македонско!
Источна Македонија по селата зад куќите на човеците (за домашна употреба)... Ама не знам кој ке кандиса да ти продаде.
Терај на пазар френки со розова боја.... Малко поголеми, неправилна форма и не са убави на изглед.... (Малку са поскапички од остананите).
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Луѓе кажете каде има убави,ама прави патлиџани.....доста ми е од оние кочани на средина кога ќе ги исечам.Уназад 10-15 години немам сретнато убав патлиџан со вкус со мирис на патлиџан!
Се разочарав начисто!
И викаат купувајте Македонско!
И тие се Македонски,ама оранжериски за да траат подолго
Патлиџан убав произведен во домашни услови,или некој што знаеш дека одледува патлиџани во домашни услови,ама такви има се помалце бидејќи рокот на тој патлиџан е краток
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Луѓе кажете каде има убави,ама прави патлиџани.....доста ми е од оние кочани на средина кога ќе ги исечам.Уназад 10-15 години немам сретнато убав патлиџан со вкус со мирис на патлиџан!
Се разочарав начисто!
И викаат купувајте Македонско!
Ретко и да начекаш по пазари.Можно е и да ти го шитнат како домашно, а не е.
Пошо немаме домашни, немаме земја...увезуваме турски.Во Ресен и Тетово немаме јаболка, па увезуваме од Полска.Во Берово немаме компири, па увезуваме дури од Австрија (и од Полска), а салати и од Албанија почнавме да увезуваме.

Добро ти кажа ctrkantia, само во некое село ако имаш познати па да бараш од таму.Ова другово оранжериско е пластика.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Луѓе кажете каде има убави,ама прави патлиџани.....доста ми е од оние кочани на средина кога ќе ги исечам.Уназад 10-15 години немам сретнато убав патлиџан со вкус со мирис на патлиџан!
Се разочарав начисто!
И викаат купувајте Македонско!
ке бараш Јабучари......тие ретко се утнуваат.......
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.757
Поени од реакции
9.881
Има ли Македонско производство на шпагети,макарони,фиде?
Пелафино,нова Битолска фабрика за шпагети,макарони.. http://www.pelafino.mk/
Нови се,само сеуште можат да се најдат по големите маркети,уште слаба дистрибуција имаат по малите локални продавници.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172

Имаме дури 6 рафинерии за масло, или нешто плус.Сигурен сум дека и во Гостивар имаше една фирма, ама не памтам име...битно користиме српско/хрватско масло за 2-3-4 денари поефтино или унгарско Флориол поскапо од нашите.

Малку за нашиве рафинерии
Прво најголемата, најстара и со најголема традиција
Благој Ѓорев АД - Велес (основана во 1923 година) / Кристал (170 вработени)

http://www.kristal.com.mk/


Настрана од нормалното рафинирано сончогледово масло почнале и со производство на ладно цедено масло (нешто како поздрава верзија на рафинираното) и сусамово масло.Само последниве две слабо по маркети.Изгледа дека не се странски...Работат и оцет, маргарини,алва, локум, желе бонбони, зачин Кристал, соја производи, нишесте, какао, кокос, шеќер во прав, џем, слатко итн.Дури и еден период почнаа и со Капучино и добро им беше на вкус, ама го снема набрзина :confused:


Млин Стојчев АД - Битола (1990 год., 120 вработени) / Битолско Масло
http://www.bitolskomaslo.mk/
Основна (или сега веќе почетна) дејност е леб и пекарски производи, од пред 2-3 години и со фабрика за (Битолско) масло, веројатно со најновата технологија од сите (од германско потекло).


Брилијант ДОО - Штип (1991)
http://www.brilliant.com.mk/
Освен масло Брилијант работат и производство на овчо сирење и кашкавал, јагнешко месо во две фарми и фабрика за Биодизел гориво (капацитет на производство од 100.000 тони годишно) и целосно откупено од Лукоил.Кај нив е стручен соработник еден од најпознатите професори на Балканот во овие дејности и доста почитуван во Европа, Македонец по потекло.

Производи:Сончогледново рафинирано масло и растително масло (од поголем број култури).

Во план е производство и на пченкарно масло.
Добро се поврзани и со Лукоил, газдата е пријател со некој од поголемите директори во Лукоил.Имаат и складиште во Штип.Исто и Царински терминал.

Складиште со терминал за течни горива и ТНГ

Складиштето и терминалот за течни горива и течен нафтен гас опфаќаат површина од над 12.000 м2 и се лоцирани во индустриската зона на градот Штип.
Складиштето располага со складиштен простор од 6.000 м3 за течни горива и околу 200 м2 за течен нафтен гас (ТНГ).
Автопреточувалиштето и вагонопреточувалиштето се со капацитет од по 120 м 3/ч.
Функцијата на складиштето е овозможена од следниве компоненти:
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за дизел горива;
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за бензини;
- 2 подземни резервоара со волумен од по 100 м3 за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за дизел горива);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за бензини);
- 2 преточувачки пункта за автоцистерни за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течни горива;
- 2 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течен нафтен гас (ТНГ).



Ал Макс ДОО - Струмица (1997 г., 80 вработени) / Бисер.
http://www.al-maks.com.mk/
Производството им е по Шведска технологија и машини, а дел од македонски добавувачи.Дистрибутивни центри и магацински простор во Струмица, Гевгелија, Битола и Скопје.


Македонија Масло ДОО - Кочани.Најнов производител заедно со Агрофила, а Македонија Масло е фирма ќерка на кочански Жито Ориз, еден од најстарите производители на леб, ориз и пекарски производи, слична комбинација како Млин Стојчев и Битолско Масло (y)
http://www.zitooriz.com.mk/


И уште една фабрика од Штип, Агрофила / масло Фила.Нивното масло е производедено со ладно цедење, а не со рафинирање и користење високи температури и минимум хемиски реакции.
http://www.agrofila.com.mk/


Истовремено и прва и засега единствена фабрика за производство на маслиново масло во Македонија.
Други производи освен сончогледово се ладно цедено масло од маслодајна репка, од сусам, од семки од тиква, од ленено семе (ај можда во иднина и од канабис ќе почнат :D).


Само не е лошо и да поработат на стимулирање на земјоделците во зголемено одгледување сончоглед, засега само третина од преработката е од домашна суровина, а откупот на истата е 100%!:eek:Стимулации за сончоглед се потребни, не само за тутун и млеко.
Добро си рекол и газдата на Благој Ѓорев, ама да не останат само празни муабети...
ДА СЕ ПОТТИКНУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО НА СОНЧОГЛЕД

Варадинов вели дека ако државата сака да придонесе за поевтино домашно масло за јадење, тогаш треба да го поттикнува домашното производство на сончоглед. Во деведесеттите години Благој Ѓорев од домашните ниви откупувал од 40 до 50 илјади тони сончоглед годишно. Но, сега количините на домашен сончоглед се значително намалени, а велешката фабрика откупува се што е на располагање, но и тоа не е доволно во однос на капацитетот кој ги има – 60.000 тони годишно.
“Во последните пет години, заедно со увезениот сончоглед, преработуваме околу 10.000 тони сончоглед, поради тоа што има недостиг од суровина. Македонија може да биде голем производител на сончоглед, маслодајна репка и соја, наместо да ги увезуваме заедно со суровото масло“, вели Варадинов.
Според него, на домашните производители им се потребни 100.000 тони маслодајни култури годишно, за да немаат потреба од увоз на суровина. Во случај кога Македонија би имала толку големо производство, тогаш би станала и извозник на сончоглед, наместо да биде увозно зависна.
Инаку, цената на сончогледот од 320 евра за тон лани летото, на почетокот од годинава стана 500 евра за тон, додека цената на суровото масло изминатата година порасна за 50% и сега чини 1.100 евра за тон. Последното поскапување на маслото за јадење во Македонија кое се случи годинава беше за 50%.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Мене ми е страв повеќе да купам брашно,после синоќешната објава на вести дека е пронајдено брашно од 1кг. штетно по здравјето пуштено во продажба
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.757
Поени од реакции
9.881
Варадинов вели дека ако државата сака да придонесе за поевтино домашно масло за јадење, тогаш треба да го поттикнува домашното производство на сончоглед. Во деведесеттите години Благој Ѓорев од домашните ниви откупувал од 40 до 50 илјади тони сончоглед годишно. Но, сега количините на домашен сончоглед се значително намалени, а велешката фабрика откупува се што е на располагање, но и тоа не е доволно во однос на капацитетот кој ги има – 60.000 тони годишно.
“Во последните пет години, заедно со увезениот сончоглед, преработуваме околу 10.000 тони сончоглед, поради тоа што има недостиг од суровина. Македонија може да биде голем производител на сончоглед, маслодајна репка и соја, наместо да ги увезуваме заедно со суровото масло“, вели Варадинов.
Според него, на домашните производители им се потребни 100.000 тони маслодајни култури годишно, за да немаат потреба од увоз на суровина. Во случај кога Македонија би имала толку големо производство, тогаш би станала и извозник на сончоглед, наместо да биде увозно зависна.
Инаку, цената на сончогледот од 320 евра за тон лани летото, на почетокот од годинава стана 500 евра за тон, додека цената на суровото масло изминатата година порасна за 50% и сега чини 1.100 евра за тон. Последното поскапување на маслото за јадење во Македонија кое се случи годинава беше за 50%.
Немаме сончоглед во Македонија,што е нон сенс..увезуваме суровина за производство на зејтин,фактички само пола е домашен производ..незнам само зошто не се одгледуваат сончоглед , шечерна репа и соја во државава..толку ли е неисплатливо..?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Немаме сончоглед во Македонија,што е нон сенс..увезуваме суровина за производство на зејтин,фактички само пола е домашен производ..незнам само зошто не се одгледуваат сончоглед , шечерна репа и соја во државава..толку ли е неисплатливо..?
Не знам точно зошто, ама знам дека пред 10-12 години низ Пелагонија имаше буквално цели жолти делчиња од нивите со сончоглед, а сега се премногу ретки.
Малата цена сигурно е дел од факторите, зато реков погоре Варадинов и компанија можат да придонесат за зголемен интерес со поголема откупна цена, а државата со добри субвенции.Тие масла од север и лево од нив сигурно нема да се поефтини без добриот процент субвенции.А можат и маркетите со производителите да си договорат подобри услови за трговија како последна фаза, за да е некаков почетен систем.Па дури и државата можат да намалат дел давачки за продажба на македонски производи на маркети или задолжителна продажба на дел производи со сонце.Штета фискалните ги тргнаа, баш онака добро беше да видиш од 1023 денари дека 876 се од македонски производи и дури доста пазиш на ова, поголемо внимание така имаш :)
Пред некое време сретнав дури и романско масло во некој маркет, поефтино 7 денари од Кристалот до него :eek:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Добри ли се на вкус , и ако не ти е тешко да ми кажеш колку грама имат јаглехидрати , протеини и масти во 100 грама од оие тестенини :) би требалод а пишува на паковањето.
Состав на овие најдесно на 100 гр, исто и спиралите се исти состав...
Калории 359,2 Ксаl
Протеини 14,7 g
Јаглехидрати 67,9 g
Масти 2,7 g
--------------------------
Калциум 30 mg
Железо 2,5 mg
Витамин А 0,12 mg
Тиамин (Б1) 0,2 mg
Рибофлавин (Б2) 0,11 mg
Ниацин 2,1 mg

Состав на битолските Campanelle од Пелафино:

Калории 360 Kcal
Протеини 12,18 g
Јаглехидрати 72,83 g
Масти 1,05 g (0,15 g заситени)
--------------------------
Калциум 17 mg
Железо 1,23 mg

Пелафино,нова Битолска фабрика за шпагети,макарони.. http://www.pelafino.mk/
Нови се,само сеуште можат да се најдат по големите маркети,уште слаба дистрибуција имаат по малите локални продавници.
Во Тедико веќе се почнати со продажба, добри се ко за прва проба.
campanelle_pelafino.jpg
Морам да ги пофалам Тедико за добриот процент македонски производи во нивните маркети.За разлика од еден Тинекс на пример...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom