Камери во Скопје

  • Креатор на темата smart ass
  • Време на започнување
Член од
24 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
5
Мислев на оние сличности со 1984.

Орвел, уште на почетокот на книгата, вика вака:

"Војната е мир
Омразата е љубов
Незнаењето е моќ
"

Познато?

Орвел напоменува дека на улиците во Англија се поставени камери и има камери дури и дома, во домовите на луѓето, со цел да се санкционираат прекршоците.

Македонски тоталитаризам.



Мене не ми значи ништо.
Но чувството да бидеш надгледуван, е ужасно. Како би ти било некој да те набљудува? Вештачки, нели?
se soglasuvam so ova i dosta so ova segde imalo i ne mi vadete primeri od stranstvo da ete ja vide li slikata ima kamera ama koga koga se drugo se sredilo malku po malku Amerika stana toa sto e sigurno prvo kameri ne stavale ne ni imalo togas :pos2: taka i nie ako vise gleame zoso ne izvadite deka segde u svet za prekrsoci od strana na policijata i tie se sudat i si odat vo zatvor samo kaj nas moze da te zgazi dzandar i bas mu e gajle i bas da vidam ajde dali ke vazat kamerive i za niv ili samo za nas obicniot narod
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мислев на оние сличности со 1984.

Орвел, уште на почетокот на книгата, вика вака:

"Војната е мир
Омразата е љубов
Незнаењето е моќ"

Познато?

Орвел напоменува дека на улиците во Англија се поставени камери и има камери дури и дома, во домовите на луѓето, со цел да се санкционираат прекршоците.

Македонски тоталитаризам.

Мене не ми значи ништо.
Но чувството да бидеш надгледуван, е ужасно. Како би ти било некој да те набљудува? Вештачки, нели?
Орвел претерал, ама добро, пишувал научна фантастика, го разбирам. Затоа и споредбата е бош. Македонскиот тоталитаризам е изразен на поинаков начин на други места.

Поставувањето камери на семафор се со цел да се санкционираат прекршоците и тие се насочени постојано на самата улица каде возачот може да помине на црвено. За да не стои полицаец 24/7 ова е фантастичен начин за спроведување ред. Сите задоволни, освен пијаниот возач или македонецот шо не му се чека зелено. Ама кој го ебе, си заслужил ако се заебе.

И нема никаква врска со надгледување, тие камери не ги контролираат 16 годишни напаленковци да зумираат во деколтеата на младите средношколки во петнаеска сабајле додека идат у школо, туку компјутери кои евентуалниот прекршок го чуваат како доказ.

Ова е фантастичен проект, по владата се плука на други места...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Мене едно што ме интересира, од технички аспект како е ова решено (и не само кај нас). За на семафор камерата за да фати рег. табличка треба да е насочена кон возилото, а истовремено да го покаже светлото на семафорот како доказ за прекршок. Или е решено поинаку, да се вклучуваат автоматски при палење на црвено светло на семафорот...баш ме занима техниката (на пешачки океј, али на раскрсница???), како е сето тоа изведено.

Од аспект на правичност пак и подеднаква застапеност сум скептик како и многу друго во врска со безбедност во сообраќајот. Во смисол, дали овие камери (или полиција, сеедно) ќе ги казнува и чичковците со трицикли и колички со пластика и без никакви знаци за возило во сообраќај или старо купујем моторчиња каде ниедно светло не им работи, трактори, запрежни возила низ центар (пошто камерите не се замисени само за на семафор)...ригорозни мерки против една група учесници во сообраќај, а занемарување на другата група. не треба да ме интересира, но тој трицикл или трактор ме загрозува и мене како учесник во сообраќај.
Третата група, пешаците...ноу комент. Доколку се исполнат некои стандарди (кои се применуваат во доста земји каде веќе има камери) возењето ќе е многу порелаксирано. Еден пример, семафор за пешаци...на Битпазар, пред ГТЦ каде обавезно може да те удрат по џеб (ако стават камера) затоа што во секој момент има пешаци...дали ова ќе се злоупотреби? Друг пример подземни и надземни премини (макар пешачки)...ништо од ова не е сторено и секако дека возачите ќе го платат цехот доста дебело.

За камерите и раскрсниците, изумив да додадам дека некогаш си приморан да поминеш на дебело жолто (на пола раскрсница веќе е црвено), а истото ќе се санкционира без дополнителни утврдувања на околности. Што во тие исклучителни случаи.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Појасот на видеокругот на камерите е доволно широк да опфати се што треба... Квалитетот на снимките е исклучителен, семафорите се поврзани со Metro Ethernet врска. Постојат индикатори кои ги диференцираат секвенците во „недозволена зона“. Во принцип многу е едноставно ова да се реши, и дефинитивно е практично.
Сеуште е непознато како ќе се обработуваат податоците; колку принципиелно ќе се постапува и како ќе функционира.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Мислев на оние сличности со 1984.

Орвел, уште на почетокот на книгата, вика вака:

"Војната е мир
Омразата е љубов
Незнаењето е моќ
"

Познато?

Орвел напоменува дека на улиците во Англија се поставени камери и има камери дури и дома, во домовите на луѓето, со цел да се санкционираат прекршоците.

Македонски тоталитаризам.



Мене не ми значи ништо.
Но чувството да бидеш надгледуван, е ужасно. Како би ти било некој да те набљудува? Вештачки, нели?
Каде наоѓаш тоталитаризам и воајеризам во поставувањето камери на семафор? Камерите се поставуваат со цел да се регулира сообраќајот и да се спречат фраерите кои поминуваат на црвено и се прават паметни ако ги сопре полиција. Вака ќе има снимен материјал, ќе се прегледува, ќе има докази и ќе може да се санкционираат прекршоците. Колку само судари и згазени пешаци има кај мене пред зграда од такви идиоти кои поминуваат на црвено (идиотите ги вклучуваат и возачите и пешаците). Не гледам апсолутно ништо лошо и тоталитаристички во камерите, ниту сметам дека е нарушување на приватноста или набљудување. Би се чувствувала лошо некој во вц да ми стави таква камера, ама на семафор не гледам зошто тоа би ми сметало. Евентуално би можело да им смета на оние кои се секогаш со прстот во нос додека чекаат на семафор, па камерите би им сметале во тек на таа високо интелектуална и приватна активност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Појасот на видеокругот на камерите е доволно широк да опфати се што треба...
Сантели, што не кажуваш вакви работи со сликиве од камера порано :) Сега ни швалерка ни пушење за време црвено :vozbud:...се се гледа. на полиција ќе му платиш еднашка казна, ама дома...:nesvest:

Колку само судари и згазени пешаци има кај мене пред зграда од такви идиоти кои
АлтернативФ нема да имало толку несреќи со оние погоре спомнати решенија.
Затоа би требало за овие системи да се создаваат предуслови плус паралелно да работат на други подобрувања во самиот сообраќај за да сето ова реално и добро функционира. Инаку без врска ќе ги казнуваат оние на претходно посочените точки на пешачки.
Варшава на пример има многу подземни пешачки, Луксембург има доста семафори кои се постојано затворени за пешаци, се до притисок на копче. Такви и слични решенија требаше да се понудат за да имаме почиста ситуација, а во случај на крдо пешаци на секои 2-3 секунди од ГТЦ...не можеш да ги видиш или пуштиш-немаш 100% чиста ситуација при премин на пешачки со толку многу народ, еден да те зезне и ојдоа 300 евра...ова од практично искуство ти кажувам.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Jas mislam deka site sme protiv takvi faci sto pominuvaat na crveno no muabetot e kolku toa sankcioniranje ke go primenuvaat i vrz svoite kolegi od mvr koi bezbroj pati sum gi videl kako na crveno ne im se ceka i si pominuvaat.
Neam ja protiv nisto neka ima kameri megjutoa ne e vo red samo nas da ne sankcioniraat eve vo red e da zastanes na pesacki edno drugo, no sto e so tie pesaci koi mene mi pretrcuvaat pred kola na neobelezani premini na primer kaj gradska bolnica na 6 lenti pretrcuvaat i za niv nisto a ako gi udram jas ke odgovaram epa ne ide taka ako se voveduva red treba red za site. Zakonite se ednakvi i za niv i za mene
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Камери нека има, ама тие камери да служат и во полза на народот а не само за да се казнуваат луѓето.

Да ги направеа улиците прво, ги искршивме колите...
Точно. Јас удрив во дупка (спрема за асфалтирање оние што сечат асфалт со тоа машината и оставаат остра ивица) и си ги оштетив двете гуми и еден бандаж. Спремни ми се документите (5 месеци чекав за записник од полиција) и неделава идам да си барам оштета од македонија пат.

Туку уште една работа. Не знам дали сте оделе пеш по булевар Партизански одреди од страната карши универзална до рузвелтова. Е тоа е прав СВИЊАРНИК од тоа што копаат и народот мора да оди по улица изложен на ризик да биде некој удрен од кола или бус. Ај ако поминувам деновиве ќе сликам да покажам. Е таму треба државата да казни, копаат фирмиве што сакаат прават и не ги боли :drk: за граѓаните дали тие оделе по булевар или не.
 

_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Ќе има комични ситуации со камериве...ќе гледаме по нет некои си смешки на раскрсници,со пешаци и слично :pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Се прашувам дали ќе ги казнуваат и несовесните пешаци како учесници во сообраќајот, со мобилен на уво додека преминуваат пешаки премин. И слични егземплари од пешачкиот и возачкиот опус кај нас.
 

Tommy1207

Појмааа немаммм
Член од
2 декември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
4
Ova so kamerive ne e nisto novo u Beograd gi ima od 1980 godina.Problemot kaj nas e sto ne se stvoreni preduslovi za kamerite.Na primer: PRVO nemoze u 3 saat na rucek raskrsnicata kaj soborna da drzi crveno 90 sekundi i isto tolku da drzi i u 3 saat sabajle.VTORO vozacite ke bidat kaznuvani spored regiserski oznaki kako ke bidat kaznuvani pesacite sto pretrcuvaat na crveno?TRETO sto se slucuva ako jas ja dadam mojata kola na nekoj prijatel i toj pomine na crveno ili slicno mene li ke mi stigne kazna tie kameri ne se so tolku dobar kvalitet da go snimat vozacot vo voziloto(ne sum mnogu strucen vo ovaa onlast ali kumot moj raboti so kameri i mi kaza deka konkretno kamerite kaj Alumina bile so mnogu los kvalitet)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Камерите не функционираат односно ќе работат во 2011. година бидејќи сеуште нема центар за контрола на сообраќај оформено во Скопје и истите не се поврзани за координирање.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Орвел претерал, ама добро, пишувал научна фантастика, го разбирам. Затоа и споредбата е бош. Македонскиот тоталитаризам е изразен на поинаков начин на други места.

Поставувањето камери на семафор се со цел да се санкционираат прекршоците и тие се насочени постојано на самата улица каде возачот може да помине на црвено. За да не стои полицаец 24/7 ова е фантастичен начин за спроведување ред. Сите задоволни, освен пијаниот возач или македонецот шо не му се чека зелено. Ама кој го ебе, си заслужил ако се заебе.

И нема никаква врска со надгледување, тие камери не ги контролираат 16 годишни напаленковци да зумираат во деколтеата на младите средношколки во петнаеска сабајле додека идат у школо, туку компјутери кои евентуалниот прекршок го чуваат како доказ.

Ова е фантастичен проект, по владата се плука на други места...

Не се работи за тоа кого тие камери го набљудуваат, се работи за тоа дека не е пријатно чувството да одиш по улица а да знаеш дека секој твој чекор е посматран од некој. Не дека сега не е, и сега е, немојте да мислите дека сме толку заостанати и немаме никаква технологија, напротив, истата опрема што се користи по амерички филмови ја има и кај нас, ама барем не го знаеме тоа.

Секако дека е во корист при случај на сообраќајки, барем нема да може да се менува записник, но сепак е набљудување и сум сигурна дека ќе има злоупотреба.

Каде наоѓаш тоталитаризам и воајеризам во поставувањето камери на семафор? Камерите се поставуваат со цел да се регулира сообраќајот и да се спречат фраерите кои поминуваат на црвено и се прават паметни ако ги сопре полиција. Вака ќе има снимен материјал, ќе се прегледува, ќе има докази и ќе може да се санкционираат прекршоците. Колку само судари и згазени пешаци има кај мене пред зграда од такви идиоти кои поминуваат на црвено (идиотите ги вклучуваат и возачите и пешаците). Не гледам апсолутно ништо лошо и тоталитаристички во камерите, ниту сметам дека е нарушување на приватноста или набљудување. Би се чувствувала лошо некој во вц да ми стави таква камера, ама на семафор не гледам зошто тоа би ми сметало. Евентуално би можело да им смета на оние кои се секогаш со прстот во нос додека чекаат на семафор, па камерите би им сметале во тек на таа високо интелектуална и приватна активност.
Не спомнав никаде воајеризам, туку реков дека е почеток на тоталитаризам, затоа што со надгледувањето како што реков и претходно, сигурно ќе има и злоупотреба, а и плус не е исто да се движиш по улица знаејќи дека некој те посматра и доколку не би имало камери.

За сообраќајните прекршоци и сообраќајките е во ред, затоа што секојдневно се случува да се изврши промена во записникот, да се скријат траги на кочење итн. за да излезе во корист на некого, скоро сите имаат врски и по полиции и по судови. Ама потребно е да се најде начин, не само за овој закон туку за сите закони, да се решат на тој начин што ќе им се објасни на граѓаните да не ги прекршуваат законите, или пак да се најде начин да се намали стапката на прекршување на законите. Но тоа е, кај нас очигледно важи само она, удри го македонецот по џебот за да сфати дека прави прекршок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom