Калиопи на Евровизија 2012

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
И на Марија Шерифович и успеа со таа девиза :D

е ме мрзи да пишувам повторно ако си читал подоле објаснив зашто марија победи ..барај у моите реплики ....;) се повтарате со прашањата...:)
--- надополнето: Nov 20, 2011 5:44 PM ---
Што се однесува до Дарко Димитров и јас мислам дека Калиопи треба да се ослони на него макар и само за аранжман ,песните на Калиопи кога Димитров и беше аранжер се далеку подобри од денешниве ,албумот "Ако денот ми е ноќ "е доказ за тоа,Димитров знае да направи модерен аранжман кој прави песната од првпат да влезе во уво
се слагам потполно али нема тоа да се деси...за жал
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Дечки да бидеме реални, малкумина се тие што имаат против Калиопи да не претставува, настрана фактот што веќе еднаш ја избравме нели, 1996... ама испадна тогаш шо испадна. На мене и на повеќето им е жал за сеирот што ни го ускратуваат со тоа што ќе нема избор со повеќе пеачи, скандали и слично. Сериозно, уживам во тоа. :D
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Да се потсетиме:

ПО СВИРЕЖИТЕ НА ЕВРОСОНГ КАЛИОПИ ГИ ОТКАЖА СИТЕ НАСТАПИ ВО ЗЕМЈАТА

Македонија нема да ме види

Калиопи се повлекува од сите јавни настапи во Македонија, а јавноста за неа од сега ќе дознава само од Балканските медиуми. Поп-sвездата нема да настапи на вечерашната "Златна Бубамара на популарноста", ниту во наредниот период ќе запее на иста сцена со други македонски изведувачи. Нема да дава изјави за весници и нема да гостува во Тв емисии.

Ова е официјалниот став на "Калиопи мјузик продукција" и "Аворд продукција", која стоеше зад настапот на Калиопи на домашниот "Евросонг" во дуетската песна со Наум Петрески "Рум дум дум", која беше избрана за второпласирана минатата сабота во Универзалната сала. Уште пред настапот на Домашниот "Евросонг", Калиопи на прес конференција изјави дека ако овој пат не победи, за неа ќе биде последен пат да се натпреварува за "Евровизија".

Извор: идивиди

Е сеа поради тоа што таа изјави дека ако не победи веќе нема да се натпреварува, решија да го скокнат делот со натпреварување и да си ја пратат директно.

Со среќа нека ви е.

Народов како лесно заборава :tapp:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Немој да мислиш дека сите ја заборавиле, сигурно е дека ќе и вратат. Тоа ти се вика продадена душа. Прво и вика на земјава не ве сакам, си одам од тука и нема да ме видите никогаш веќе, и сега доаѓа како ништо да не било, и + ја бираат за Евровизија. Јес да добро пее и има добар глас, али така не се постапува. Не за пеач од таков калибар. Што да кажат помладиве генерации, од неа ли да учат? Јас само Владо Јанески би го пратил од нашава естрада на Евровизија.
 
Многу убаво и вратија... со праќање на Евровизија.

Да ти кажам право не би се налутил било кој друг да оди, дури и Геј Геј самиот, место дотичнава.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Многу убаво и вратија... со праќање на Евровизија.

Да ти кажам право не би се налутил било кој друг да оди, дури и Геј Геј самиот, место дотичнава.
Замисли да не појде пубилка со нејзе таму. :pos: Е тек тогаш ќе види што ја снашло. А може па ќе и приготвуват изненадување кога ќе се врати од таму со негативни резултати.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Многу убаво и вратија... со праќање на Евровизија.

Да ти кажам право не би се налутил било кој друг да оди, дури и Геј Геј самиот, место дотичнава.
Може и Денис Мурат да го прателе наместо неа. :pos::pos::pos:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Ете го повторно типичниот македонски синдром од кој ужасно ми се гади - константно плукање по своето. Било да вреди, било да не, ќе си поплукаме, ќе си повреѓаме...и така.
Јасно ни е дека не одиме на Евровизија за да победиме, пошто таму ние едноставно не можеме да победиме, него ете одиме да се претставиме убаво и барем да не не памтат по пеење фалш и сопнување на сцена. И повторно се однесуваме дека тоа не ни е јасно и фрчат коментари од типот: Калиопи...не бе нема врска од пеење, не се облекува убаво, не е сексипилна, прави чудни фаци кога зборува...итн итн.
Да не бидеме лицемери, исти коментари фрчеа и кога Тоше отиде на Евровизија.
Калиопи знае да пее, ако нешто знам тоа е дека ми е мирна душата дека нема да не посрамоти со фалш пеење. А за изгледот на Калиопи, и коментарите од типот на нејзиното неинтересно однесување на сцена и неразголеноста, ве молам потсетете се на настапот на браќата Олсен и нивната Fly on the wings of love, па ќе ви стане јасно кон што целам.
 
Мене не ми е јасно кон што целиш. Сите потврдија дека има убав глас и убаво пее, само што хистерише на сцена безврска и е маана, а да и тоа што ГО НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Така да јас ќе си „плукам“ по неа, како што и она плука по мене... како дел од народот кој што не е нејзин фан...нали ;)
 
Мојата цел беше реплика на сите тие коментари дека не била доволно секси и слично...
Ти слободно плукај си по неа, јас не ти реков да не плукаш. Во оваа држава секој по секого плука, така да не ме чуди ништо веќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom