- Член од
- 22 ноември 2008
- Мислења
- 673
- Поени од реакции
- 102
А кажи ми дали веќе некој се сеќава и како се вика песната на Некст тајм,а за настапот на Владо па не сакам ни да коментирам.А ципелата за која збориш не влезе во финале зашто не ни заслужуваше.Доколку некој пејач има екстра добра песна оригиналност и автентичност,ќе биде забележан,па последен да биде песната ќе продолжи да живее.А Владо имал многу подобри песна,таа песна па и не беше некој кој знае каков хит,а и толку многу ја преправаа што воопшто не личеше на избраната песна.Тогаш Даниела од анонимец стана мега ѕвезда,зашто имаше мега хит,кој сеуште трае,а и оригиналност на сцена,едноставна а спектакуларна. А и Владо и Некст тајм имаа песни само за домашна употреба, и премногу анемични на сцена без оригиналност и впечатливост со ништо.Сакаш да ми кажеш дека евровизија не е наместена ?
Па еве последно нешто што ми текнува а беше апла наместено беа Некст тајм,што имаа може и најдобар мак. настап после Владо,а место нив "стручното жири" реши во финале да одат србите со моја ципела ? И ? Не е местено ?
Пред минатата година кога сите знаеа дека ќе тепа Сафура затоа што се пуштија добри пари,и видоа дека ептен стана очигледно и го пролонгираа за една година.
Се е наместено,ако беше за музиката,до сега....хех.
Се сеќавам кога Тоше отиде у Истабул нашиве таканаречени новинари беа убедени готово ние победуваме,но кога видоа оние малку од малку само свесни и реални сфатија дека е прашање дали у финале ќе влезе и за жал Тоше ја помина Евровизија во хотелска соба зашто сфати дека нема песна,излегуваше само кога мораше,беше уплашен од фактот дека може нема да влезе во финале,ѕвезди таму беа Руслана и Жељко,новинарите по нив таму трчеа.
И да не се лажеме ниту еден наш претставник немал некоја кој знае каква песна,сите биле просечни или под просечни или со еден збор промашена инвестиција или во погрешно време се нашле на погрешно место со погрешна песна. Еден поранешен победник на Евровизија вели ни се случи вистинската песна во вистинското време на вистинското место.
Баш добро вели самиот наслов Евровизија,да пејачите имаат визија што тоа публиката ќе посака најмногу таа година или што ќе биде хит таа година,секогаш е толку слично а толку различно.А македончето не би било македонче доколку не се изгуби и во простор и во време.