Калиопи на Евровизија 2012

Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Сакаш да ми кажеш дека евровизија не е наместена ?

Па еве последно нешто што ми текнува а беше апла наместено беа Некст тајм,што имаа може и најдобар мак. настап после Владо,а место нив "стручното жири" реши во финале да одат србите со моја ципела ? И ? Не е местено ?

Пред минатата година кога сите знаеа дека ќе тепа Сафура затоа што се пуштија добри пари,и видоа дека ептен стана очигледно и го пролонгираа за една година.

Се е наместено,ако беше за музиката,до сега....хех.
А кажи ми дали веќе некој се сеќава и како се вика песната на Некст тајм,а за настапот на Владо па не сакам ни да коментирам.А ципелата за која збориш не влезе во финале зашто не ни заслужуваше.Доколку некој пејач има екстра добра песна оригиналност и автентичност,ќе биде забележан,па последен да биде песната ќе продолжи да живее.А Владо имал многу подобри песна,таа песна па и не беше некој кој знае каков хит,а и толку многу ја преправаа што воопшто не личеше на избраната песна.Тогаш Даниела од анонимец стана мега ѕвезда,зашто имаше мега хит,кој сеуште трае,а и оригиналност на сцена,едноставна а спектакуларна. А и Владо и Некст тајм имаа песни само за домашна употреба, и премногу анемични на сцена без оригиналност и впечатливост со ништо.

Се сеќавам кога Тоше отиде у Истабул нашиве таканаречени новинари беа убедени готово ние победуваме,но кога видоа оние малку од малку само свесни и реални сфатија дека е прашање дали у финале ќе влезе и за жал Тоше ја помина Евровизија во хотелска соба зашто сфати дека нема песна,излегуваше само кога мораше,беше уплашен од фактот дека може нема да влезе во финале,ѕвезди таму беа Руслана и Жељко,новинарите по нив таму трчеа.

И да не се лажеме ниту еден наш претставник немал некоја кој знае каква песна,сите биле просечни или под просечни или со еден збор промашена инвестиција или во погрешно време се нашле на погрешно место со погрешна песна. Еден поранешен победник на Евровизија вели ни се случи вистинската песна во вистинското време на вистинското место.

Баш добро вели самиот наслов Евровизија,да пејачите имаат визија што тоа публиката ќе посака најмногу таа година или што ќе биде хит таа година,секогаш е толку слично а толку различно.А македончето не би било македонче доколку не се изгуби и во простор и во време.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Азербејџанците направија голема грешка кога Словенија не ја ставија во нашиот “шешир“ за време на ждрепката. Во “шеширот“ каде што беа сите Балкански земји плус Албанија, Словенија не беше, наместо неа беше ставена Швајцарија. И Словенија поради тоа што беше во шестиот шешир, а не во нашиот прв, ја извлекоа да биде во засега најсилното (според државите и изведувачите) полуфинале - т.е второто.

Црна Гора, Албанија и Швајцарија останаа во првото полуфинале, а дури пет други Екс-Ју земји - нешто што досега се нема случено, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Македонија и Словенија ќе се борат за пласман во финале. Жељко оди 100%, БиХ мора да се напомене дека од 2004. па навака секогаш оди во финале, годинава има не-толку позната изведувачка, но доколку има силна песна, одат натаму. Хрватска ја има Нина Бадриќ, одлична изведувачка, но сѐ ќе зависи од песната (која според она што имам слушнато дека може да се прати, и не ме воодушевија баш). Словенија уште нема избрано ниту изведувач ниту песна, така тие имаат според мене најмала шанса засега.

За нас останува само доста јака песна, бидејќи гласот на Калиопи веќе ни е осигурана шанса за влез во финале (секако кога е жирито во прашање), сигурен сум дека ќе им биде еден од фаворитите. А да, позитивна работа е што сите Балканци се со нас, така да од Србите имаме гарантирана 12ка.

Црна Гора и Рамбо Амадеус само Господ им е напомош за влез во финале, со ниту една Екс-Ју земја со нив. Кутрите, никогаш немале среќа со Евровизија. :D
 
Немој да бидеш толку сигурен дека имаме загарантирано било чија 12ка зашто во Србија се гласа пред се за песна,а инаку Нина Бадриќ е далеку поголема ѕвезда и попочитувано од Калиопи,така да може да очекуваме од ех ју само 8 поени останатите одат кај Жељко,Нина,а и Маја Сар ако има добра песна.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Добро е сепак жива е..

Исправна одлука

Калиопи на Евровизија ќе пее на македонски!

Македонската поп-дива Калиопи на претстојниот 57-ми по ред Евросонг ќе настапи со темата Црно и бело, за која самата го напиша текстот, додека музиката е дело на Ромео Грилл, човекот кој ги компонираше безвременските Бато, Кофер љубави, песните од култниот албум Обои ме...
Во интервјуто за српскиот дневен весник Блиц, Калиопи открива дека песната ќе ја пее на македонски јазик.

Снимањето минатата недела се одвиваше во Скопје, а во моментов материјалот е во Германија, на ремастеринг. Во Скопје Ромео допатува со однапред подготвен материјал, а тука се снимени трубачи и гитари. Откако ја имам песната, се чувствувам помирно - изјави Калиопи и дополни:

Можете да бидете најдобар пејач во светот, но ако ја немате вистинската песна, немате приказна која можете да ја раскажете. Мојата песна спојува три најдобри одлики на мојот народ - храброста, скромноста и емоцијата - објаснува Калиопи.
Зборувајќи за конкуренцијата, Калиопи истакна дека не се чувствува загрозено...
Па не одам таму да загинам, туку да уживам и да ја претставам својата земја, Српскиот претставник Жељко Јоксимовиќ не го доживувам како конкуренција, туку како пријател. За никој во Баку нема да сметам дека е таму за да го загрози мојот идентитет, пласман или било што... Одам да ја претставам својата замја најдобро што можам...
Песната Црно и бело, за која освен македонската постои и англиската верзија, ќе биде претставена во шоу-програма во половината на месец февруари...

Датум: 27.01.2012.
VIA MMM.com.mk http://www.mmm.com.mk/default.asp?ItemID=6C853246819570488AB040F9E7B020EF
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Јас па баш мислам дека е позитивно што се паднавме со уште 4 Екс Ју земји, последен пат влеговме во финале во 2007-ма кога имаше само едно полуфинале со дури 28 песни, а потоа од кога почна принципот со две полуфиналиња со помалку од 20 песни ниеднаш немаме влезено.

Така што ни се паднаа нашите најверојатни земји за гласање и нема што да кукаме.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032

песнава зборува сама...
***
Сега јас. Евровизија ти е политика, има добри песни. Ама секоја година се повеќе мислам дека е политика. Завршува 24тата песна и започнуваат добрососедските односи
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Каљопа ја избаци песната да ја слушнеме или уште ја „вари“? :)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Каљопа ја избаци песната да ја слушнеме или уште ја „вари“? :)
FYR Macedonia: Song presentation on the 29th of February

MRT has just announced that a special show will be organized on the 29th of February, where Kaliopi will premierly sing her Eurovision entry – Black And White.
Kaliopi was internally chosen to represent Macedonia in the upcoming Eurovision Song Contest, and only invited singers were able to submit songs to the national broadcaster. Music production of MRT and Kaliopi, decided to choose the song Black And White, composed by Romeo Grill, who also composed many other hits for Kaliopi.
She will present her Eurovision entry in a special show on the 29th of February, at 20:00 CET, and Eurovision entrants from other Balkan countries will also be present in the show.
FYR Macedonia will take part in the first part of the second semi final in Baku.

http://escxtra.com/2012/01/song-presentation-on-the-29th-of-february/
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Значи колку ми се одвратни овие од Сител.Која им е логикава со ова прилогов!Почнувам да го гледам и завршува и гледам дека нема никаква поента.СО еден збор!ЏАбе гледање:)
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.988
Значи колку ми се одвратни овие од Сител.Која им е логикава со ова прилогов!Почнувам да го гледам и завршува и гледам дека нема никаква поента.СО еден збор!ЏАбе гледање:)
Типични македонски новинари, колку да се направат паметни/штосни и да направат „сцена“ од ништо, а уствари само ќе се изглупираат и ќе тропнат нешто безвезе...
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Кога сме веќе кај евровизија,Нина Бадриќ има страшно добра песна,моќна,енергична и многу емотивна изведба на преубавата Небо,насловната песна од нејзиниот последен и актуелен албум,само со мала измена на аражманот и препеано на англиски звучи светски.Напросто, тој глас невозможно да не се примети.
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 15:48 ---
Да се надеваме дека и Калиопи ќе не изненади,првин самата себе апосле и нас со добра песна,зашто веќе 10 години немаме слушнато добра песна од нејзе.После Ако денот ми е ноќ албумот се и е просечно или под просечно или се повторува со исти мелодиски линии и хармонии, и исти или слични фрази во текстовите.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Оваа ја плукаше Македонија пред некоја година , сега треба да очекува да има подржка од нас ?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom