Ако даде Господ мојата свадба ќе биде ќе биде ќе бидеееее...
Ќе биде во лето! Ќе биде со среден број на гости, значи нема да има луѓе што никогаш не сум ги видела нити сум слушнала за нив, но тоа не значи дека ќе поканам само 20 души
Ќе бидам многу убава
Најубава!
Нема да бидам трудна!!! Тоа е сигурно
:wink: Не знам во каков простор би сакала да биде прославата, но со оглед на тоа дека ќе биде во лето ќе имам повеќе опции на располагање
Не знам за музиката што како ќе правиме ама нема да помине без изворни народни песни и Продиџи! :pos2:Кога ќе дојде време ќе се договориме со младоженецот околу репертоарот. Сигурно нема да биде некој сељак па да сака Цеца на свадба!
Би сакала да се венчам во црква, но сепак за таков чекор потешко би се одлучила отколку само за во матично, значи ќе МОРА да бидам сигурна во мојата и неговата љубов!
Исто се надевам дека нема да имам ограничен буџет за свадбата:wink: Но и да имам ништо страшно. Да сме живи и здрави.
:salut: