Како се станува возрасен?

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Возрасен си кога ќе знаеш да кажеш "моја грешка" е и навистина да го мислиш тоа.
Возрасен си кога ќе погледнеш околу тебе и сваќаш дека на одредена работа и фали нешто и мораш да го поправиш тоа.
Возрасен си кога ќе имаш сопствена кола(вклучувајќи ја и возачката дозвола :wink:)
Возрасен си кога ќе почнеш да ги цениш малите работи во животот.
Возрасен си кога ќе почнеш да ги кажуваш работите што ти ги кажувале твоите родители (оние кои порано си се колнел дека нема да ги кажуваш).
Возрасен си кога ќе јадеш житарици наменети за доручек САМО ЗА ДОРУЧЕК (не и за ручек и вечера).
Возрасен си кога ќе сватиш дека нема на кого да се жалиш.
Возрасен си кога ќе сватиш дека тоалетите не се чистат сами по себе.
Возрасен си кога твоите родители нема да те срамотат во јавност.
Возрасен си кога повеќе ќе се грижиш за здравјето на твоето тело отколку за изгледот на истото.
Возрасен си кога ќе кажеш нешто и никој после тоа нема да ти се испоразвика.
Возрасен си кога ќе препознаеш дека некој знае многу повеќе од тебе и дека вреди да го сослушаш.
Возрасен си кога повеќе не ти е смешно туку болно ако паднеш.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583

Заборави да нагласиш дека:
Бозрасен си кога си успешен на работа а сите твои колеги те мразат заради тоа а те мразат бидејќи тие сеуште не пораснале и созреале...
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Па медицински после 25-та година.....
Ма да не некои им треба и до 55-та, ама тие се ретки....:kez::pos:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=30386Возраста не мора да е поврзана со зрелоста. Едно е кога сметаш дека си станал возрасен и дека си го поминал периодот на детство, пубертет, адолесценција и си влегол во еден поинаков свет со поинакви размислувања.

А зрелоста се добива можеби со годините но се е тоа индивидуално. Колку еден човек се надоградува, колку вложува во себе толку станува и позрел. Некои луѓе созреваат многу побрзо за разлика од други.

Возрасен според мене се станува во оној момент кога сам ќе си оформиш свое семејство. Од тој момент имаш некој за кој мора да живееш, кога си комплетно самостоен, кога имаш свое дете на кое треба да му обезбедиш егзистенција и секакви услови за нормално живеење.
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
потполно иста тема
Како се станува возрасен?

Возраста не мора да е поврзана со зрелоста. Едно е кога сметаш дека си станал возрасен и дека си го поминал периодот на детство, пубертет, адолесценција и си влегол во еден поинаков свет со поинакви размислувања.

А зрелоста се добива можеби со годините но се е тоа индивидуално. Колку еден човек се надоградува, колку вложува во себе толку станува и позрел. Некои луѓе созреваат многу побрзо за разлика од други.

Возрасен според мене се станува во оној момент кога сам ќе си оформиш свое семејство. Од тој момент имаш некој за кој мора да живееш, кога си комплетно самостоен, кога имаш свое дете на кое треба да му обезбедиш егзистенција и секакви услови за нормално живеење.
Е.....
Медицински (според книга) ....
Рана зрелост...после 25-та година....
Инаку се сложувам со тебе дека ултимативен тест за зрелоста на една индивидуа е формирање семејтво и грижа за истото....
вклучувајки ги сите обрски што доаѓаат во секојдневието....
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не знам како се станува возрасен по дефиниција. Но, знам како јас почнав да станувам возрасна. Можам да се сетам и на неделата од овој месец кога сиот процес на растење просто можев да го почувствувам меѓу дланките.
Нештата одеа отприлика вака:

1. Болките од детството, негативните пораки, неуспешниот брак на моите, чувството на недостаток на љубов...НИШТО од тоа не сум јас. Тоа се болкте и стравовите на моите родители кои во тоа време постапувале најдобро што можеле, во склад со својата свест и совест. Им опростувам и се ослободувам од сиот гнев и страв.

2. Моте несупеси, падови, слабости, грешки се нешто што било, но и што поминува. Сум ги направила само затоа што толку сум знаела, и толку мојата совест и свест можеле во дадениот момент. Сега знам подобро.

3. За се во мојот живот сум одговорна јас. Сите неуспеси, сите болки...се сум создала јас самата. Време е да се соочам со тоа и да не бегам од последиците, туку да се соочам со ситуацијата.

4. Повредувањето на другите не може да ме направи среќна. Се што одземам/уништувам кај другите, бива одземено/уништено од мене, на разни начини.

5. Критикувањето, сарказмот, потсмевањето не ме штитат, ниту ме прават посилна. Напротив, ме прават жртва на сопственото незадоволство и страв, оставајќи ме со гнев, болка, грижа на совест.

6. Ако сум сексуално пожелна, не значи и дека сум сакана. Сексуално пожелна е и кукла на дување од секс шоп. Љубовта подразбира прифаќање и е неспоредлива со било каков гол сексуален инстинкст и задоволството од истиот.

7. Алкохолот, антидепресивите и сите пороци само ми го затскриваат погледот од она што не сакам да го видам. А, истото продолжува да постои, без разлика колку алкохол/апчиња ќе испијам. Затоа треба да се потрудам и да ја поправам сликата на мојот живот, а не да ги затворам очите пред него.

8. Партиите, национализмот, политичките препукувања, масовните хистерии...Ништо од тоа нема да ме направи помоќна, помудра..Ништо од тоа нема да направи да се ценам повеќе. Љубовта и прифаќањето не се бараат со гнев и омраза. Ниту друг, макар биле толпа луѓе, не може да ти ги дадат, ако не ги чувствуваш во себе.

9. Ништо не можам да најдам надвор од себе. Сета љубов, сето разбирање, сиот опрост, сета почит...се тоа се наоѓа во мене. Не во некој/нешто однадвор.

10. Да љубиш, е единственото трајно задоволство кое не може да ти биде одземено, да те повреди, уништи.

П.С
Сево го знаев само како онака, како фраза. Сега го почувствував вистински, како факт. Оттаму и знам дека повеќе не сум она уплашено дете, оној себичен адолесцент, туку некој кој ги прифатил истите и ги надраснува. Па,

Честито полнолетсво Инес. Закасни 4 години, но да не цепидлачиме:back:
 
N

n/a

Гостин
Жими све,
уште не ми е јасно.
И нејќу да ми се разјаснуе у наредни 5 год.
Има време да бидеш еден од толпата.

Нејќу да се женам,
нејќу деца,
нејќу `редовен живот`
нејќу и една сингл обврска повеќе од оние со кои што дејли се справуем на работа...
и не сум сигурен дека некад,дали и кога ќе сакам.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Човек станува возрасен во оној момент кога ќе прифати дека е незрел.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Дали мислите дека е ова точно? Факт е дека некои луѓе едноставно никогаш не пораснуваат, но дали тешкотиите низ детството, тинејџерството, допринесуваат или не? Дали е сосема обратно? Мирното детство да ни овозможи подлога за спознавање на светот и со тоа да влеземе лесно во светот на возрасните... М?
Се зависи од самата личност. Ако е интровертна, тешкотиите ќе придонесат уште повеќе да се затвори. Ако е екстровертна, ќе придонесат таа да се зацврсне и да созрее. Во глобала, според мене, допринесуваат прераните потешки проблеми за побрзо созревање.
 
I

Ivanovska

Гостин
Не секогаш возрасниот човек е зрел. Годините немаат врска со зрелоста!
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.683
vozrasen.malku chudno no vistinito ,,shto pomlad se osekash tolku polesno preminuvash vo zonata na vozrasni:D:coffee:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не се согласувам со тоа дека "Оној кој го поминува детството неповреден никогаш нема да стане возрасен". Човек може да има нормално детство, без грижи и проблеми и во моментот кога ќе стане свесен дека мора да почне да се грижи сам за себе станува возрасен. Возрасен човек е оној кој сам заработува пари, се грижи сам за себе и најважно од се возрасен човек е оној кој сам си ги плаќа сметките. Колку и да е стар човекот или пак млад, безразлика, возрасен станува во оној момент кога сам почнува да си ги плаќа сметките за струја,парно,телефон. Ако сметките се плаќаат од платата или пензијата на родителите тогаш тој човек не е возрасен човек.
А баш напротив, мислам дека човек со нормално здраво детство може да прерасне во многу зрела и здрава личност.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750

:vozbud: E ова не го знаев. Знаеш, познавам деца кои сами си ги плаќаат сметките, ама тие деца имаат по 40-50 години.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
:vozbud: E ова не го знаев. Знаеш, познавам деца кои сами си ги плаќаат сметките, ама тие деца имаат по 40-50 години.
Зависи на пример што подразбираш ти под возрасен?

Зашто би бил дете ако сам заработува, со свои пари се грижи за себе и способен е да се прехрани и да си ги плати даноците? Како е тој дете?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom