Како се станува возрасен?

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Возрасен се станува тогаш кога општеството ќе ти даде статус на возрасен, то ест кога ќе можеш со сопстевен труд и заработувачка да си ја обезбедиш егзистенцијата, кровот на глава, греење/ладење, сам да плаќаш тековни трошоци...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Возрасен си, кога пред самиот себе и останатите, имаш статус на самостоен, разумен, можеш да се` одделиш од било која група, но можеш и да се споиш... Се` станува возрасен, во периодите кога материјално си самостоен, кога се` трудиш да ги согледаш бенефитите на сопствената работна пот, кога традиционално на нашки - си вадиш свој леб. Покрај тоа, оформувањето на семејството и сите одговорности кои следат со него, укажуваат на станување возрасен. Меѓу сево ова, го додавам искуството, кое и 15 годишно дете, може да направи возрасен човек.
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Само едно ќе кажам... у денешно време не се стануе возрасен само со наполнети 18...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Само едно ќе кажам... у денешно време не се стануе возрасен само со наполнети 18...
Не... Повеќето не ни` се чувствуваат како да имаат 18, а камоли да здраворазумски да тумачат. Ако влегување во дискотеки на сениор, купување алкохол во Тинекс, и гласање за претседател е возраслук, тогаш да, со 18 години стануваш возрасен. Во принцип, ништо освен добивање возачка, не се менува. :back:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
15 годишни, кои се попаметни, но не и повозрасни. Да си паметен не значи и да си возрасен.

читај убаво, муабетот ми беше за зрелоста:

годините не се мерило за зрелоста познавам многу 15 годишни деца кои се многу попаметни од некои 25 годишни.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
devojka111 напиша:
читај убаво, муабетот ми беше за зрелоста:

годините не се мерило за зрелоста познавам многу 15 годишни деца кои се многу попаметни од некои 25 годишни.
А од која призма го измери ова?
Помеѓу паметни и зрели има разлика,тоа го вика Виктор:)Паметни може да се и 15 годинишни,но далеку од зрели.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Кога ќе сватам дека животов е slippery slope! Еден чекор води кон друг! Ако направиш еден и застанеш ќе наебеш!
Кога ќе сватам дека големината на чекорите зависи од мене, патиштата кои ќе ги газам исто така! Ама животов игра валкано! Тргнувам по асфалт заглавувам во кал па ми треба сила да се извлечам! Неретко и баланс е потребен зашто кучкиниот син ме намамил со убава шумска патека која потоа се претворила во козјо, опасно, стрмно патче на кое мала нерамнотежа води до дното на бездната! А бездната е тука до мене, чекорчињата се мали, нога за нога!
Има моменти кога чувствувам дека трчам, стазата е чиста прегледна а јас јурам и ништо не може да ме запре! По стотици метри оп ете ја првата пречка!
Факади фак!
Слипери слопот ќе кулминира со врв или дно!
Изборот е мој и на никој друг! На мама и тато фала им до сега, од сега па натаму ќе се лизгам сама! Раце од време на време се добредојдени!
Хммм, оукеј сега се збунив!:icon_eek:
Еве знам дека животов е лизгалица, возрасна ли сум?
Збунета сум! Се збунуваат ли возрасните?
Лутам уште по патиштата, се гребам по карпи, се држам за гранки!
Кога конечно ќе го стабилизирам чекорот и ќе си ја одредам главната улица по која ќе се движам, ќе станам возрасна! Сокачиња имло и ќе има секогаш, ама тогаш полесно ќе се снаоѓам низ нив, без 10 мапи во џеб и патокази на секоја раскрсница!
Гад дем ит, не се станува возрасен така лесно!
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Тешко е да се каже.
Тоа е индивидуално прашање, некои луѓе се возрасни уште од релативно млада возраст, тоа се созреани, одговорни личности кои знаат што сакаат да постигнат во животот и се стремат кон тоа. Мислам дека созревањето нема никаква врска со економската состојба, односно со тоа дали сами се финансираат или не, но сепак мислам дека зависи од возраста, а средното образование, кај повеќето факултетот го врши тоа канализирање.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Збунета сум! Се збунуваат ли возрасните?
Да!
~windy~ напиша:
Кога конечно ќе го стабилизирам чекорот и ќе си ја одредам главната улица по која ќе се движам, ќе станам возрасна! Сокачиња имло и ќе има секогаш, ама тогаш полесно ќе се снаоѓам низ нив, без 10 мапи во џеб и патокази на секоја раскрсница!
Сокачињата се оние кои ќе не натераат да станеме возрасни, бидејќи и да ни помогнат да скратиме, секогаш водат до погрешна локација, од која ќе извлечеме заклучоци. Да не го дрвам без потреба, нема рецепт за станување возрасен и не знам дали е тоа добро или лошо. :toe:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Напишано од Викторгг
Сокачињата се оние кои ќе не натераат да станеме возрасни, бидејќи и да ни помогнат да скратиме, секогаш водат до погрешна локација, од која ќе извлечеме заклучоци. Да не го дрвам без потреба, нема рецепт за станување возрасен и не знам дали е тоа добро или лошо. :toe:
Ах не мора да значи дека сокачињата секогаш водат кон погрешна локација! А која е вистинската локација, впрочем? На крајот сите ќе завршиме на истата, а патот до таму сами го тресираме! Локациите до кои водат попатните сокачиња се искуства, добри или лоши, сеедно! Кога ќе тргнеме враќање нема! Еден чекор назад и адиос амигос!
Ние сме ти како ајкулите, мора постојано напред, инаку потонуваме! Погрешна локација? Упс, ќе свртам лево па право, назад нема!

Рецепт за возрасен? Незнам и јас дали постои! Мојот моментален статус е збунет жител на светов!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А ти од кај знаеш?
Од колибата на Дедо Мраз :wink: Ти ако знаеш кажи, ја не знам, па повели просветли не...
~windy~ напиша:
Локациите до кои водат попатните сокачиња се искуства, добри или лоши, сеедно! Кога ќе тргнеме враќање нема! Еден чекор назад и адиос амигос!
Токму сокачето ќе го скрати патот. Со тоа и искуството ќе ти биде скратено. А без искуство нема старост/мудрост. Сами го бираме патот, точно, и ако го одбереш по краткиот, по брзиот, по лесниот... само си го забрзала процесот на вегетирање.

Се фатив за сокациве... али детски спомени од сокачето :wub:
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Од колибата на Дедо Мраз :wink: Ти ако знаеш кажи, ја не знам, па повели просветли не...
:) Не бре незнам ја, затоа прашувам...само прашав од каде знаеш пошто глеам тоа потврдно "Да!" звучи многу сигурно, па затоа побарав образложение...а јас го пишав моето мислење на страна 2...да не се повторувам :smir:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Напишано од Викторгг
Токму сокачето ќе го скрати патот. Со тоа и искуството ќе ти биде скратено. А без искуство нема старост/мудрост. Сами го бираме патот, точно, и ако го одбереш по краткиот, по брзиот, по лесниот... само си го забрзала процесот на вегетирање.
Мене па не ми беше тоа поентата со сокачињата! Јас кон спротивното целев ама хммм не се изразив убаво!
Со лутање по сокачињата го одолговлекуваме патот до целта, искусуваме различни нешта! Не мислам дека го скратуваме патот, напротив, иако функцијата на сокачињата е таа, да не доведат до саканата дестинација полесно и побрзо! Ете јас малку поинаку ги поимам животните сокаци и им давам сосема спротивна функција!
А за сокачиња, прва асоцијација ми се оние велешките, стрмните кои само навидум полесно и побрзо те носат до целта! Но тргни по нив па ќе видиш! Пот ќе пролееш та дури и побавно ќе стигнеш таму каде што си тргнал!
 

Eliza

EliXiR
Член од
10 ноември 2008
Мислења
129
Поени од реакции
3
Кога е човек веќе доволно зрел?

Како се станува возрасен?!
Што е она што го докажува истото?
Дали воопшто приметивте дека пораснавте?
Кога е човек веќе доволно зрел?
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Мислам дека ги мешаш поимите...едно е да станеш возрасен,сите стануваат...а друго е да созрееш и да бидеш зрели,има деци позрели од некои возрасни,така да не би било убаво да се мешаат работите,колку што знам јас,немаат исто значење
 

Kajgana Shop

На врв Bottom