Веб страни на авио компании обично се поскапи (нема логика знам) него да се земе карта од интернет агенција/брокер. Јас со години купувам карти за европа преку skyscanner кој подоцна ти дава опции од интернет агент да си купиш карта. Сите им се проверени и горе доле со добар рејтин. Јас до сега сум задоволен и ќе продолжам така.
Единствен проблем кога купуваш преку брокер/агент ти е дека за БИЛО КАКВА СМЕТНА на картата подоцна мора преку нив да одиш и тогаш ДЕРАТ. Значи ако сакаш датум да смениш ќе ти наплатат 2-3 пати повеќе него директно да менуваш затоа што само они се може да ти променат датум. Ако имаш фиксни датуми, нема да менуваш колку багаж ќе ти треба и слично тогаш скајсканаер, травелока, букинг и слични се ОК опција и вреди да се види и провери.
Исто прави разлика и од КАДЕ ја купуваш картата. Не секогаш ама сум приметил со ВПН ако ставам турција на пример некогаш ми е поевтино него ли да купам карта со МКД или АУС конекција. Разликата може да биде и до 50тина долари од карта така да ако сте повеќе души вреди да провериш и тоа.
Исклучок е кога се купува од буџет компанија како на пример ВИЗ во МКД или ЈЕТСТАР во АУС... Тогаш поевтино е директно од нив.