Девојка 1111,тешко дека ќе најдеш работа во Охрид,освен во кафичите.Затоа почни да аплицираш и за Скопје,може ќе ти се насмее среќата.Ти со твојата струка треба да аплицираш на сите места што се објавуваат а се поврзани со комерција и продажба,впрочем тоа ти е струката,по ново маркетинг менаџер или комерцијалист по старо.А вакви места има мал милион секој ден,мене никогаш не ме бивало за оваа работа,ова е единствената работа која навистина ја мразам и неможамд а ја работам,едноставно незнам да лажам или да продавам нешто во кое ни самата не верувам.
Еве како за тебе:
1.Друштвото за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО - Скопје има потреба од вработување на следните позиции:
Специјалист за маркетинг од кого се бара:
• Универзитетска диплома од економија -/маркетинг
• Работно искуство во маркетинг, група деликатес и млечни производи
• Познавање англиски јазик, говорен и пишан
• Личност во која може да се има доверба
• Способност за работа во тим е од особена важност
Доколку Ве привлекуваат предложените предизвици, Ве молиме испратете го Вашето писмо на мотивација, Вашата биографија и понова фотографија на адреса Друштво за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАККДОНИЈА ДОО - Скопје ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб, 1000 Скопје најдоцна до 06.04.2009 година.
2.Трговска фирма има потреба од 2 личности за работна позиција комерцијалист до 35 години. Информации на тел: 02 5297 796; 070 603-256. e-mail:
area_arty_mkd@yahoo.com
3.Распишува КОНКУРС за РЕГИОНАЛЕН ПРОДАЖЕН МЕНАЏЕР.
ИМАКО ВИНО има потреба од Менаџер на комерција за Југо-западниот регион. Бараме квалитетни и високо мотивирани лица со искуство, кои поседуваат организациони способости да ги планираат, координираат и контролираат продажбите за Југо-западниот регион на Македонија.
Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации :
1. ВСП – VII степен (преферирано Економски факултет)
2. Професионално искуство во продажби од минимум 3 години. (преферирано искуство во продажба на прехрамбени производи)
3. Активно познавање на англиски јазик и компјутери (Word, Excel и интернет)
4. Ориентација кон остварување продажни таргети
5. Способност за раководење со тим
6. Возачка дозвола – Б категорија
Од бараната особа очекуваме добри комуникациски, аналитички и менаџерски способности (планирање, координирање, извршување и контрола), самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата со интерес за подобрување. Дел од работните активности се следниве:
1. Раководење со тимот на дистрибутери од неговиот регион
2. Одговорен за продажбата и работата на дистрибутерите
3. Периодични теренски активности со дистрибутерите
Особата која ги исполнува горните карактеристики може да очекува солидна финансика награда за извршеното; бонуси на постигнати таргети; фирмен телефон и автомобил; целосна поддршка од членовите на комерцијалниот оддел.
Предност имаат кандидатите со место на живеење во градот Битола.
Ве молиме доставете кратко CV на
hr@imakovino.com.mk заедно со фотокопија од лична карта или пасош за идентификација.
И за ова работно место ќе треба да се јавиш и ако си љубезна да не информираш што ти кажале:smir:А потоа ќе ти го кажам моето мислење,прво види што ќе ти одговорат они:
Компанија има потреба од млади и амбициозни личности за постојано вработување со следниве квалификации:
VSS(по можност Економски Факултет - Менаџмент)
Познавање на интернет
Активно познавање на Српски и Англиски јазик (пишување, зборување)
Одлично познавање на Microsoft Office
Aдминистративно продажна работа
Почетна плата 18 400
Контакт тел: 02 3215 576
Лејди ова за тебе:
ЗА СКОПЈЕ И ПРИЛЕП
Фирма има потреба од 7 (седум) девојки за работа во продажба со презентација на производи.
Услови: ССС, комуникативност, способност за иницијатива и работа во тим. Плата 20.000 ден. Не е потребно раб. искуство.
Тел: 02 3127-257; 076 467-232.
Девојки со среќа,па пишете впечатоци