Како најлесно до работното место кое го посакуваш

Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Ова ти е баш супер идеа. Но мислам дека се скромни шансите да се најде работа преку оглас за вработување.Всушност и огласите се објавуваат кога е најдено лице кое ќе работи во соодветната компанија. Ова го кажувам од искуство и знам дека е така. Особено ова важи за банки и други финансиски институции. Прво лицето оди на обука , потоа се потпишува договор најчесто на 6 месеци а дури потоа следи огласот за вработување кога веќе се е готово.Сепак ова не е генерално и затоа секоја чест за твојата иницијатива.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова ти е баш супер идеа. Но мислам дека се скромни шансите да се најде работа преку оглас за вработување.Всушност и огласите се објавуваат кога е најдено лице кое ќе работи во соодветната компанија. Ова го кажувам од искуство и знам дека е така. Особено ова важи за банки и други финансиски институции. Прво лицето оди на обука , потоа се потпишува договор најчесто на 6 месеци а дури потоа следи огласот за вработување кога веќе се е готово.Сепак ова не е генерално и затоа секоја чест за твојата иницијатива.
Токму тоа ми е целта на темата.Ако веќе некој знае дали има на тоа работно место некој примено,да каже јавно,да не се надеваат останатите.Искрено темава ми е замислена со совети од искуство во фирмите некој полесно да го помине процесот на тестирање и интервју,или во најдобра рака да му овозможиме врска некому ако можеме.Ќе излажам ако кај нас можеш да се вработиш со свој труд на добра позиција.Секоја чест на десетината исклучоци:smir:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Не знам колку е поракава за овде, ама го добив овој емаил и зошто мене не ми врши работа, ќе го споделам:

Pocituvani

Vi se obrakame so informacija deka KOUZON VRABOTUVANJE od april 2009 godina go prosiruva svojot spektar so vrabotuvanje vo Makedonija . Nasa celna grupa ke bidat vrabotuvanjata vo Ugostitelstvoto i turizmot . Ovie granki nam ni se i najdobro poznati a i moznostite za vrabotuvanje vo Makedonija navistina se prosirija .

Vie kako grupa koja veke ima i iskustvo i zelba za rabota vo ovaa “ industrija “ sekako deka bi bile najzainteresirani .

Spektarot na vrabotuvanja ke bide za site mozni pozicii i niz objekti sirum zemjata .
Vase e samo da ni ispratite vase CV + edna fotografija .

Nie ke organzirame i rabotni sredbi so rabotodavcite , ke imame i obuki za vrabotuvanja I sekkao drugi prijatni iznenaduvanja za vas .

Ve molime ovaa informacija da ja prenesete i na drugi zainteresirani lica , dokolku stapite vo kontakt so takvi .

Ako imate prasanja , slobodno Ve molam da me kontaktirate na zoran@kouzon.com.mk

So pocit
Kouzon Employment
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде малку освежување:)
За општи работници има побарувачка,треба да сте прави,здрави и да сакате да работите:

1.ТЕ-ТЕ ПЛАСТ објавува оглас за 3 работници за работа во производство на пластика.
Сите заинтересирани може да се пријават на телефон 02/2 467 742 од 08-16 часот

Друга фирма е ова:
2.За слободно работно место
Инсталатер за телекомуникациска опрема
Потребни се 10 инсталатери на телекомуникациска опрема.
Работното место подразбира:
1. Искуство во областа на инсталации на телекомуникациска опрема.
2. Подготвеност за теренска работа.
3. Да поседува самоиницијативност и способност за воспоставување на добри меѓучовечки односи.
4. Посветеност и подготвеност за работа во дефинирани рокови.
5. Употреба на компјутер со стандардните МС Оффице програми и способност за совладување и употреба на други специјализирани програми.
Својата кратка биографија (ЦВ) и контакт телефон кандидатите треба да ја испратат на
е-маил: oglas@mail.org
Краен рок за аплицирање е 10.04.2009 година.

За келнери,шанкери,кувари по скопските кафичи и ресторани има потреба.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Јас барам работа како промотерка , некој ако знае за некоја добра маркетинг агенција нека каже :helou:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Прекрасна тема БРАВО!
Навистина тие што се од Скопје или во Скопје имаат многу поголеми шанси за вработување за разлика од другите градови низ Македонија.
Јас сум дипломиран економист (маркетинг менаџер) и можам да кажам дека еве веќе 6 месеци откако дипломирав најдов само ЕДЕН активен оглас кој одговараше на моите квалификации и најважно бараше работник БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО, тоа беше огласот некаде во јануари кога од страна на Агенцијата за државни службеници се бараше Помлад соработник за управување со човечките ресурсии на територијата на Охрид. Се пријавив но ништо, очигледно не ги исполнував нивните барања и што е уште поочигледно најверојатно стануваше збор за тие партиски вработувања во администрацијата за кои се шпекулираше зимава.
Исто така имам аплицирано во сите банки во Охрид, но засега како што кажав нема резултати, а друг избор да се вработам по струката во Охрид немам, со оглед што бројот на фирмите е 0
Исто така сум се пријавила и на некои огласи кои бараат човек со средно образование чисто информативно да видам како одат таму работите, но и од таму имам 0 одговори
Како што поминува времето се повеќе и повеќе се убедувам да дојдам и јас како другите во Скопје и таму да си ја барам среќата. Имам многу колеги кои го направија тој чекор и се вработија на оглас.

еве во контекст на темава ќе приложам еден активен оглас
објавен 25.03.2009 трае до 30.03.2009

ХЕДИС - ДООЕЛ СКОПЈЕ ИМА ПОТРЕБА ОД:
1 мрчендајзер (унапредувач на продажба) за
реонот на Охрид и Струга на определено време
од 6 месеци со ССС и
возачка дозвола од Б категорија
1 комерцијалист за реонот на Прилеп на определено време од 6 месеци и возачка дозвола
од Б категорија
ОГЛАСОТ ТРАЕ 5 ДЕНА
Кандидатите своите документи да ги достават на адреса на ул. Перо Наков бр. 60 Скопје
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ако си програмер одма ќе најдеш работа макар и да си со средно како мене :toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Девојка 1111,тешко дека ќе најдеш работа во Охрид,освен во кафичите.Затоа почни да аплицираш и за Скопје,може ќе ти се насмее среќата.Ти со твојата струка треба да аплицираш на сите места што се објавуваат а се поврзани со комерција и продажба,впрочем тоа ти е струката,по ново маркетинг менаџер или комерцијалист по старо.А вакви места има мал милион секој ден,мене никогаш не ме бивало за оваа работа,ова е единствената работа која навистина ја мразам и неможамд а ја работам,едноставно незнам да лажам или да продавам нешто во кое ни самата не верувам.
Еве како за тебе:
1.Друштвото за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО - Скопје има потреба од вработување на следните позиции:
Специјалист за маркетинг од кого се бара:
• Универзитетска диплома од економија -/маркетинг
• Работно искуство во маркетинг, група деликатес и млечни производи
• Познавање англиски јазик, говорен и пишан
• Личност во која може да се има доверба
• Способност за работа во тим е од особена важност
Доколку Ве привлекуваат предложените предизвици, Ве молиме испратете го Вашето писмо на мотивација, Вашата биографија и понова фотографија на адреса Друштво за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАККДОНИЈА ДОО - Скопје ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб, 1000 Скопје најдоцна до 06.04.2009 година.

2.Трговска фирма има потреба од 2 личности за работна позиција комерцијалист до 35 години. Информации на тел: 02 5297 796; 070 603-256. e-mail: area_arty_mkd@yahoo.com

3.Распишува КОНКУРС за РЕГИОНАЛЕН ПРОДАЖЕН МЕНАЏЕР.


ИМАКО ВИНО има потреба од Менаџер на комерција за Југо-западниот регион. Бараме квалитетни и високо мотивирани лица со искуство, кои поседуваат организациони способости да ги планираат, координираат и контролираат продажбите за Југо-западниот регион на Македонија.

Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации :
1. ВСП – VII степен (преферирано Економски факултет)
2. Професионално искуство во продажби од минимум 3 години. (преферирано искуство во продажба на прехрамбени производи)
3. Активно познавање на англиски јазик и компјутери (Word, Excel и интернет)
4. Ориентација кон остварување продажни таргети
5. Способност за раководење со тим
6. Возачка дозвола – Б категорија


Од бараната особа очекуваме добри комуникациски, аналитички и менаџерски способности (планирање, координирање, извршување и контрола), самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата со интерес за подобрување. Дел од работните активности се следниве:
1. Раководење со тимот на дистрибутери од неговиот регион
2. Одговорен за продажбата и работата на дистрибутерите
3. Периодични теренски активности со дистрибутерите
Особата која ги исполнува горните карактеристики може да очекува солидна финансика награда за извршеното; бонуси на постигнати таргети; фирмен телефон и автомобил; целосна поддршка од членовите на комерцијалниот оддел.

Предност имаат кандидатите со место на живеење во градот Битола.

Ве молиме доставете кратко CV на hr@imakovino.com.mk заедно со фотокопија од лична карта или пасош за идентификација.

И за ова работно место ќе треба да се јавиш и ако си љубезна да не информираш што ти кажале:smir:А потоа ќе ти го кажам моето мислење,прво види што ќе ти одговорат они:

Компанија има потреба од млади и амбициозни личности за постојано вработување со следниве квалификации:
VSS(по можност Економски Факултет - Менаџмент)
Познавање на интернет
Активно познавање на Српски и Англиски јазик (пишување, зборување)
Одлично познавање на Microsoft Office
Aдминистративно продажна работа
Почетна плата 18 400
Контакт тел: 02 3215 576

Лејди ова за тебе:

ЗА СКОПЈЕ И ПРИЛЕП
Фирма има потреба од 7 (седум) девојки за работа во продажба со презентација на производи.
Услови: ССС, комуникативност, способност за иницијатива и работа во тим. Плата 20.000 ден. Не е потребно раб. искуство.
Тел: 02 3127-257; 076 467-232.

Девојки со среќа,па пишете впечатоци:)
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ova vo rubrika verovali ili ne treba da odi ama vo Makedonija i se e mozno jebi ga Kosmodisk.

www.swedmilk.com.mk

JOB OPPORTUNITY
FINANCE DEPARTMENT

Соработник за човечки ресурси
Квалификации и искуство:

Дипломиран правник
Минимум 2 години работно искуство во областа на корпоративното право
Одлично познавање на англиски јазик и компјутер (MS Office)
Способност за тимска работа
Возачка дозвола Б категорија

Соработник за планирање и буџетирање
Квалификации и искуство:

ВСС - Економски факултет
Минимум 2-3 години работно искуство во областа на планирање и буџетирање
Одлично познавање на англиски јазик и компјутер (MS Office)
Способност за тимска работа
Возачка дозвола Б категорија

Сметководител
Квалификации и искуство:

ССС/ВСС - Деловна економија
Познавање на локалната законска регулатива
Одлично познавање на македонската сметководствена пракса
Добро познавање на Меѓународни Сметководствени Стандарди
Минимум 2 години работно искуство во производство
Одлично познавање на англиски јазик и компјутер (MS Office)
Способност за тимска работа
Возачка дозвола Б категорија (пожелно)

Рецепционер
Квалификации и искуство:

ССС/ВСС
Со работно искуство технички асистент
Одлично познавање на англиски јазик и компјутер (MS Office)
Способност за тимска работа
Возачка дозвола Б категорија (пожелно)

Притиснете на понудената категорија за повеќе информации


Вашите CV-ија пратете ги на:

HR-department@swedmilk.com.mk

Srekno
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Џони ова вистина е или априлили:)
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Џони ова вистина е или априлили:)
Ova e oficijalen sajt na Swedmilk ,moe mislenje e deka ne go update-vaat redovno pa ostanal oglasot od "dobrite stari vremina" ova ti idi kako koga ke vidis plakata od "Rambo II" pred gradski kina zaboravile da ja simnat pa taka sentimentalno so edno oko ke ja smeknes i ja odminuvas :)
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Во сите огласи за добри и перспективни работни места бараат барем 3 годишно искуство...
-Па добро бе кај да го стекнам тоа искуство ебате!?
Толку пари фрлив за факултет, а и сега за постдипломски...и во секој ебан оглас за пристојна работа се бара барем 3 годишно искуство, искуство кое сакам да го стекнам, а јеби га, не даваат.:)...:toe:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Лејди ова за тебе:

ЗА СКОПЈЕ И ПРИЛЕП
Фирма има потреба од 7 (седум) девојки за работа во продажба со презентација на производи.
Услови: ССС, комуникативност, способност за иницијатива и работа во тим. Плата 20.000 ден. Не е потребно раб. искуство.
Тел: 02 3127-257; 076 467-232.

Девојки со среќа,па пишете впечатоци:)
Ти благодарам на помошта но тоа не е она што барам, јас барам за во супермаркети. Ако има некој што има маркетинг агенција или што познава некој што работи во маркетинг агенција или пак ако се наоѓа некоја промотерка тука нека ми каже , затоа што за таа работа обично нема огласи.:smir:
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Leandra секоја чест за темата,но да кажам овде,имам пратено CV во околу 10 фирми кои имале оглас за вработување,и ниту една ми нема вратено никаков одговор.пратив цв и во оваа фирмава за телекомуникациска опрема и од таму ништо.сепак да кажам дека имам уште дипломска да изработам(не сум дипломиран сеуште),ама важно никој не враќа повратен одговор за апликацијата што ја поднесувам.За програмери има работа,тоа да,ама јас сум на насока телекомуникации.огласите што ги следам мислам дека се за веќе вработени луѓе (барем повеќето,а знам и лично дечки кои се вработени,и по некое време за нивното работно место ке видам оглас),и малку ме фрустрира ваквата ситуација,но тоа е.се надевам ке ни помогне темава на многу од нас,а од мене не знам што друго само ја посетувам najdirabota.com.mk,(посетете ја и вие)и се надевам дека ке најдам работа во Скопје.поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom