Земи си речник и биди упорен. Кога ќе видиш дека не знаеш некој збор одма побарај го во речникот. Пример, rechnik.on.net.mk ми е една од најпосетените страни.
После, читај колку можеш повеќе. Читај што ќе најдеш, вести, извештаи, а најмногу книги и списанија. Ако не знаеш некој збор - речникот му е мајката.
Музика и филмови. Изговорот најлесно се учи со музика. Земаш песна, бараш текст и ја пееш. Ем учиш изговор, ем брзина и течност. Рап е најдобро зашто доколку успееш да ги изговараш зборовите со исто темпо како во песната на прав пат си. Кога гледаш филмови стави си превод на англиски и внимавај на изговорот.
И оди на интернет и зборувај со луѓе. Не омегл зашто сите педофили се таму, ама има безброј форуми кај што можеш да зборуваш.