Како најлесно да го научиме англискиот јазик?

Член од
14 август 2011
Мислења
14
Поени од реакции
2
за сите оние на кои слабо му оди англискиот :)
 
K

kalimer0

Гостин
Просечен текст напишан на англиски можам да го преведам на македонски 75-80%
но не и обратно бидејќи имам проблем со англиската граматика.

Добар дел може да се научи од сурфање по интернет, филмови... А за потемелно тука се курсевите.
 

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Најлесно се учи со некој професионалец или исто така со професионалец на курс. По мое мислење тоа е најдобриот начин. А лично јас не сум одел ни на курс ни ме учел професионалец само на школо што сум учел а го знам добро за мојата возраст Англискиот. Имам мали грешки во спелингот ама е разбирливо тоа што сакам да го кажам.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.019
Поени од реакции
2.059
Оди на школо , не бегај од часови :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Според мене,англискиот како и секој друг јазик се учи од два аспекти:вокабулар и граматика.
Вокабуларот се учи со целосно опкружување со англискиот јазик.Значи од музика, телевизија, гледање филмови со англиски субтитл, читање артикли и текстови на англиски на интернет,користење на англиско мени на мобилниот и др.
Граматиката, може да се научи и од претходната точка,но сепак најдобро е учење од книга било тоа да е на курс или на училиште.
Допишување со некого е исто така во ред,но доколку особата знае добро англиски,значи да не е некој кој знае англиски колку да се разбере.
Клучот е во целосно опкружување со англискиот јазик.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
За почеток научи ги најосновните зборови за комуникација и обиди се да бидеш почесто опкружен со англискиот јазик.Читај новосто од страни на англиски јазик, зачлени се на некој форум каде што се збори на англиски јазик доколку си во можност разговарај со некој на англиски јазик.После некое време, кога ке се чуствуваш дека го знаеш англискиот започни да гледаш филмови без превод, немора секој кажан збор да го преведуваш, доволно е да сваќаш шо се случува а сваќањето да не биде базиран само на тоа што си го видел, туку и на тоа што си го слушнал.Доколку одиш на училиште потруди се да бидеш внимателен на часовите по англиски јазик и по можност дигај рака кога треба нешто да се чита, можеби ке згрешиш но еднаш згрешено, засекогаш научено.Со тоа би можел да го научиш донекаде англискиот но за навистина добро да го знаеш ке ти е потребна професионална помош.Јас лично никогаш не сум одел на некој курс по англиски јазик, се што знам сум научил од компјутер и од часовите на училиште но сето тоа си има свои мани, јас можам да се разберам со сите, да пишувам и да говорам но кога станува збор за граматика тука стојам многу лошо со работите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom