Ја не сум уопште збунка, и еве, да не рече Чорбаџија, претерувам. Еве го имејлот од братучед ми.
Шо праиш бе братучед, еве со ХХХ (жената на братучед ми), ХХХ (баџанак му) си седиме на тараса и ја сефтосуеме годинешнава комова. Огин и пламен е. Снемав бензин некња и сипав у резервар, и еве уште возам на комова. Него, това шо ти распраав за ЈНА е све де факат истина. У това време беше јавна тајна дека ЈНА (поточно КОС – Контра Обавештајната Служба) обучаваше специјални религиски единици за борба против внатрешниот непријател (СРЕБВН). У нив членуева попои (православци и римокатолици) и бева страф и трепет за непостачи. Не гањава дење-ноќе што со намирисуење на здив, што со детектори, што со дресирани кучиња. Мене ме имаат заглаено неколку пути у бувара збок доручкуење сланина, виршли, или посебна салама. Оваа задњава не е ни месо, али на кого да му објаснуеш. Среќа имаше едни двојца фер дечки (од недоминациската црква на Ногоопрани) што стално ги кршева катанците од бувара и беспари ни даваа книги за правата вистина и ни викава да не остааме пари, зејтин, пешкири или чарапи у црква на попоите. Ни кажуева како у нивната неденоминација не се фаќа пара у рука никако -- само чекои. По отслужуење војни рок, ја им приступив (тогаш бева регистрирани под име Секој Апсолвент) и од тогаш банка не сум остаил у црква. Овде идеме на предавања, организираме трибини и стално путуеме негде по семинари (пун пансион, све платено). Дојди некат коа имаш време, ќе ти се свиѓа, слушај ми го зборот.
Поздрав,
ХХХ (братучед ми)