Како и зошто престанавте да верувате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Еден постар пријател ми кажуваше дека порано кога бил у војска, у време на ЈНА, попот доаѓал у петок и им ги душкал здивовите на војниците да види кој не постел. И ако фател некој што на попот му се мириснало дека овој јадел, одма следувало казна за војникот што не постел.
Кој знае колку војници престанале да веруваат заради тој поп. Која иронија човече. А и пародија да речеш, нема да згрешиш.

А шо барал поп у ЈНА, кога религијата беше потисната у цела СФРЈ, а посебно у војската и у милицијата?

А шо праеја протестантите у ЈНА? Одбиваа да носат оружје, оти имале „...приговор на совеста...„? :confused:

Или оти така им дошепнал пасторот?...:sneaky:

Која пародија чоече!...:)

И сеа, протестант, кој одбива да носи оружје а кој се колне у Библијата, како ќе ја почитува библиската одредба дека нема власт која од Бога не е дадена?...:sneaky:
 
Еден постар пријател ми кажуваше дека порано кога бил у војска, у време на ЈНА, попот доаѓал у петок и им ги душкал здивовите на војниците да види кој не постел. И ако фател некој што на попот му се мириснало дека овој јадел, одма следувало казна за војникот што не постел.
Кој знае колку војници престанале да веруваат заради тој поп. Која иронија човече. А и пародија да речеш, нема да згрешиш.

me zezas? na vremeto pop vo vojska bilo isto kako gjavol vo crkva da vleze a ne pak da gi duska tamu.
 
Еден постар пријател ми кажуваше дека порано кога бил у војска, у време на ЈНА, попот доаѓал у петок и им ги душкал здивовите на војниците да види кој не постел. И ако фател некој што на попот му се мириснало дека овој јадел, одма следувало казна за војникот што не постел.
Кој знае колку војници престанале да веруваат заради тој поп. Која иронија човече. А и пародија да речеш, нема да згрешиш.
ма немој,во војска ќе постиш и ќе извршуваш задачи,браво за твојот пријател и твојот ум
 
Или беше у војска, или у школо, не се сеќавам одамна ми го праеше муабетов. Битно се сеќавам за душкањето и казните за тие што не постеле. Веројатно вечер ќе го видам па ќе го потпрашам и ќе ви кажам најпрецизно.
--- надополнето: 3 април 2013 во 12:22 ---
И сеа, протестант, кој одбива да носи оружје а кој се колне у Библијата, како ќе ја почитува библиската одредба дека нема власт која од Бога не е дадена?...:sneaky:

Ептен си дезинформиран. Од сите стотици протестанти што ги знам, само еден знам што одбил војска заради тоа што не сакал да учествува во воена служба. Јеховините сведоци се тие што имаат верско убедување дека христијанин не треба да учествува во воена служба, но исто така не сум сретнал сериозен човек што нив ги вбројува во протестанти. Али толку ти е и тебе знаењето, сè што не е православно или католичко, протестантско е :D Верска неписменост.
 
Ептен си дезинформиран. .

Признавам! Самиот служев воен рок во ЈНА и навистина неам појма што таму се случуеше...:D
--- надополнето: 3 април 2013 во 13:52 ---
Од сите стотици протестанти што ги знам, само еден знам што одбил војска заради тоа што не сакал да учествува во воена служба.

Нит споменав воена вежба, нит одбивање воен рок! Се работеше за случаи кои служеа воен рок, а одбиваа да носат оружје!

И не ми подметнуј...
--- надополнето: 3 април 2013 во 13:53 ---
Јеховините сведоци се тие што имаат верско убедување дека христијанин не треба да учествува во воена служба, но исто така не сум сретнал сериозен човек што нив ги вбројува во протестанти.

Секако...„Јеховистите„ не Го ни признаваат Христа за Бог! Така?...:sneaky:...Што значи дека не се христијани.
--- надополнето: 3 април 2013 во 13:55 ---
Али толку ти е и тебе знаењето, сè што не е православно или католичко, протестантско е :D Верска неписменост.

А протестантизмот пак, произлезе од Папизмот, а „јеховистите„ и сите слични „...исти„ произлегоа од протестантизмот!

Но, како што рече и самиот: толку Ти е писменоста!...:D
 
Сметам дека најголемиот дел од луѓето што се означуваат како атеисти постепено го имаат изградено тој став и тоа размислување, тешко дека некој преку ноќ "одлучува" дека не верува. Атеизмот е во исто време и многу битна особина, но и само еден одговор на едно прашање - Веруваш во тоа и тоа? - Не. Тоа е атеизмот. Поинтересни се произлезните размислувања кои следствено доаѓаат по ослободувањето од догмата, тогаш човек вистински ја развива личната филозофија за светот и животот. Али ајде он-топик, првата книга која ја добив на поклон од татко ми беше енциклопедија за млади за предисторијата. Ден денеска ми текнува колку време поминав со книгата и сликите во неа, на 4-5 годинки не ја испуштав од раце и ги напнував моите со прашања, така всушност дојдов во контакт со Биг Бенгот, настанокот на Земјата и нејзиниот изглед денес, теоријата на еволуцијата итн. Во прво оделение кога не прашуваа што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме се сеќавам кажував палеонтолог.:) Учителката врска немаше што е тоа.:ROFLMAO: Кога ќе се навратам со паметот назад морници ме лазат кога ќе помислам кој би бил денеска ако место таа енциклопедија ми врачеле библија или коран... се вадам од памет. Ете една книга колку може да промени. Моите и не ги памтам да биле нешто побожни, татко ми секогаш сум го гледал како натуралист и деист, мајка ми е од оние лајт-христијани и тоа во последно време откога ни починаа неколку драги роднини едно по друго, така да сега е малку потресена и бара дополнителна утеха во тоа. Само традиционално сме учевствувале во склоп на најголемите празници и никогаш не се зборувало за тоа по дома, а кога се декларирав како атеист некаде во 1ва година средно (отприлика тогаш го дознав и поимот и станав филозоф :P) никој ништо не ми спомна.
 
Еден постар пријател ми кажуваше дека порано кога бил у војска, у време на ЈНА, попот доаѓал у петок и им ги душкал здивовите на војниците да види кој не постел. И ако фател некој што на попот му се мириснало дека овој јадел, одма следувало казна за војникот што не постел.
Кој знае колку војници престанале да веруваат заради тој поп. Која иронија човече. А и пародија да речеш, нема да згрешиш.
Каква пародија бе, ова е све тачно. Братучед ми кажуеше кога бил у ЈНА дека стварно имало свештеници (православни и римокатлици) кои не само што ноќе њушеле у уста, него и дење шетале со џепни детектори за масна храна (липодетектори). Во Цариградската Патријаршија уште има такви што се користат и ден денес. Ваквите попови (со поддршка на ЈНА) ги манијачеле војниците што јаделе сланина за доручек. После тоа ги цинкале кај офицерите за да ги пратат у бувара (дневен затвор) каде ги измачувале непослушните постачи со тешка физичка работа и војно-тактички предавања. Али имало и прави верници (некои од нив биле пастори а некои непастеризирани) кои ноќе, под страшен ризик, ги ослобаѓале неправедно затворените и им раскажувале за верата, науката, и уопште смислата на животот со што ги приведуеле у прегратките на правата вера. Постојат документирани сведоштва како цели касарни биле конвертирани у права вера по заслуга на овие храбри момци.
 
..или поточно кажано: една од многуте причини, со кои го оправдуваат своето неверие...
Матеј 10
8. Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.
9. Не набавувајте ни злато, ни сребро, ниту бакар во вашите појаси;
 
...и сеа, очекуј дупли „лајк„ од Чорбаџија...:icon_lol:
 
Знам дека баба ми многу сакаше за поп да сум учел, демек богат и угледен да сум бил. Ама уште од дете се виде дека не ме бива за таа работа, а и не ми беше интересно. И после со ука наука почнав да се занимавам и скроз баталив тие работи вери религии.
 
Ак мојш со ука вавки пари да прајш. ногу арно, ама не ми се вервит.
taksenik-jpg.61461
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom