Ќе да ти е рокнат компјутерот
Нема логика бре. У лер колата ти работи колку да не е изгасена, онака, само си работи. Дали ти стои упалена на тротоар, дали ја пушташ по удолница со 100 на саат, исто (не) троши.
Vlatko е во право.
Кога кочиш моторно, во моторот не влегува воопшто гориво - ECU-то детектира вртежи и проток на ваздух без претходна команда од папучата за гас, заклучува „аха, овој моторно кочи или вози по удолница“ и комплетно го исклучува доводот на гориво. Моторот брчи, но ниту една единствена капка гориво не се троши.
Од друга страна, кога си во лер, малку гориво сепак се троши за да се врти моторот.
Значи, кога се кочи моторно не се троши ич гориво, а кога се кочи без мотор се троши малку гориво, кочниците се трошат беспотребно, а и безбедноста е помала (освен ако немаш ABS).
Старото шоферско правило дека секогаш треба да кочиш моторно кога можеш важи и во денешно време - дури и повеќе од порано.
Провери во кој распон твоето ауто ја развива кривата на вртежен момент и вртежите на моторот и труди се да ги одржуваш во тој распон.
Ех сеа... „Крива на вртежен момент“ аутото развива на сите вртежи. Она што го бараш се вртежите во кои аутото развива
најголем вртежен момент, но ова важи за дизели и е некаде малку под 2000 вртежи. Кај бензинците ова не важи, бидејќи тие максималниот вртлив момент го развиваат многу, многу високо во вртежите (над 4000), а сигурно не е најекономично така да се вози.
На крај доаѓаме до: кочи моторно, не забрзувај нагло без потреба и мењај брзина на околу 2000 (дизел) односно 3000 (бензин) рпм, гумите редовно проверувај ги и држи се до пропишаниот притисок, а не заборавај од-време-на-време да ги балансираш тркалата (околу 500 денари чини).