Како е подобро, повисок пренос помалце вртежи или понизок пренос повеќе вртежи?

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Од кога скокна цената на бензините автомобилот (кој е бензинец) го возам најчесто на 1500-2000 вртежи зошто помалце ми троши. Дали е добро тоа за моторот или може да настанат оштетувања (ако да, што може да се оштети)?

Како е најдобро да се вози?
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Шо знам, сум чул дека подобро било да се вози во повисока брзина, тогаш моторот нема толкава снага и нема потреба од повеќе гориво. Но, ова само сум чул, па можете и да ми го занемарите мислењево :)
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Иако автомобилот ќе потроши помалку гориво во четвртиот степен на пренос при 1500 вртежи отколку во третиот степен на 2500, сепак се препорачува држењето на мерачот на вртежи кај дизелашите да има вредности околу 2000 и за бензинците околу 3000. Возењето во поголем пренос при пониски вртежи ќе ја намали потрошувачката и до 10%, но исто така долгорочно му штети на моторот. Провери во кој распон твоето ауто ја развива кривата на вртежен момент и вртежите на моторот и труди се да ги одржуваш во тој распон.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Abe dizeltie vozete gi na 2.000 obrtai, a benzincite na okolu 3.000 i ke nemate gajle vo vrska so izdrzlivosta. A za da vi se namali potrosuvackata koristete motorno kocenje, ne ja stavajte kolata vo ler koga vozite.
 
Член од
13 јуни 2007
Мислења
206
Поени од реакции
15

добро бе торко.. од кој научен аспект ова го тврдиш.. ако кочиш моторно, моторот враќа бензин или нешто... страшно...

пример се качвиш на стража.. идаш за накај охрид.. и ја ставаш во лер бате и цепаш ... а ти би направил во ситуацјава.. држи ја колата под гас, и кочи моторно!.. и според тебе ќе потроши помалку...:tapp: лол
 
Ah be kelesh eden...:tapp:
ako imas bord kompjuter u kola i ti pokazuva momentalna potrosuvacka vidi kolku ti trosi vo ler a kolku ako ti ostane vo brzina, na primer kako sto rece se spustas od straza za nakaj ohrid. Koga e vo ler varira od 1-3 litra a vo brzina koga e bez gas bez nisto 0
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Ah be kelesh eden...:tapp:
ako imas bord kompjuter u kola i ti pokazuva momentalna potrosuvacka vidi kolku ti trosi vo ler a kolku ako ti ostane vo brzina, na primer kako sto rece se spustas od straza za nakaj ohrid. Koga e vo ler varira od 1-3 litra a vo brzina koga e bez gas bez nisto 0
Ќе да ти е рокнат компјутерот :)

Нема логика бре. У лер колата ти работи колку да не е изгасена, онака, само си работи. Дали ти стои упалена на тротоар, дали ја пушташ по удолница со 100 на саат, исто (не) троши.
 
Ептен

Џомба
Член од
30 јуни 2006
Мислења
97

Vlatko е во право.

Кога кочиш моторно, во моторот не влегува воопшто гориво - ECU-то детектира вртежи и проток на ваздух без претходна команда од папучата за гас, заклучува „аха, овој моторно кочи или вози по удолница“ и комплетно го исклучува доводот на гориво. Моторот брчи, но ниту една единствена капка гориво не се троши.

Од друга страна, кога си во лер, малку гориво сепак се троши за да се врти моторот.

Значи, кога се кочи моторно не се троши ич гориво, а кога се кочи без мотор се троши малку гориво, кочниците се трошат беспотребно, а и безбедноста е помала (освен ако немаш ABS).

Старото шоферско правило дека секогаш треба да кочиш моторно кога можеш важи и во денешно време - дури и повеќе од порано.

Провери во кој распон твоето ауто ја развива кривата на вртежен момент и вртежите на моторот и труди се да ги одржуваш во тој распон.
Ех сеа... „Крива на вртежен момент“ аутото развива на сите вртежи. Она што го бараш се вртежите во кои аутото развива најголем вртежен момент, но ова важи за дизели и е некаде малку под 2000 вртежи. Кај бензинците ова не важи, бидејќи тие максималниот вртлив момент го развиваат многу, многу високо во вртежите (над 4000), а сигурно не е најекономично така да се вози.

На крај доаѓаме до: кочи моторно, не забрзувај нагло без потреба и мењај брзина на околу 2000 (дизел) односно 3000 (бензин) рпм, гумите редовно проверувај ги и држи се до пропишаниот притисок, а не заборавај од-време-на-време да ги балансираш тркалата (околу 500 денари чини).
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Ah be kelesh eden...:tapp:
ako imas bord kompjuter u kola i ti pokazuva momentalna potrosuvacka vidi kolku ti trosi vo ler a kolku ako ti ostane vo brzina, na primer kako sto rece se spustas od straza za nakaj ohrid. Koga e vo ler varira od 1-3 litra a vo brzina koga e bez gas bez nisto 0
tocno .. koga e vo brzina motorot raboti ama raboti pod inercija na dvizenje a isto kako da e izgasen.Razlikata koja sto ja imam oseteno e vkupno 4 litri na idenje i vrakjanje
@Vlatko ako imas francusko vozilo deginitivno nema utka so potrosnjata zatoa sto 5 godini drzat preciznost pred germanskite pa japonskite vozila
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246

Дечки пошто оваа област ми е во струка би сакал малце поконкретно да прикажам со дијаграм.
Како што се гледа црвената линија е снагата(моќноста), колку таа расте толку потрошувачката(сино) е поголема. Меѓутоа од дијаграмот може да се забележи дека најмала потрошувачка се остварува на местото каде што се сечат кривите за моќност и вртежен момент. На тоа место вртежниот момент е максимален, и токму тогаш моторот има најголема еластичност а притоа и остварува најмала потрошувачка
 
Ептен

Џомба
Член од
30 јуни 2006
Мислења
97
Поени од реакции
15
оваа област ми е во струка

1. Кривите за момент и снага на твојот график не се сечат во најголемиот вртлив момент, туку едно 1000 вртежи подоле, ама ништо од тоа нема врска затоа што

2. Каде ќе се сечат графиците зависи само од размерот на оските за W и Nm на координатниот систем. Со оглед дека се работи за две различни физички величини кои не се линеарни функции една на друга, тој размер е арбитрарен, т.е. за него одлучува авторот на графикот. Се знае за даден мотор на колку вртежи има најголем момент, нема везе каде се сечеле некои си таму графици.

3. Ако приметуваш на твојот график, меѓу 1000 и 3000 вртежи специфичната потрошувачка е мање-више иста, т.е. не се разликува значително. Но, максималниот вртлив момент (графикот е очигледно од некој бензинец) се постигнува прилично над оваа „зона“ на минимална потрошувачка. Патем, токму поради ова бензинците трошат секогаш повеќе од дизелашите.
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Добро во мојот текст не наведов дека секогаш е таму каде што се сечат кривите, туку во дадениот график тоа е случајот, чисто ради приказ, а во врска со максималниот вртежен момент, модерниве бензинци го постигнуваат и многу порано од 4000 вртежи и не е само во една точка туку се протега на пример од 2000 до 4000 вртежи во минута. А главна причина зошто дизелите трошат помалку е тоа што работат со посиромашна смеса гориво-воздух, во однос на ото моторите
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Муабетот ми беше дали е штетно за моторот ако се вози на помали вртежи, секако дека на поголеми се добива поголема еластичност и максимална искористеност на моторот но потрошувачката може дури и двојно да се зголеми што за наши услови економски е неисплатливо, но при помали вртежи може на краток рок да се заштедат пари но на долг рок да се оштети трајно моторот. Прашањето ми е дали е тоа точно?
 
Па може да се каже така, значи не смее да се оди во крајности со вртежите, сепак со мал број на вртежи се мачи машината, најдобро е да се вози умерено, без нагли турирања или кочења.
 
Ептен

Џомба
Член од
30 јуни 2006
Мислења
97
Поени од реакции
15
Муабетот ми беше дали е штетно за моторот ако се вози на помали вртежи, секако дека на поголеми се добива поголема еластичност и максимална искористеност на моторот но потрошувачката може дури и двојно да се зголеми што за наши услови економски е неисплатливо, но при помали вртежи може на краток рок да се заштедат пари но на долг рок да се оштети трајно моторот. Прашањето ми е дали е тоа точно?
Зависи дали е дизел или бензин. Бензинец не сака да биде вртен на многу мали вртежи - моментот му е многу мал (има моќ на прдеж) а во цилиндрите се создаваат многу големи притисоци. Така да ова горе што го велиш е точно - за бензинец.

Кај дизелите, поради многу поголемата компресија, моторот е во старт предвиден за огромни притисоци во цилиндрите, поцврст и помасивен е, така што кај дизелашите не е проблем да се возат во ниски вртежи. Покрај тоа што потрошувачката е помала, се штедат и инјекторите кои се најчувствителните делови на дизел моторот. Само не треба ни тука ептен да се претерува бидејќи колку се помали вртежите толку поголем момент треба за иста снага да се постигне, па после подолго време такво возење може да страда менувачот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom