Како друштвото влијае на бракот?

Член од
26 април 2018
Мислења
170
Поени од реакции
105
Си заминав. Скоро месец дена како не сум во таа куќа и одлично се чувствувам.
Колку често го гледам овој проблем, неверојатно нешто. Се' супер додека се во врска, стапуваат во брак, се раѓа дете и како тогаш да му текнува на мажите во што се впуштиле и одма повлекување од терен.

Комуникација и искреност. Тоа е најголемиот проблем во овие приказни. Но воопшто не е едноставен. Мажите се под притисок да се однесуваат како 'мажи', да не покажуваат чувства, да решаваат проблеми со игнорирање, да не се отвораат пред други итн. Многу е жално што општеството го рачуна емотивното изразување на мажите како маана. Не е маана, доблест е. Посебно во брак. Одлучуваш да поделиш се' со една личност. Во тоа не спаѓа само дом за живеење, имате деца заедно.... огромен дел има нивото на интимност кај партнерите. Сега, постојат и такви кои никогаш нема да се сменат и цел живот ќе останат емотивно незрели, но има многумина, кои можат да се 'модифицираат'. За тоа пак треба многу упорност и работа од двете страни, и постојан разговор за сите нивни случки, чувства, желби и потреби.

Бракот не е како врската. И да се гледате секој ден во врска, тоа сепак е површно, бидејќи е неколку саати и е во слободно време и се' е ориентирано кон добар помин. Во брак, или заедно живеење, се е поинаку. Повеќе не е само: Ќе се видиме на 3-4 саати. ќе пиеме, ќе се шетаме, ќе имаме секс; туку делиш се, цел ден, сите обврски во домот, сметки, редовни случувања, проблеми, го гледаш партнерот во најразлични ситуации кои предходно не си ни знаел/а дека постоеле.

Да не зборуваме за кога ќе дојде на свет дете. Детето, посебно првите 3-4 години, е 24/7 работа. Нема: ми се смачи, па денес ќе го игнорирам и ќе го оставам гладно, помочано, да плаче. Е сега, многу мажи, па и жени, сметаат дека детето е обврска само на мајката. Епа не е. Ниту сама го зачнала, ниту сама може да постигне се'. За здрав развој на детето, мајката мора да биде одморена и расположена, најмногу што може. За здрав развој на детето, потребно е двајцата родители да бидат присутни во неговиот живот. Тоа дете го учи моделот за брак и улогите во него, односот меѓу мажот и жената од своите родители. Тие се први пред фронтот наречен 'Свет'. Ниту треба цела одговорност да е на мајката, ни може, и таткото мора да преземе дел и учество во животот на детето.

@JustDe , предложи му брачно советувалиште, или прочитај му некој пост што 'ќе ти фати за око' или некоја статија од интернет, или книга.
Ти посакувам многу среќа и тебе, и на бебенцето, и на твојот сопруг, без разлика како ќе заврши оваа приказна, само на крај, сите да бидете задоволни од одлуката.
Поздрав и се најдобро :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
35
Поени од реакции
61
Сосема случајно се уклучив на форумот после толку време, и речиси голем дел од последните коментари не сум ги прочитала.. Читам сега, не се навредив воопшто, можеби тогаш би се навредила.. Сепак мислам дека не сум за на психијатар :D.. Инаку, помина една година од кога живеам сама, малата оди во градинка, јас одам на работа.. Горе доле работите си се редат :) разводот е во процес, за некој ден следи 2 рочиште и се надевам последно. Господинот има друга жена, која сигурно постоела од предходно и била причината за сево ова.. :) фала на сите за советите, какви и да беа, и се надевам дека никогаш повеќе нема да ми требаат :LOL:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Сосема случајно се уклучив на форумот после толку време, и речиси голем дел од последните коментари не сум ги прочитала.. Читам сега, не се навредив воопшто, можеби тогаш би се навредила.. Сепак мислам дека не сум за на психијатар :D.. Инаку, помина една година од кога живеам сама, малата оди во градинка, јас одам на работа.. Горе доле работите си се редат :) разводот е во процес, за некој ден следи 2 рочиште и се надевам последно. Господинот има друга жена, која сигурно постоела од предходно и била причината за сево ова.. :) фала на сите за советите, какви и да беа, и се надевам дека никогаш повеќе нема да ми требаат :LOL:
Му собра дел од имотот? Алиментација ќе плаќа?:gjavol:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Хахах, алиментација сигурно ќе плаќа, само не се знае сеуште колку :) а имотот нека си го задржи :icon_mrgr:
Сигурно е клошар па нема што да му земеш :D
Со македонски закони најпрофитабилен бизнис за жена е брак и деца. А има многу овни за стрижење...така да тој бизнис цвета кај денешните жени.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Хахах, алиментација сигурно ќе плаќа, само не се знае сеуште колку :) а имотот нека си го задржи :icon_mrgr:
Ќе се усреќиш со 3 4 илјади, а сте му ебале детството на детето, пошто и двајцата сте криви, што и да се дешавало. Не те читав, зашто приказната има 2 страни. Но, здраво и среќно дете расте со 2 родители, а вие тоа право му го одзедовте.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Зошто му го сјебале детството? Не може растат деца со еден родител? Не е ни прво ни последно.
Подобро за детето што со мајката е настрана од таа куќа и од таков татко кој го има само на документ.

И пак не било до друштвото, него си имал другарка. Ебати мажот прво сака дете со кое ќе се врзи за неа, после не ги чува, а не сака развод и на крај трча по друга. Може мисли дека тоа е играчка.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Зошто му го сјебале детството? Не може растат деца со еден родител? Не е ни прво ни последно.
Подобро за детето што со мајката е настрана од таа куќа и од таков татко кој го има само на документ.

И пак не било до друштвото, него си имал другарка. Ебати мажот прво сака дете со кое ќе се врзи за неа, после не ги чува, а не сака развод и на крај трча по друга. Може мисли дека тоа е играчка.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Види, подобро е да расте со еден родител отколку во дисфункционално семејство, факт. Како што е факт дека здрава нормална средина за едно дете се двајца родители. Исто така, факт е дека госпоѓата може да пишува што сака, ама тоа не значи дека е така, приказната има две страни. Да, кај нас е општествено прифатливо дека ако бракот не чини, тогаш мажот е крив. Тоа е тој квазифеминизам кој се наметна како стандард во општеството. Она за што јас замерам, е што не секој треба да има право да биде родител а и наметнувањето дека бракот е неопходен. Подобро живеј сам и не влагај во брак отколку да сакатиш туѓи судбини, во овој случај на детето. Децата растени со еден родител имаат проблеми, и тие проблеми носат последици, не секогаш но најчесто. Имено јас потекнувам од семејство кое цел живот имало меѓусебни проблеми и кои после 27 години брак решиле да се разделат. Денес јас имам брачни проблеми и се сметам дека не сум тип за брак, мислам дека не сум далеку од вистината. Тоа е моето искуство и врз основа на тоа ги темелам своите ставови.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не мора да значи. Јас сум растен со еден родител па немам никакви проблеми, а тоа ме научи дека жена ми и децата треба го имаат тоа што што јас и мајка ми го немавме.

За разлика од мене мои другари со кои заедно растевме имаа со двајца родители со високи примања и беа задоволени со се и сешто и еве ги денес кој има депресија, кој големи проблеми во бракот, немаат стабилна работа, немаат свој дом итн.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Баш ми е мило искрено, јас имам друг впечаток, дека ти си исклучок од тоа обично како стојат работите, а не правило. Дај боже се најубаво да те прати во бракот.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Ќе се усреќиш со 3 4 илјади, а сте му ебале детството на детето, пошто и двајцата сте криви, што и да се дешавало. Не те читав, зашто приказната има 2 страни. Но, здраво и среќно дете расте со 2 родители, а вие тоа право му го одзедовте.
На еден другар бившата му зима по 10000 денари месечно плус му зема 30000 евра заеднички имот. Плус и дете...незнам зошто уопште се во брак жените многу се исплати развод. Плус може пак да стапи во брак и да собира пари од нов маж.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Абе некои мажи како да се од вчера. Ке дојде некоја на форум, ке си ја каже нејзината приказна која у 90 % од случаевите е далеко од вистината и одма ја бранат, судат некој X непознат маж.
@Solaire of Astora кажа голема вистина. Не секој е за брак, поготово у овоа денешно модерно време у кое човечноста е скоро на нула, вредностите се буквално турли ѓувеч. Ама 90 % од луѓето стапуваат у брак ради реда и оти им нема смисла живото без брак.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Може и таа е виновна за таквото однесување ние не знаеме, му станала одбивна и гледал да е што подалеку од неа.

Мислам дека во поголем дел од ваквите случаеви мажите се криви и повеќе тие напуштаат, не се грижат за децата и ги оставаат на мајката.
Не дека не си ги сакаат децата, ама тоа и е преголема обврска и полесно ќе се откажат од нив, ќе ги гледаат само за викенд и ќе плаќаат, отколку да се научат на таков живот со секојдневни обврски.

Кафана до 6 сабајле? Каква кафана бе, а имаш мало дете? Прво сакаш дете, а после ааа не можам да го чувам. Комшија моја генерација има две деца го гледам по слики и до сабајле скита со 10 години помали од него.
Јас не викам да се седи дома и да си легнува во 9, ама тоа излегување да не е секоја втора вечер до сабајле. И што ќе научат децата од таткото?

Денешните скоро 80-90% не се за во брак ни машки ни женски и ради реда влегуваат во него, а уште помалку за деца. До вчера со еден утре со друг и одма брак, само за да не останат сами. Каква е таа љубов бе?

Да се потсетиме и каде живеат, а тоа е околина кој прави притисок ако немаш формирано фамилија до 30-35 години и автоматски си отфрлен од сите околу тебе и ти се исмеваат ако си сам.

Сметаат дека си неспособен да најдеш нешто, а си личност која не прифаќа се и сешто или не си за живот во заедница. Помалку вредиш и те споредуваат со сите што имаат фамилија, а тоа што тие имаат лош брак, зеле погрешна личност и живеат мизерно тоа не е важно.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Зошто му го сјебале детството? Не може растат деца со еден родител? Не е ни прво ни последно.
Подобро за детето што со мајката е настрана од таа куќа и од таков татко кој го има само на документ.

И пак не било до друштвото, него си имал другарка. Ебати мажот прво сака дете со кое ќе се врзи за неа, после не ги чува, а не сака развод и на крај трча по друга. Може мисли дека тоа е играчка.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Што е битен мажот, на жена да и прдне било што нашиве судики веднаш даваат развод и старателство. Ептен треба жената да е глупа, психички болна со тапија или наркоманка (99/100 нема да биде) и му собира дете и пари на мажот. Секоја жена е мотивирана да се разведе законски, такви ни се законите за семејството и судството. Крива не крива законски речиси секогаш е во право. Џабе морализирање...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
5 март 2018
Мислења
35
Поени од реакции
61
Нормално дека секоја приказна има две страни. Меѓутоа мислам дека секако е подобро вака за детето бидејќи не трпи секојдневно кавги и слично, и онака го гледала по пола саат, саат, и кога сме биле заедно така да не се променило многу. Секако испадна дека причината е неверство, и девојката ја запознал во кафаната во која излегуваше. Алиментација... Нормално дека нема да ми сменат ништо неговите 3,4 илјади, јас цела година ја издржувам сама без ниту денар од него. Но тоа е негова обврска кон детето. Јас и сега кога потпишав дека може да ја гледа кога сака колку сака, тој еве 2 месеци не ја побарал ниту прашал како е што е. Јас можам само да дадам се од себе за неа ништо да не и фали, а да натерам некој со сила да се грижи за сопственото дете неможам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Kajgana Shop

На врв Bottom